Помислувам на самоубиство

Дискусија во 'Канта' започната од musicismylife, 27 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. musicismylife

    musicismylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Sakam da isceznam,da me udri grom,da se zagubam,da me odvee veter da me odnema od liceto na zemjata.
    Nikogas nemam doziveano kako e nekoj da me saka a jas sum sakala.
    Gledam deka mu e seedno za mene deka ne me saka Ne go sakam toa.Sakam da go zaboravam,da pocustvuva deka me zagubil,da me moli da se zaljubi vo mene,a jas da ne go reckam.Bev so drugo momce za da go zaboravam polesno (5 meseci bev)bez toj da znae no ne uspeav.
    Ve molam za pomos oti navistina ne mozam da izdrzam pomisluvam na samoubistvo
     
  2. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Pomisluvam na samoubistvo

    За твоите 22 години не ти доликува ова да го пишуваш. За едно машко да се убиваш?! Ма колку и да сакам некој зарем тој е повреден од мојот живот? :fubar:
     
    На malechkata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. musicismylife

    musicismylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Pomisluvam na samoubistvo

    Многу ме разочара,се изморив од се,секој ме лажел,немам видено срека во мојот живот,кога го запознав мислев дека ке бидам срекна ама не е така,ме докарува до дно :( :( не ми ја прифака љубовта,ме навредува,сакам да го избришам од мојата глава ама не ми иде
     
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.199
    Pomisluvam na samoubistvo

    Смајлиштосекрсти

    Добро бе,сте размислиле ли вие дека има луѓе што немаат леб да јадат,што се голи и боси,што немаат мајки татковци?
    Мислите дека тие не помислувале на убиство?Сигурно да,ама одлучиле да се борат со животот.

    Има самохрани мајки,со 2 деца,без социјална помош,без покрив на глава.
    Циганчиња што секојдневно ги гледаме како просат,голи и боси.

    И ти сакаш да се убиеш зошто немаш дечко?
    Дај малку,погледнете подалеку од носот,не е тоа најлошата работа што може да се случи еееј :fubar:

    Зошто да се убиеш,кога можеш да најдеш друг,кој ќе ти даде љубов и нежност?
    Зошто,кога можеш да учиш,да станеш некој и нешто во животот?
    Зошто да им нанесеш болка на твоите дома,на пријателите?

    Само зошто не можеш да преболиш некој копук???

    Дај свести се,има многу убави работи што животот ги нуди,има и лоши,ама затоа сме луѓе.
    Добрите за да ги почувстуваме,лошите да ги пребродиме.
     
    На Butterfly3, butterfly...18, sandra.bocevska и 21 други им се допаѓа ова.
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.102
    Pomisluvam na samoubistvo

    Додека го читав постов мислев дека пишува девојче на 12-13 години. Но ако навистина имаш 22 не ми се верува дека вака размислуваш!
    Размислувала за самоубиство бе? За што? За дечко?
    Ма дај не ме зезај!

    Животот е премногу убав за да го трошиш на некој што не те заслужува. Кога една врата се затвара - се отвара друга. Немој разочарувањето од неуспешната љубов да те спречи да ги зграпчиш сите останати шанси кои ЖИВОТОТ ги чува за тебе. Секој на овој свет има сродна душа, и кога-тогаш (најчесто) ја пронаоѓа. Премногу си млада за да размислуваш дека никој не те сака. Па сеуште не си го пронашла вистинскиот, и кај се брзаш? Излегувај со другарките, забавувај се, уживај...

    Еден ден ќе се каеш што во најубавите години од животот - наместо да уживаш , ти си се замарала со некој кој во иднина сигурна сум дека нема да ти значи ништо во животот.

    Сум била во иста ситуација како и ти, и затоа ти зборувам од искуство.
     
    На Squirrel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.205
    Допаѓања:
    86.212
    Разочарај го и ти - следниот пат кога ќе фатиш дечко нека знае за тоа.
    Измори го и ти - нека те гледа среќна, насмеана, нека те гледа во друштво.
    Те лажел секој ... не е тоа ништо страшно , страшно е што се лажеш самата себеси.

    Ајде крени ја главата, не е ова крај на светот .... а не беше ни на 21 :)

    Музиката е твојот живот? Пеј, играј, свиркај си ...и радувај му се на животот.
    Сети се на колку ти им ја немаш прифатено љубовта.
    И уживај бре и онака еден ден ќе ти биде смешно ова.
     
  7. musicismylife

    musicismylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Ne e zosto nemam ama nikoj ne me sakal kako sto sakam jas,sum imala deckovci sum bila so niv samo za da go prebolam ama na kraj me ostavale tie mene,baram ljubov dobivam lazni baknezi lazni zborovi lazni pregratki.Dodeka bev so nego mi bese ubavo mi pruzase ljubov,ja iskoristiv i na kraj prekina,sum prekinuvala so nego samo za da uspeam so drug ama jas pagam kako titanik,pritisokot e golem jas ne izdrzuvam.
    Gledam da pogodam a gresam,go odbivam samo za da znae deka ne moze da me vrti koga ke posaka i sto togas????????????jas kriva gi gledam site statusi na fb sliki so deckovci an moi poznajnici a jas toa ne sum go osetila

    sakam da me moli moli i moli da go oseti jas toa sto go osetiv koga mi kaza ne poveke
     
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.537
    Знам Фрај што би одговорил на темава:

    [​IMG]

    Ама Фрај не е член, па да помудрувам малку јас.

    Очигледно си лабилен карактер, и се` што ти треба е внимание. Да не беше така, ќе го кажеше истово на СОС линија, а не на форум. Излези, нека те фати малку воздух, ќе ти се прочистат мислите. Сите понекогаш паѓаме во депресија, имаме сиви периоди, скршени срца и разнишана самодоверба. И не е ништо страшно.

    Гледате серии бе луѓе, ако Марисол беше смртно погодена од раскинувањето со Хорхе, лееше солзи и си ги исече вените, не значи дека и во реалноста така треба да се однесуваме. Голтни ја кнедлата во грло и не живеј во патетики. Девојка од 22 години си, однесувај се според возраста.
     
    На Gea и lolyta777 им се допаѓа ова.
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.199
    A зошто мора да ти се врти светот околу машките?
    Не мора да бидеш во врска,има време,млада си.
    Мувај си се,драпкај си се,не се залетувај одма,не очекувај премногу.
    Сама ќе ти дојде љубовта,а и дечкото.

    Во меѓувреме занимавај се со друго,учење,најди хоби,преокупирај се едноставно.
    Знам,ти фали љубов,ама период е,сите сме го имале.
    Самоубиството е многу кукавички начин за бегање од проблемите.
    Ако го пребродиш ова,верувај ќе бидеш многу посилна и поспремна за сите работи во животот.
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    Божееее...чекај!!! Сфаќам, љубов се тоа. Убаво. Си се затрескала. Па знаеш ли колку само патат, зар сите да се убиваме.
    Знаеш ли колку полоши работи има во животот???
    Еве прост примет. Дечко после 7 години врска. петок доаѓа кај девојката на работа и кажува колку ја сака и заминува демек на пат 7 дена. Ок, кај девојкава на гости доаѓа пријател, и и кажува дека тој во саботата правел свадба, со друга..И што да прави да се убие за некој недоквакан???
    Што е со оние кои загубиле се во животот, што немаат за леб??
    Погледни го поубаво светот, млада си...
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. musicismylife

    musicismylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Sekogas se odnesuvam kako sto dolikuva ama zar baram mnogu osven normalna vrska?baram premnogu?
    ne mozam da izdrzam,sakam miren i spokoen zivot da me saka nekoj da najdam srodna dusa,da me saka kako sto go sakam jas a ne da me laze i da mi prefrla mene vinata.Da baram objasnuvanje zosto ne me saka poveke ako postoi????????premnogu lagi izedov za edna godina,ne sakam poveke.

    za vrskite od sedum godini i poveke sum zapoznaena samo sto razlikata e sto jas nemam pocustvuvano kako e da me saka nekoj ;(
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.102
    Најлесно ќе ти биде ако не се замараш веќе со него. Да почнеш нова страница, зарем не сакаш? Ако сакаш да му се одмаздиш нема никаде да стигнеш.
    И пак ќе прашам, КАЈ БРЗАШ? Ако трчаш по љубовта нема никогаш да ја стигнеш, таа ќе те стигне тебе кога ќе дојде време. Затоа кулирај. Има многу предности да бидеш сингл.
    Облакај штикли, закачи насмевка и уживај во слободата, што е твое ќе си дојде ;)
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.382
    Пол:
    Женски
    Па рано е, имаш време, но доколку помислуваш на најлошото никогаш нема да дознаеш нели?

    И те молам пишувај на кирилица, според правилата :)
     
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.205
    Допаѓања:
    86.212
    Ти девојко сама не се сакаш!
     
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    8.080
    Пол:
    Женски
    Како прво да ти дадам една утеха со тоа што и ја имам доживеано такви моменти пред речиси 3 години... Се заљубив во еден, на кој му бев само забава... се занимаваше со мене кога ќе му беше досадно... кога сакаше ми враќаше на илјадниците пораки што му ги пуштав кога не сакаше-не ми враќаше ! Кога сакаше идеше да се видиме, кога несакаше-не идеше и згора на се кога ќе го прашав зошто не иде он викаше дека таа вечер несакал да е со мене, кога ќе помислел на мене му се гадело.. :( а јас се простував и дури го прашував да не јадел нешто лошо па затоа да не му се гади....еееееј !! до кој степен размислував со цел да не се повредам и да не мислам дека тоа гадењето било за мене, иако ми беше МНОГУ јасно дека е за мене !! Сега кај што пишувам се смеам самата на себе...
    Не го имав преболено, но го запознав сегашниот дечко со кој истотака на почетокот имав проблеми во смисла неверства, несакал озбилна врска ама ете го полека полека и тој се среди...Мислев дека мене ми е судено да паѓам на такви машки и мислев дека никогаш нема да најдам некој кој вистински ќе ме сака ... А денес, после 3 години се смеам на тоа што го правев за тој клошарот и не ми криво затоа што ја сум таква и со кој и да бев истото ќе го правев...го преболев со надеж дека ќе пати и тој како мене... И сега кога се шетам со дечкоми и кога ќе го сретнам тој блее во нас како торта да гледа :rofl: а до мене ништо не допира...иако некогаш копнеев по тој негов нежен поглед ...
    НО!!-во ниеден момент не помислив на самоубиство !! ЗОШТО ???!!!! Заради некој идиот, недораснат клошар, кукавица и уште шо не... тогаш мислев само на себе и на моите дома...на тоа колку нив би им било тешко кога мене би ме немало, на тоа колку тие патат кога јас сум несреќна.
    Зошто кога можам и сама да бидам среќна...мене не ми треба дечко да бидам среќна.. Се ќе си дојде на свое место само ти размислувај позитивно !!
     
    На PinaCapano му/ѝ се допаѓа ова.
  16. musicismylife

    musicismylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    MacaLove kako sto kazav baram samo malku ljubov a ne lagi,me lazat veke 5-6 godini nemam sreka vo ljubovta,naidam na nekoj koj samo me zalazi da me ima za edna vecer ama ne se davam.

    Maja toa i ke go napravam,samo nemam hrabrost,

    sanjaeva не би ти посакала тоа што ми се случи мене и тебе да ти се случува.Биди на мое место и како ек ти биде некој да те лаже постојано и да те користат
     
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.199
    Ама љубовта сама ќе си дојде бре,не можеш ти да ја викаш и бараш.
    Како ти е судено,така и ќе биде,и има многу како тебе,ама имаат занимација бре.
    Дај,на некој начин се потценуваш сама себе.Зошто да не можеш да имаш нормален живот?
    Не те сакале.
    Епа нема да те сакаат,ако ги вреднуваш нив повеќе од сама себе,ако им даваш до знаење дека се богови во твоите очи,нормално дека ќе биде така.
    Осамостои се малце,биди потврда.
    Не е во духот на една жена да биде волку мека и плачлива.
     
    На poizon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.205
    Допаѓања:
    86.212
    Сакам да ти кажам сакај се за да те сакаат.
    Биди над нив, биди своја ... за губитниците недопирлива.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. musicismylife

    musicismylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Фала ви на советите,ке стиснам заби,повеке ништо нема да дозволам да ме повреди и дотолчи.Атој ке ме бара кога ке сфати дека повеке нема да го барам и дека ми е сеедно.
    Сакам да успеам и морам.Ке бидам таа старата која ја бараа а не бара никого.
    Ке успеам а за него ке бидам недостапна зошто гледам дека не ме заслужува.
     
    На Lepaaa и sanjaeva им се допаѓа ова.
  20. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Ако го направиш тоа да знаеш дека си најголемата кукавица што може да биде, и не само тоа туку и си пресебична. Себична си затоа што сигурна сум дека има толку многу личности на светов што им значиш и пресебично е да им го направиш тоа, да им нанесеш огромна болка, само заради каприц. Твоето е тоа, еден обичен каприц. На светов постојат луѓе што имаат приказни кои ако ти ги напишам секое влакно на телото ќе ти се наелектризира, па пак се силни и одат понатаму.

    Заради љубов да помислам на самоубиство? Бог да чува и да брани најискрено.
    Ај да е некоја голема љубов, болна, непреболена, со дебела приказна заради себе ќе те советував како да се избориш со тоа.

    Самоубиството не е решение!
    Така да најди си некоја занимација во животов и уживај во него, затоа што не дај Боже нешто да се случи, дури тогаш ќе сфатиш колку значи животот. Има луѓе кои би убиле да поживеат уште некој месец, а ти имаш здравје и младост пред тебе а сакаш да си го прокоцкаш.

    Така да не помислувај на глупости, оти искрено проблемов е глупав. Ништо не е толку тешко да не може да се најде решение, а не па ова. Уживај во животот, еден ден ќе бараш да ти трае повеќе!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.