Ласте е во Хиподром т.е меѓу Маџари и Хиподром карши црквата уличката па до крај.. Сепак станува збор за рак и никакви бајачки нема да му помогнат.. Не е ова психа, па да помине.. Целото тело се бори со ракот но во случаи како неговиот не знам колку победиле
Дечки значи ова на Влатко не е ниту психа,ниту нешто што се лечи со здрава храна,значу луѓе се работи за рак,за црн рак кој го тресе 21 век за жал и ужас. Правев муабет со братот на Влатко,единствена опција е пресадување на матични клетки во Германија,за жал фондот не покрива ниту денарче,а цената на пресадување на матични клетки е 100,000 евра,незнае фамилијата сеуште што ке прави,бидејќи се работи за многу пари,а не се во можност сами да платат.Чекам во брзо време известување од фамилијата,што ке прават понатака,па ке ве известам за секоја нова работа тука.
Ах душа наша ах Влатче бори се . Обавезно да не известиш доколку има донации ако треба неколку пати ќе донирам.
Молитва, молитва и само молитва. Господ нека е со него. Во оваа ситуација треба да се молиме искрено од се срце и Господ ќе ги слушне нашите молитви. Затоа што Бог го има последниот збор.
Со голема тага и жал,ве известувам дека го загубивме нашиот Влатко.Господ да им даде мир и спокој на неговата фамилија.А на Влатче Бог да му даде мир на небото. Ви благодарам на сите што помогнавте,чувајте се.
Што збориш бе ,лелеле верував дека ке се спаси ќе се избори против се леле се здвив цела сеа кога прочитав . Нека почива во мир таков ангел како што беше Влатче ,лесна му земја Таму горе ќе му биде подобро отколку во овој свет лош и тежок.