1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за Никола Далчески

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од jovana03, 21 јуни 2017.

  1. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Пријатели, на Никола му е неопходна нашата помош!

    Никола е сирак, без татко. И е столб во својата куќа. Работи работа за прескомни примања, кои што не стигнуваат за еден човек, а камоли за повеќе. Никола не е сам. Има мајка, брат и сестра близнаци на 15 години, и помала сестра на 13 години. Живее во куќа во која што нема греење, струјата е исклучена, а и водата е само прашање на време до кога ќе биде уклучена.
    Иако е на далеку под маргините на нормално човечко егзистирање,Никола е свесен за проблематиката, и иако пари му се преку потребни, знае дека не може да ги добие туку така. Меѓутоа замоли за нешто.

    Бара облека и храна.
    Машка горна облека броеви L и XL, долна облека броеви 32,34
    Женска горна облека броеви XS,S и M, долна облека броеви 26,28,30.
    Секаков вид на храна која што може да стои подолго, конзервирана, зимница, тестенини е добредојдена. Па и доколку е во можност некој и финансиски да помогне, познава некој таков или слично, секаква помош, до последен денар е повеќе од прифатлива.

    Доколку сте во можност да допринесете со било каква горенаведена помош, Ве молам да се обратите кај Никола 072 242 871.

    Парични средства може да донирате на следната трансакциска сметка:
    210 5016954779 87
    НЛБ Тутунска банка
    Сунца Далческа