Како некоја што пред 3 месеци се пресели сама во стан од куќа со 5 луѓе (минус јас) и да нејќев ќе морав да учам како да се носам сама со себе. Обично кога ќе се вратам од работа сум дома, ако има некој слободен ќе излезам или ако имам некоја потреба. Но морам да признаам дека кога со денови сум сама и ништо не правам почнувам да чувствувам потреба од интеракција, што најчесто е за викенд. Треба човек да прави баланс. Да знае како да се носи со себе и квалитетно да го поминува времето сам за да не е постојано зависен од присуството на другите луѓе, бидејќи на крајот на денот сме сами со своите мисли. Од друга страна потребата од интеракција не ја гледам како нешто лошо бидејќи луѓе сме, во генот ни е да сакаме да се социјализираме и градиме квалитетни врски. Долги периоди изолираност и избегнување луѓе по секоја цена се знак на некакво нарушување. Како што е и потребата да си меѓу луѓе 24/7. Многу е битно онака да седни човек сам и да се рефлектира на мислите и чувствата, што навистина сака а што не. Најмоќни се луѓето кои среќата прво ја пронаоѓаат во себе, а потоа во другите кои додаваат на истата.
Бо едни два параграфи шо ги пиша, со @pdb123 на неколку пати сме праеле муабетот, шо скролнав да видам од кој е темата. Инаку јас сакам време за себе. Ценам време за себе и имам потреба од истото. Некогаш само да гледам Нетфликс ме релаксира, некогаш да цртам, а некогаш ( вчера на пример) да се пикнам под јорганче со мачорот и да се мазиме. Толку бев престимулирана шо неќев друг чоек да осетам, ни пак слушнам. Е сега делот шо ме потсети со муабетот со пдб, дефинитивно е "чудно" некој да неќи да врви со себе, или полошо, да не знај да врви време со себе. Дури и најекстровертна особа има потреба некогаш да одмори, чак и кратко. И да разработи шо осеќа, и да си среди мислите. Уствари проблемот го гледав во негирање на средвање мисли. Потребата да си со друг за да си среќен, место прво да најдиш среќа во себе и после да ја дополнуваш со опкружувањето. Пошто идејата ми е, ако не најдиш среќа во себе, и не разработиш шо те мачи, секогаш ко ќе се најдиш сам - нешто ќе фали и ќе падниш во меланхолија.
Важно е и тоа многу. Овожавам секое утро да разговарам сама со себе (исто и таква книга читам моментално КАФЕ МУАБЕТ СО СЕБЕСИ).
Омилена терапија повремено Ми треба понекогаш ден кога не сум на работа и да го поминам скроз сама дома. Филм, кафе, музика, одмарање, средување мисли За жал се поретко ги имам тие денови а чувствувам дека ми се многу потребни за да се рестартирам
Баш така. Некоја книга, малку уметност, цртање или некоја изработка, уживање во чист дом сама ми е фејв. Музика и ослободување на енергија преку неа. И уште надвор некое дожденце или снегче, мераци.
Уживам кога сум сама,кафе,музика,танцување пред огледало.Мислам дека е убаво од време на време да бидеме сами со себе.
Секогаш во денот гледам да испијам едно кафе сама да размислам за одредени одлуки и постапки,а пред се да се релаксирам.
Поминувам. Неколку пати ме прашале како не ми е досадно сама со себе. Така, леснo. Некогаш читам, гледам серија, филм, разгледувам по Интернет што има. Некогаш си одмарам и само си размислувам. Убаво ми е. Уште од тинејџер сум таква. Сега плус што работам и сум меѓу луѓе 8 часа, па после работа имам голема потреба од мир и тишина, да одморам психички. Мислам дека е прилично корисно, смирувачки, не може човек да е постојано окупиран со нешто, мора да наполни батерии некогаш, а тоа се постигнува така што малку ќе запреш, ќе се исклучиш од активности. Се сеќавам, имав еден период како студент, постојано правев нешто, сабајле на факултет, после со цимерки, пријателки, дечко... немав време за себе. И, кога легнував да спијам, ми беше тешко, се чувствував преокупирано, ми беше потребен мир и време за себе. Не знам зошто на некој му е толку тешко и неколку минути да е сам со себе, но ете, таквите не ме разбираат ни мене како можам јас вака.
До пред некоја година ме исполнуваа дружбите со другарки од детство, колешки и пријателки, последниве години се научив да уживам сама со себе, па така гледам кафе дружбите да ги минимизирам, бидејќи ми се смачи да трпам туѓи проблеми и фрустрации, да слушам само муабети од типот ЈАС, Јас и само јас, и да не можам до збор да дојдам, да се искажам дека и јас имам проблеми, дека и јас постојам... Времето го поминувам гледајќи серии и филмови, слушајќи музика, седејќи во двор кога има сонце, најубаво ми беше кога ми беше живо маченцето и ми даваше огромна количина љубов.... Кога е топло пешачам сама по ридчиња, седам на трева и ги набљудувам дрвјата кои ги ниша ветерот, го набљудувам небото, ги гледам птиците, берам разни тревки за чај, едноставно дишам на раат
Иако не можам да сум секогаш сама периодов,ама уживам кога сум сама плус музика,благо,или може некоја добра книга.Уживанција.
Не знам како ова ќе звучи, но во последно време најубаво ми е кога сум сама. Никогаш не ми е досадно, секогаш имам активности за правење што понекогаш 24часа во текот на денот ми се малку. Понекогаш се прашувам како ќе функционирам и дали би имала време да одвојам за себе си кога би стапила во брак и кога би основала семејство.
Се е навика, со време и приоритетите ни се менуваат, различни периоди од животот различни приоритети и различни навики. Посебно после раѓање деца, цел живот ти се менува.
Првото кафе во денот секогаш го пијам сама и не сакам некој да ми се вртка или збори наоколу. Можеби повеќе е како расонување отколку како изричито поминување време сама со себе. Таквото време ми е да си размислувам за многу нешта, минатото, сегашноста или иднината. Сакам да сум сама со своите мисли, не ме плаши тоа ме исполнува со спокојност.
Обожавам сама да сум во тишина бебе да спие мм на работа и да гледам само во една точка без телевизор ништо