има ли некоја страна каде што ги има сите сезони? барав но не можам да најдам, само најдов за првата сезона до 8ма епизода и толку.
Серијава многу ја сакам, онака со желба си чекам нова епизода. Ова со Клер на крај малце ме изненади и изнервира, ама ќе видиме што ќе биде. Туку, некоја слична на оваа серија да ми предложите, во тој стил? Пошто ептен „ми легна“.
Нема, и јас чекам. Некој ако нашол некаде добро ќе е да сподели. Таман нема веќе серии асално, во право време излегува.
6та сезона е, првата епизода денес треба да ја има на торент. Не заврши, ама се надевам малку подобра ќе е сезоната од претходната.
Што мислите како ќе се одвива ? И јас а следам од старт , ств 5та сезона им беше голем минус . На замунда би требало да а има до вечер
Типувам дека Лиза ќе раскине со Чарлс. Јас стварно мислев 5 сезони ќе се и дека е крај. Не ни имав отворено да видам.
Супер е сезонава. Спојлер Ептен ми се допадна што испаднаа конкуренти. Живна малку серијата, иако годините на Лајза паднаа во заден план, ама сепак, има случувања.
Чарлс и Лиза се преубав пар. Уште во првата сезона на Чарлс му светеа очите кога ќе ја видеше Лајза. И он е згоден.
Спојлер Таман реков дека не се фокусираат на годините... Квин ми е одвратна некако, ништо не и е важно, освен нејзините интереси. И мило ми е што така испадна дека лаже. А зошто не ја предупреди Лајза да знае што кажала, па секако тоа ќе излезеше во интервјуто. Никако да ја смират топката со Џош, тој пустиот уште ко кутре ја гледа. Ама рекламата на крајот ептен добра беше. Со Чарлс се супер, ама со Џош се некако разиграни.
Ја гледате уште серијава луѓе? Спојлер Еден чекор напред, два назад се. Баш ми е жал за Келси така што испадна. Да беше маж немаше ништо да се случи, голема работа ќе беше. Некако и мене ми стои дека Џош и Лајза не можат да бидат пријатели, уште има хемија меу нив, он има чувства за неа,,,
Нова сезооооонаааа јеееее. Е ептен се израдував. И тоа 4 епизоди одеднаш! Денес одма ќе бидат изгледани.