Јас ја гледав пред еден месец последната сезона и сфатив дека всушност сум ја изгледала уште лани кога излегла . Е затоа гледам само завршени серии, оти заборавам што и до каде сум гледала . Оваа и This is us само ги гледам додека излегуваат затоа што веќе ги имав загледано од Foxlife, инаку не ни почнувам ако уште излегува серијата. Плус, многу ме нервира кога ќе ги прекинат рандом и ги остават незавршени (на пример, Royals ).
Календар нели си имаш што гледаш? Јас еве одма ја почнав првата епизода. Ептен некако позитивни vibes ми има, сите ликови си се посебни.
Дали оваа сезона ќе биде последна? Како да зачитав така некаде. Леле јас сум многу назад. И кога ја видов најавата за новата сезона, сфатив дека претходната не ми е изгледана. Јас на TV Time апликацијата си водам евиденција @pdb123, инаку ако остане да памтам - тешка работа кога се толку многу серии во прашање.
се согласувам. серијава е positive mood booster. Ми недостигаа сите ликови, особено Џош, such a cool, lovely guy
@RainBow, @Mishela Си водам евиденција, баш на TvTime, ама не знам зошто таа сезона не сум ја обележала . Инаку, не е толку проблемот ни до тоа да се сетам до која сезона сум, колку што не ги паметам случувањата. Така на пример, додека ја гледав по втор пат оваа сезона, ми изгледаа случувањата како познати, ама дури на половина сезона или повеќе се осигурав дека ми е гледана . Од тој аспект зборувам јас. И This is us ја гледам сега новата сезона и пред да ја почнам, никако не ми текнуваше што се случило последно . Инаку, не знам зошто, ама дали имате чувство како сцените да беа прекратки во претходната сезона? Сигурно не е нешто поразлично од порано, ама дали дека јас во меѓувреме сум гледала серии со долги епизоди, многу кратки ми изгледаат сцените, како многу набрзо да се менуваат. Немав вакво чувство порано, кога почнав да ја гледам.
Разбирам, иако мене ми се случува обратно од твоево - памтам што отприлика се случило последно, ама поим немам ниту која епизода, сезона, ништо. Најчесто на Гугл пишувам што ми текне поврзано со епизодата и ја наоѓам некако. Modern problems require modern solutions, тоа е. Значи 12 епизоди има сеозна 6. Епа ајде, ќе ми биде мотивација да завршам порано со работа денес за да можам уште поручек да ја фатам. Ја симнав битно, па за новиве ќе се приклучам деновиве кога ќе бидам up to date со епизодиве. Ми недостига Чарлс, а не е ни мој тип на маж ама ете што ќе ти направи некоја ваква серија, да се запрашаш што ти се случило.
Не ти одговорив горе на прашањето, оваа сезона ќе биде последна, освен ако не решат да променат нешто во последен момент. Мислам дека читав дека можно е да има spin-off со Kelsey. Инаку, сите сезони имаат по 12 епизоди, а приметувам дека многу повеќе серии се држат до овој формат на еднаков број на епизоди во секоја сезона and I love it .
Уфф, би сакала да има. Мене скроз ми се смени перцепцијата за Хилари Даф после серијава, навистина Келси е феноменален лик и она совршено го доловува тоа. А па и целава идеја за серијава ми е одлична. Многу ми се интересни задкулисните игри што се играат низ издавачките книги за да се придобие некој автор/наслов, ептен ми е интересно тоа и затоа серијава толку ме освои.
Првата ја изгледав и ми се допадна ептен и се инасмеав на муабетов "Teylor Swift said, there is special place in hell for women who dont help other woman" Прогуглав и стварно го има ова изјавено Ја симнувам цела сезона, ми се допаѓа што се по 20 минути
Аииииии Спојлер Толку брзо пукна работава? И тоа за една формалност? Како така? Леле Чарлс, заборавив колку ми е секси. Како може серијава да има двајца, толку спротивни мажи и двајцата толку секси, еве не знам.
One eternity later, готова сум и со новите епизоди. Ме изнасмеа серијава, денот ми го усреќи, до толку. Спојлер Е само малку ми здосадува ова скарај се - смири се меѓу Лајза и Чарлс. И тоа таман кога ќе им тргне, ќе се најде нешто да уништи сè. Но ајде, да се дешава нешто. Башка па и за ваква глупост. Оваа како и да се викаше, новата на Чарлс, ич не ја можам. Баш ме интересира што ќе бидне и кој со кого ќе заврши на крај.
Спојлер Знаеш што? Сосема ја разбирам Лајза. И јас не би се мажела по втор пат, ама никогаш. Тоа би било deal breaker за мене и крај. Зошто она да направи отстапка, што му фалеше на него така да си живеат? Па имаше све од нејзе, целата нејзина љубов, што ќе му сменеше бракот кога ако не им одеше пак ќе се разведеа? Исто му доаѓаше? Мене она што ми беше неверојатно е колку Чарлс ја сакаше Лајза и одеднаш цак, готово, крај и се фати со Квин. Едноставно некако не ми е замисливо, што знам. Ама ај, ќе видиме, посебно со новото откритие.
Спојлер Да, ја разбирам и јас. Чарлс од нигде никаде го испука и прашањево и условот. Муабет на темава неправено, да се прашаат што и како. Демек нешто им фалеше претходно, секако дека не, освен еве драма зашто серијава дише на вакви драмички. Ама јасно беше дека овaa honeymoon фаза нема да им трае вечно па ајде ова им текна. Затоа и кажав дека ми е глупост, за вакво нешто веројатно би се карале жолчно некои помлади, а не зрели личности со х години брак зад нив и деца, фамилии. Многу ми е сладок Чарлс, ама во врскава е детинест. Смешна ми е и неговата нова издавачка куќа. А ако пак почнат да ја шеткаат Лајза како тениско топче де кај Џош, де кај овој, ќе ми се здосади.
Спојлер Мислам дека не им е тоа намерата, некако баш го тргнаа Џош од Лајза. Веројатно и они знаат дека ќе им се здосади на гледачите истото. Мислам дека ќе дознае Чарлс, ќе има малку драма тогаш, па ќе се тргне Квин, па ќе сфати он дека љубовта поважна од бракот, бла бла и ќе се смират со Лајза, генерално тоа ќе се случува. Се надевам за Хилари Даф ќе најдат некој асален, баш ми е жал што само така ја маткаат, а си заслужува жената. Меги ми е кралица, прекрасна ми е во секој поглед. Ми фали мноооогу Дијана, кога ќе се враќа? Баш си имаше и она некој шмек. Тргањето на Милениал исто пребрзано, колку само работеа на брендот, а немаа ни шанса да се борат. Мислам... Ајде, ќе видиме како ќе оди.