1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за Димитар Несторовски

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од RainBow, 7 март 2014.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Апел за помош на Димитар Несторовски

    ООУ „Вера Циривири-Трена“ од Скопје почнува хуманитарна акција со цел да му помогне на својот ученик Димитар Несторовски.
    Под мотото „Белата роза симбол на нашата држава, како надеж за подобро утре на една мајка“, утре во 17 часот во Кинотеката на Македонија ќе се одржи продажна изложба на дела, изработени и донирани од уметникот Живко Поповски-Цветин. Сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Димитар.

    Несторовски боледува од прогресивна мускулна дистрофија-Дишен (Dustrophio musculorum progrsiva DMD). Медицинскиот центар за матични клетки „Ву“ во Пекинг овозможува лекување на болеста со што би се спречилa нејзина натамошна прогресија, а четиринеделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физотерапија, медицински услуги, пат и сместување чини 40.000 долари.

    Сите граѓани можат да донираат средства на жиро-сметка на НЛБ Тутунска банка, трансакциска сметка 210700000613176, со цел на дознака Димитар Несторовски-за донација. Може да се донира и на телефонските броеви 077/143-704 и 075/143-666.
    http://denesen.mk/web/2014/03/04/apel-z ... storovski/
    Иницијатор: Elennaa
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    И за мобилниот оператор T-Mobile: 070/143-117.
    Кој е во можност, ако може да донира. :)
     
  3. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ние во школо собиравме пари за класната и на крај ни кажаа дека тие пари треба да се дадат за детето.И поминуваа како касички и ја за класната имав 450 денари одвоено,ги дадов за детево и баш сум среќна што за да се излечи мекое дете ги дадов наместо за некој си украс било што за класната кога 8 март во сабота беше башка.И после јас и уште 2 девојчиња ги броевме парите и од цело школо негде околу 34.000 и нешто и баш сум среќна заради тоа.Утре пак ке поминува касичката и ке дадам пак.Се надевам дека ке оздрави :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.