Кога и колку годините се битни и пресудни? Лајза е разведена 40 годишна жена која се сели во Њујорк кај нејзината другарка од младоста и е во потрага по работа. Но никој не сака да вработи 40 годишна жена без искуство. Таа решава да се преправа дека има 26 години и добива работа како асистент во еминентна издавачка куќа и запознава дечко во соодветна воздраст за нејзиниот нов живот... Во главни улоги Хилари Даф, Сатон Фостер, Нико Тортела, Деби Мазар... _______ Јас од шала почнав да ја гледам колку да ми пополни време, ама ептен ми легна при срце. Се емитува летно време, ова и е 4та сезона. Ликовите ми се симпатични и лефтерни, приказната од наивна ми стана интригантна.
Серијава ја ставам во омилените!! Лесна, интересна и со преубави мажи До сега можеби ги имам изгледно сите епизоди по најмалку три пати Не можам да се решам со кој да остане Лајза, на моменти сум #teamJosh па #teamCharles.
^Коа сме на таа тема мене ми е скроз тим Чарлс, некако поише си одговараат. Ама се мислам дека на крај ќе заврши со Џош.
Јaс лaни летoтo јa гледaв првaтa сезoнa нa Fox, пa јa прекинaa, пa пoтoa јa дaдoa и втoрaтa сезoнa, aмa не јa дoгледaв дo крaј. Ќе си јa пoчнaм oд пoчетoк денoвиве.
Игра на фокс? Јас најубаво да си ја спуштам... Ете сега ми најдовте занимација, некако со бебо се отргнав од сериите, ама таман ќе дојдат по 2-3 епизоди на вечер откако ќе заспие.
Ја обожавам серијава. Посебно што работат во издавачка куќа. Не знам само Лајза како им поминува за помлада, ептен се приметува на моменти во лицето дека си ги има годините. И јас на моменти сум за Чарлс, на моменти за Џош. И двајцата имаат нешто различно да понудат. Чарлс има некоја длабочина, шарм, мистериозност... Џош е многу харизматичен, забавен, згоден на поинаков начин... Едвај чекам нова епизода да излезе.
И Дајана на почетокот колку ми беше одбивна само. Оддаваше впечаток на злобна, љубоморна особа и супер што и го омекнаа карактерот. Сега ја обожавам Мислам дека она ќе разбере за годините на Лајза сезонава и ќе застане на нејзина страна. Зошто мора да е само една епизода неделно? Кој ќе чека четврток
Јас ја гледам континуирано од втора сезона навака. Во поомилени ми е. Дефинитивно сум тим Чарлс, овој Џош не ми е ни убав, ни нешто привлечен искрено, додека Чарлс ми е ко прав маж, она господин, иако го боли кичма, згоден е ептен. Шарена серија ми е, облека, ЊуЈорк, одлична за око. Си ја чувам епизодата од вчера за викендов, нараат да се гледа.
Серијата многу ме потсетува на Being Erica, заради работата со издавачката куќа најверојатно. Баш ми е чик-лит, како што беше The Carrie Diaries, само што има повеќе приказна во неа. Мислам, повеќе ми се допаѓа оваа приказна, има некој интересен вајб. Лајза ми е многу слатка и харизматична (и урнебесно згодна!), само што многу плитка ми е приказната дека лагата за годините „запали“ и опстана толку време. Очигледно во Америка пали било што.
Ја загледав. Тотално ме опушта навечер откако ќе заспие мали, се одмарам од секојдневните обврски. А тоа дека лагата "запалила", во реален живот " ај донт тинк соу" Нема врска, битно е интересна.