1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помина долго време-страв ми е да го засакам!

Дискусија во 'Канта' започната од newgirl1, 13 јули 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. newgirl1

    newgirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    4
    Здраво феминки, извинете што отварам нова тема но потребна ми е помош, ако смета преместете ја или канта бидејќи не најдов слична, но сеедно, да преминам на проблемот.
    Имам 24 години, и имам врска од скоро 2 години.Една ипол. Он е 27.
    Предходната врска ми беше за никаде, идев со еден тип што не ме рецкаше 2посто, имам пишувано, но со овој сега сфатив дека ми е полошо.
    Со дечково се запознавме пред една ипол година, преку една другарка која му е роднина,но после се скараа и се тргна од нас. и почнавме врска.На почетокот се беше ок, се додека не почнавме да се зближуваме но наместо да биде како кај сите други, тој се сам си излагаше, не ме кажуваше дека сме заедно, излагавме само кај него во маало,како да сме 15 или 16 год. тоа е две населби од мојата, но со ниеден другар, седевме само онака.Проблемот започна кога рече дека сака да се жени, и јас од пусти страв да не го изгубам почнав да му зборам дека и јас многу сакам да се омажам, не размислував за последиците, но сите правиме грешки.Одлучивме да станеме сериозни бидејќи се правев за да го задржам.
    Се договоривме да идеме под ќирија, за да нема мешање, инаку тој не е баш од центарот на Скопје туку е од скопско село, но не е важно.Пред да биде овој наш договор се скаравме заради неговите пријатели кој што му викаа да не се жени и дека е подобро да седи во селото, искрено по муабетот не ми се бендисаа баш, а го живееја она- идеме по кафани, турбофолк, ку*вите до нив оние гранд стил..Знаете на што мислам :puke:
    И за да го тргнам од таму ајде заедно се, и пред да се преселиме ми се јави ми вика ај да се земеме викам ајде да живееме и ќе видиме. Се вселивме онака ок, но јас се бев сама он по кафани, на фб цело време наместо со мене, се каравме викаше ја да плакам кирија ја сум била жената се требало од мене..Он работи зима плата но се за него беше.Ајде некако го решивме и тоа, но за тој период многу се искомплексирав, цело време ми викаше ама си глупа смени се малце, леле оваа пејачкава ама е јака, леле онаа ама јаки слики има, инаку зборам за оние сељанкине што се носат како к... и така што се лигават.Неможев да се замислам тка да се носам, јас слушам поп, некогаш и друга музика зависи.На неколку пати само од кога се вселивме излеговме заедно и цело време му се лепеа некој такви, и само тоа со другарите збореа кој колку легнал и тоа пред мене :fubar: не излегувавме и еден ден излезе он сам рече ке иде до кај другар и го заборави фб.Немаше да приметам ако не го слушнев звукот кога ти пише некој.Станав да го одјавам но видов дека некоја женска му пишува од тие. Се напнав и почнав да му барам пораки и едвај не добив срцев удар.Закажување состаноци, па душо, срц сонце леле ми се згади :puke: Се скаравме и рече дека од љубомора така праел за да се напраи фаца и кажа дека ќе било лошо ако уште еднаш седнам кај него на фб.За слики да не зборам, многу грди имаше се со к.... но помина и тоа.Некако ги откачи но многу ми се лутеше дека го тргнав од нив.Се десија некој работи со некој од нив очи ќе си извадев и уште многу работи трпев.Сега се среди тоа и го заучив некако малце од малце да се смени.Напна за свадба откако се откачи од тие другари и другарки, сака што побрзо, неговите се како него се он у право се ја не чинам. Незнам што да правам страв ми е да го засакам иако од овие проблеми се поминати месеци скоро пола година но еве веќе таа пола година се измачувам.Што е најдобро? Зашто викаат дека ме сака? Сега нигде не иде сам и сегде ме кажува но пак не е тоа тоа, не е она вистинска врска.Како да го сменам? Иако сега е се ок пак не е тоа тоа..Шо би правеле вие? Досадна сум но ми треба помош :(
     
  2. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Девојче откачи го ама одма , овој си бара слугинка по дома да му готви ,пере и пегла . Не се мења овој само очи ти мачка и коа ќе се земете пак ќе си иде по курви , таков табиет е . Бегај подалеку додека ти е време ! Млада си да му се невиди ќе си најдеш како што треба што се држиш за овој ко слеп за стап ? Ко да нема фини дечки низ градов
     
  3. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Јас не верувам дека луѓето се менуваат ама она од темел.Ти можеш да смениш некои ситници, ама кафани певалки и трбушни плесачици секогаш ќе сака.Жалам сигурна сум дека не очекуваше ваков совет но млада си,добро е што виде каков човек е и тој и неговите пред свадбата па да немора да иди до поголеми работи п.с јас имав таков дечко што опсесија му беа кафаните,тубо-фолкот итн...а мојте работи му беа чудни,пример кога ќе се облечев попровактивно итн..одвратно се однесуваше и како девојката над мене што рече таквите бараат слугинка не жена.Најдобрата одлука во животот ми била што го откачив со време иако тогаш мислев дека немам сили.Со среќа :hug:
     
  4. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    На 27 години ако е сериозен за женење треба многу поинаку да се однесува.
    Вака по кажување ми изгледа како некој недоделкан, недозреан сељак. Сељак во смисла на однесување. Значи сака да се жени, успат со ороспии да излегува, а ти да седиш дома и да го чекаш. Поголем дебил здравје.
    Не те почитува ама ич. Од љубомора се допишувал? И ти се допишуваш со некој, па он да ти врати? Изговоров не држи вода.
    Се он е у право, абе ајде. И како би требало да функционира тој брак? Он што каже - тоа да биде.
    Не ти треба ваква личност за дечко, а не па за маж. Бегај додека не е касно.

    А да го смениш верувај дека нема да можеш. Колку памет и да има, веќе 27 години е со него. Човек не се менува лесно. Може сега изгледа дека оди работата на подобро, ама верувај дека пак ке се врати на старо кога - тогаш.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.