Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на: -Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либан. -како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400. Средствата можат да се донираат од 07.08.2020 до 20.08.2020 година и истите ќе бидат префрлени на Црвен крст Либан за настраданото население во Бејрут. Црвениот крст изразува длабоко сочувство за жртвите и нивните семејства во разорната експлозија во Бејрут.