Мене ептен ми се слатки овие кученца душички,ама и слатка им е цената некако . Еве некои сликички кои што ме стопија [http://sphotos-d.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-prn1/20312_430611253671050_1197145092_n.jpg/img] [img]http://sphotos-b.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash3/556681_430611013671074_106081825_n.jpg
да јас ова озбилно девојченце јас убаво ја прочитав темата земете слики од Бу и од дотичното куче од дотичната на 2 страна и видете ја разликата во кученцата не е голема но има разлика и покрај тоа што е Бу шишано јас не напишав дека се разбирам во расата реков дека кучето од дотичната незнам што е ама Бу сигурно не е или нека го ишиша како бу па да убеди ти ако ме цитираш не се пофторвај туку остави коментар со факти мила
Абе девојче па се гледа од авион дека е раса како Бу, како прво не е Бу, туку е Померанец, а Бу е името на кученцето. Бар јас така ја знам приказната од нет, и да ова куче е Померанец, седни прогуглај ако не друго па види како изгледа оваа раса па ќе видиш. Не знам како можеше да не сфатиш, а и друга феминка после тоа ти покажа слики да се увериш, твое е ако не сакаш да веруваш, ако не не мора.
Сега е ладно за да се шиша како Бу. Кога ќе биде на пролет и тоа, ке ти пуштам слика. А, има разлика со другите слики затоа што најчесто се ставани мали кученца, а менуваат после кога растат
Леси, Бу, Бетовен итн се само познати кученца. Леси си е шкотски овчар, Бетовен си е бернадинец, Бу си е померианец. Ги знам сите овие работи арно ама секогаш кога ќе видам шкотски овчар си викам еееее ене Леси. Ете што ни прават филмовите или во случајов и темава интернетот. Секое померианче го викаме Бу Бу си е померианец шишан. И сите овие на сликиве можат да се слични на БУ ако се ишишаат. Meне слатки ми се, ама јас не сакам мали раси така да никогаш ни 10 евра не би дала за ова куче, а камо ли 1000
извини ама овие кученца што се оргинал Бу не растат таков им е растот мал јасно ми е дека Бу не е раса туку некое име кое му го ставиле на куценцето јас велам дека твоето куче кое го стави белото дека не е од расата на која што припаѓа бу разликата се гледа од авион во Шведска го имам видено оргиналот Бу во живо и неможе некој да ми каже дека тоа е исто како ова белото ти што го имаш ставено тоа ми е муабетот а знам и дека има кучиња кој се исти потполно во главчето како Бу ама се со голем раст такво куче имам една девојка овде во Битола...
eve ti link kako Boo stanal slaven (ako razbiras angliski): http://wavegirl22.hubpages.com/hub/Intr ... -the-World eve del od linkot: What Kind of Dog is Boo Boo is a teacup Pomeranian with a teddy bear pom cut. When it comes down to it , the cutest dog Boo is just a small toy dog breed some also refer to as a miniature Pomeranian.Teacup Pomeranian dogs have a compact body and a plumed upright tail. This breed of dogs originated in Germany. They are very intelligent and good at learning tricks. Pomeranian are very affectionate, loyal, devoted and adaptable dog. And Boo is not only all of that he has the smarts most owners wish their dog had. What other dog do you know that landed his own book deal! I te moolam nemoj da i na Boo sopstvenickata da i kazes deka ne cuva pomeranec nemora da bide se kako sto ti kje kazes zs ima drugi luge na svetov
i toa kuce vo bitola e akita inu i tie se retki vo mkd golemi se spagjaat vo grupata na spicovi kako haskite ,malamutite ,pomerancite,samoedite i mn drugi spagaat vo V FCI grupa(ako znaes voopsto sto e toa )
Прво,бу е само име на куче од расата ПОМЕРИАНЕЦ,или целосно помериански шпиц. Тоа е најмалиот вид на шпицовите,и како што кажа милченце спага во V FCI група. Нема никаква разлика од малиот германски шпиц,среден и голем германски шпиц,освен нели големината. Друго,она куче што го постирала девојката е,исто од расата на бу,и како што и самата кажа,како што растат се менуваат,и мало дете од 2-3 годинки,нормално неможе да има густа коса колку 20 годишен човек,па така и мало кутре неможе да има густо крзно колку возрасно куче. Се додека растат и се развиваат,а тоа е до година-година и пол старост на кучето,им се менува и крзното. Тебе миме,знам што те буни.Тоа што на сликите на првата страна,е возрасно куче и куче фризирано,скоцкано за фотографија. А тоа од девојката е иста раса,само е мало и не е толку дотерувано и спремано како тие на првата слика.Ако може девојката да прикачи слика во став од кучето,ќе видеш дека градбата му е иста,потполно иста само е бело. И јас имам такво куче,само моето е МАЛ ГЕРМАНСКИ ШПИЦ, а не помериански кој е најмал меѓу шпицовите. И нема никаква разлика,освен големината. Побарај малку на нет,прогуглај,информирај се за разликата помеѓу т.н. бу куче и помериански шпиц,па се надевам ќе смениш мислење. А бу,не е некоја нова и непозната раса,само стана славно поради фризот,инаку е доста стара раса,една од најстарите,која се чувала во Померанија и одтаму го добила и името.
Извинете за оф-топиков, но според нејзиното размислување јас не мислам дека таа е 26 години. Мора да е помала чим вака размислува... Па, јас 13 години сум разликувам што е тоа, а таа ми меша тука баби и жаби... И јас како што прочитав на нет, газдарицата не обрнувала внимание на неговото крзно многу и го однесла да го ишишаат. И ете ти едно „Бу“ куче! После само си го снимала и се фалела и кобожем „најслаткото“ куче на светот.
Тие две слики од ,,померанецот" врска немаат, класичен шпиц- како прво, а како второ померанец нема да најдеш кај нас да купиш туку ке купиш за 600€ некоја мешавина и ке постираш тука на форумов дека Бо имаш. Еве најдете ми померанци за тие пари јас десет ке купам, бар пред да купите нешто отворете на интернет и видете колку пари е, убав померанец под 3.000€ не наоѓате, колку сакаш одгледувачници имаш во Русија, а тие 600€ за транспорт на кучето нема да стигнат.
Има многу луѓе кои ги мешаат Германските Шпицеви и Померанците. Лага е тоа дека во Македонија ќе ти продадат Германски шпиц за 600 евра убедувајќи ве дека е Померанец. Добро, ако сте доволно прости да не побарате педигре, можно е да ве излажат) Кучиња без педигре не се земаат заради тоа што можат да бидат болни или друга раса. Сум видела чистокрвни померанци продавани за само 400 евра ВО МАКЕДОНИЈА. На Пазар 3 го видов огласот, од одгледувачница беа кутрињата. Тоа братчето на Бо е чист померанец, ама не чешлан како за на изложба, туку со тоа класичното чешлање, со растот на влакната. Чешлањето за на изложби е контра растот на влакното и додека се чешла кучето, со фен се поминува крзното. Затоа многу луѓе мислат Бо е една, братчето друга раса. Но, вистината е дека тие се 2 чистокрвни Померанци со различни фризови. Разликата меѓу померанците и шпицовите (германски) е тоа дека шпицовите се многу поголеми од померанците и имаат поблаг стоп со подолга муцка.
Исто така, има и вакви померанци: Пред да се направите големи кинолози и експерти за кучиња, препрочитајте ги стандардите на 2те слични раси. Не гледајте само по влакното и фризот, туку и по градбата на телото, обликот на фацата, острината на стопот, поставеноста на опашката, ушите, очите и екстремитетите. Информирајте се повеќе за некои работи, а не поставувајте хипотези и претпостваки кои потоа ги претварате во факти, ако некој ве поправи.
Добро бре жено што напна толку околку објаснувањата?ти побара некој некој објаснување?цели хипотези тука изнесе за банална работа како да си експерт за кучиња и која си ти да кажваш јас колку години имам што разликувам и што не и кој воопшто те цитира тебе и ти бара објаснувања?псссс подобро би ти било да лечиш комплекси на друга тема и да не ја прошируваш темата и твоите докажувања уште и за фризурата на кучињата бог да чува кој како си размислува нека размислува ако знам погрешно јас ќе знам задржиси го твоето мислење за себе...
А, што, ти тука да шириш дезинформации и да ги отупуваш другите? Прво, јас се изјаснувам само заради тоа што сакам да кажам дека сте грешка и да објаснам зошто. Второ, ако има некој позапознаен со кучињата, прочитај нешто, научи мајке ми и не отупувај со неточни мислења. Трето, ако ти не сакаш да сослушуваш некој поинформиран и позапознаен со кучешките раси, некој друг сака, сака да научи нешто повеќе и тоа да биде точно. Четврто, не ми треба некој да ме цитира, јас се изјазнувам за да докажам дека е грешка и да објаснам ЗОШТО Е ТОА ГРЕШКА. А ти, како повозрасна, би требало да научеше до сега да ги почитуваш мислењата на поинформираните.