Здраво Планираме со дечко ми да одиме за Острог и ни кажаа може само со лична карта ама јас имам 17год и ми рекоа можело ако му дадам полномоштво на дечко ми бидејќи тој е 19год,но рекоа и да прашаме во полиција ние прашавме,но тие нез.Инаку се работе за границите кај Албанија,Косово и Црна гора.Па сакам да ве прашам дали некои знае дали ќе можам да поминам без да ми прават проблеми само со лична карта и со полномоштво или ќе мора со пасош.
Со лична карта може да се помине таму да. Е сега за полномошното не знам стварно, да не беше само за до 14г лица, сепак најдобро е во МВР да прашаш, па и макар преку телефон, па да ти објаснат, не може да не знаат, тоа им е работа, таму се издава полномошно.
За што би му дала полномошно на дечко ти? Да те носи? После 16г имаш лк и одговараш за неа, иако си полнолетна со 18. Можеби твоите родители да треба да даваат полномошно, ама чим имаш личен документ не треба ништо такво. Прашај кај нас во мвр, но мислам дека не ти треба ништо такво. А ти полномошно не можеш да му дадеш на дечко ти туку треба твоите родители.
Не за такво полмоштво во полиција јас мислев за полномоштво што ми рекоа во агенцијата они го давале само да патувам со него.Јас бев во полицијата и ме пратија дека прават лични карти и таму прашав и тие рекоа дека може да се помине со лична карта,а за малолетен рекоа дека не биле сигурни
Повеќе сум за поминување граница со пасош. Лична карта за во шенген-зона (повеќето членки на ЕУ, без Хрватска, Ирска, Британија, Бугарија и Романија) но дури и тогаш поубаво ми е со пасош.
Не можеш ти да му дадеш полномоштво на дечко ти. Тоа треба да го направат твоите родители и тоа не треба да се направи на нотар, туку мора директно во полиција да одите. Многумина одат на нотар и нотариве за пари го прават тоа, ама на граница може да не те пуштат бидејќи на самото полномоштво од позади пишува дека не се признава од нотар На овој начин државата ги штити малолетниците од заведување, киднапирање, проституција и сл.
И јас нз така кажаа во агенцијата.Ќе си вадам пасош неможело вчера кога закажував за лк ги прашав кажаа не може
Не ти треба полномошно над 14 години, можеш сама да патуваш. Сестра ми има 15 и од 14 сама патува, баш вчера леташе еве. Само со пасош она, не знам дали е исто со лични карти.
Не е. Читав по групите, треба полномошно од двајцата родители плус патна исправа,е сега исто е и за лична карта.
Како мислиш не е? Сестра ми самостојно без полномошно, со пасош, патува од полни 14 години. Знам, оти проверено ни е.
Личната карта е поеднакво призната како пасошот за патна исправа во оние земји кои дозволуваат влез/излез со лична карта наместо пасош. Полномошно не ти треба над 14 години. А во случај кога треба, родителите го даваат а не малолетникот Во шенген зона не можеш да патуваш со лична карта! За Ирска и Британија дури и виза ти треба, не само пасош.
Јас имам одено за Острог со лична карта неправат уопште проблем поарно со лична карта за там отколку пасош.
Можеш, токму тоа е идејата на шенгенот. Л.К. само треба да ти биде од ЕУ или ЕЕА. Ирска и Британија воошто и не се шенген. ВИза не ти треба ако имаш ЕУ пасош (хрватски, грчки, бугарски, шведски...)
Што се правиш на тошо еве не знам.. или само колку да се пише нешто. Или пак заборави дека ова е република (северна) македонија а не некоја еу земја.. Девојчето никаде не пиша дека има ЕВРОПСКИ пасош.. За погоре споменатите земји со македонска лична карта може да преминеш без проблем.. Гореспоменатите земји дозволуваат влез со лична карта само на државјани на земји со кои имаат билатерален договор ... не на сите! Извини европјанке што ние мизеруваме во Македонија па не сме како тебе да шетаме само со лична карта по европа. Ај остај лична карта, туку на нас сиротите и виза ни треба за некои земји
Џабе го коментираш насловот кога членката има КОНКРЕТНО прашање напишано баш во воведот. А кога веќе пишуваш на македонски форум логично е прашањето да се однесува на македонски државјанин кој има македонски пасош..Не си и од помош..само нешто да се пише