Здраво девојки...имам еден проблем што малку ме збунува..моите родители се на 4 месечен пат па затоа ми го оставија мојот 9 годишен брат на чување...се е во ред иако ние баш и не се сложуваме...еднаш случајно влегов во неговата соба за да му оставам нешто додека тој беше во тоалет...тогаш се сетив дека треба да проверам нешто на имеил...и седнав на неговиот компјутер...кога го отворив прозорчето на интернет видов порно сајт на кој тој бил...искрено се засрамив...тој има само 9 години...незнам како да постапам како сестра..знам дека нема да ме слуша бидејќи не сум му мајка..некој совет што да правам пред моите да се вратат?
Па најверојатно збореле во друштво за порничи и секс и сакал да види, или па некој другар му пратил линк, не е ништо страшно. Искрено не знам кога почнуваат машките со самозадоволување, мислам малце постари од братчето твое, ама многу се напредни генерацииве така да ништо не е чудно. Иако не сте блиски јас на твое место би седнала со него да поразговарам за девојчиња, за секс. Сигурно не му е згодно другарите да ги прашува за тоа, ќе го исмеваат. Пробај да се зближиш со него, ако не сака да те слуша остави го, пробај друг пат пак, ама зближи се со него сепак ти е помало братченце
Имам 16 годишен (помлад) брат .. Често се караме, би можела да кажам и тепаме, но сепак го сакам најмногу и се би направила за него!
јас имам 6 години помлад брат и секогаш добро сме се согласувале,нормално додека беше помал немавме некој незнам каков муабет но сега години уназад е веке супер,он има 23 години и со девојка му заедно го шетаат син ми,и имаме одлична комуникација
Се си е ок со брат ми и фала му на господ што го имам, ама имам проблем со него ,т.е со моите родители околку брат ми. Буквално се што ќе посака му дозволуваат. Еве сеа најново е славењето роденден во вулкан. Значи мене ни еден роденден не ми го направија како што требше. Во прво во кафич го правев , абе на прваче што иде во кафич да му го правиш роденденот...... Ама ај во второ и трето го правев во пицерија со 3 деца. Секое дете би посакало да го прави роденденот со сите другарчиња а не три ... Ајде тоа е најбанална работа со роденденов. Друга работа , цел живот ги премолев да ме запишат на танц , они не на ракомет ќе одиш. Брат ми исто изрази таква желба за на танц , ама во истиот момент го запишаа. После за драма. Ги премолев да одам на драма , не . Животот на актерите не бил убав. Брат ми исто посака на драма , одма ајде на драма. После друго нешто. Дојде време за запишување во средно. Ги премолев во орце да одам , не орце не било за мене , вакаво било такво било и ме запишаа во карев, ама кој ме прашува дали ми е убаво.Е сеа фали да го запишат во орце и крај да биде...Еве друго нешто има подобар телефон од мене. Мојов цело време се исклучува , ама нема врска битно брат ми да е задоволен. Ради него не отидов на последната екскурзија во 8мо. Цел клас отиде , само јас не...Зашто? епа страв им било да го пуштат брат ми кога ке оделе они на екс. , а па ако мене ме пуштеле , ќе се налутел. Феминки , можеби не е нешто озбилно, ама секој ден сум нервозна поради овие работи. Дајте некој совет , било што, многу ќе ви бидам благодарна.
Имам проблем со брат ми, поточно тој има проблем со училиштето. Сега е второ одделение, но уште од градинка, кога има некој проблем со училиште, кога не може нешто да научи, или не му е јасно, плаче. Не сака да разговара со никого, ниту да праша дали некој може да му го објасни тоа што не му е јасно. Се обидувам постојано да го прашувам што не му е јасно, заедно го пишуваме домашното, но немам доволно сила секој ден да работам со него. Значи, и јас сум ученик, имам домашно и тестови речиси секој ден. Сакам да му објаснам дека може да праша, но не знам како. Му велам :" Даде, ако нешто не ти е јасно, крени рака и прашај ја учителката. Ако не може да те види, викни по неа. Дома ако не знаеш нешто, не чекај, прашувај.", но тој повеќе обрнува внимание на плачењето. Што да правам, како да му помогнам?
треба да и го посочите проблемот на наставничката,а таа kako педагог да му помогне да се ослободи.братчето сигурно е срамежливо и повлечено и затоа така реагира.
Може некој го искарал некогаш кога не знаел нешто па сега така реагира. Разговор ќе помогне и родителите каде се? Не можеш ти да работиш цело време со него оти си имаш за учење. Помагај кога можеш.
Обично не е срамежлив воопшто, кажува секогаш што мисли. Само за учењето се потресува многу и никој не може да го смири. Мајка ми се обидува, но тој воопшто не прифаќа да разговара со неа, додека татко ми постојано работи и ретко е дома... И денес се случи истото, кога за малку ќе се изгубевме во еден град, сами ние двајцата. Му велам да не се плаши, дека татко ни ќе дојде веднаш, но не ме слушна. Почна да се тресе и да плаче. Го гушкав, го прашував дали сака да седнеме, дали сака да разговара, го прашував за што размислува, но не разговара. Само вели дека не може тоа и си плаче...
Исплашен е многу од нешто, нека поразговара со школскиот психолог или ти како најблиска почесто и со мирно потпрашај го.
имам помал брат, има 26 години студент е на еден од државниве факултети веке неколку години е во депресија бев кај него на факс да дознаам која година е ,каков му е успехот-не даваат информации само на родителите или на него се испекле неколку пати па се освестиле кога излегов од таму бев