1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за бебето Лука

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од agios, 14 октомври 2016.

  1. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    На girl-miri, rose60 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Боки13 им помогна. Секоја чест за човеков...ѕвер. (y)(y)
    Им купи стан во Штип, им ги покри сите трошоци за цела година, памперси, млеко, облека, храна...Се покажа дека има ГОЛЕМО срце :)
    ДОдека одговорните се мислат кој да излезе и да излаже дека ќе им помогне, тој појде и го направи најголемото и најдобро дело.
    Позитивно се изненадив. Господ нека му врати најдобро, заслужува (y)
     
    На Freyja, cresa-jagoda, izi_1986 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Не преувеличувајте!
    Им изнајмил стан за цела година, на свој трошок.
    Достојно за голема голема почит.
     
    На cresa-jagoda, agios, Ketchup и 9 други им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Па и да им изнајмил стан што има врска, битно ги згрижил.
    Некои одговорни наместо ко пи*ки да се кријат зад фотељи, треба да превземат нешто, а не да чекаат Боки или не знам кој, да изнајмува станови на социјални случаи.
    Битно зимава ќе бидат на топло, во нов и удобен стан, барем ќе поднарасе малку бебето во нормални услови.
    Во нивни очи Боки е херој...нас лесно ни е да кажеме, седнати во топло, со лаптопот до нас, чајчето на маса, а на нив и едно шишенце млеко да им дадеш премногу ќе им значи.
     
    На Ицолгудбејбе, cresa-jagoda, celineparis и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.596
    Допаѓања:
    151.716
    Ситуацијата е друга и не е така ко што се прикажува
    огромен гест е ова од боки и е за поздравување браво
    сега друго
    лани имаше едно девојче по име наталија оставено само на улица го згрижи една жена од скопје ги извести полицијата и ги најдоа родителите Родителите демек се шетало само а уствари детето остевено да питачи е тоа е детето на мајката на лука од првиот брак
    набрзо после случката татткото си го земал девојчето и се разведил Мајката се премажила и родила тоа бебе е Лука Луѓево се со менталан ретардација и децата се за жалење и Лука ке биде оставен да питачи не е се така наивно ко што е прикажано
     
    На cresa-jagoda, stilas7, koritsaki и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    79.281
    разлика од неколку десетици илјади евра
    Само толку
    Во секој случак најбитно е дека се згрижени
     
    На galapce, cresa-jagoda, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Абе да во право си, ама кога ќе размислиш крај краева што е па Боки должен да им купува стан?
    Ете се покажа како хуман човек и нека продолжи колку што може и ако сака да помага...

    Е после што ќе му прават на станот и детето е нивна работа. Дали ќе го чуваат детето, дали да проси ќе го пуштат, тоа тие си знаат.
    Тој битно им помогна.
     
    На MamacitaBuena, Ицолгудбејбе и Victorian им се допаѓа ова.
  8. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    79.281
    @JollyGirl Не е должен ,далеку од тоа
    Убав гест од негова страна
    Само голема е разликата меѓу изнајмување и купување
    Затоа и беше коментарот од @sanjaeva
     
    На Dust, joy1, ALISA0000 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    За Боки големо БРААВО! И тоа што го изнајми станот не е мала работа. А многу ме изнервираа надлежните што после веста го барале Боки да му кажат дека им нашле сместување - соба во некое прифатилиште, па овој да го откаже станот. Зарем?!? Требаше барем фала да му кажат што заврши нивна работа
     
    На Ицолгудбејбе, cresa-jagoda, agios и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.006
    Пол:
    Женски
    Ма остај што го барале Боки да го откаже станот, биле во семејството кај Лука и им викале да не одат во тој стан тие ке им ја направиле куќата (facepalm)
    Да, како што се ажурни се да направат за брзо ке биде и таа куќа ахам :mm:
     
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Браво за Боки...се откажа од една бунда за сезонава (facepalm)
    Убав гест во секој случај.. само што некои работи изгледаат поинаку од она што се...
     
    На galapce, rose60, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Како ќе кажат фала на шамарот што го добија?
    Бедно државиче сме.
    Да го откажеа митингот денес и сите автобуси и сендвичи, ќе имаше доволно пари за 100 семејства во топло да ја поминат зимата....ако не и повеќе.
     
    На cresa-jagoda, LollySky, celineparis и 4 други им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.873
    Допаѓања:
    102.864
    Пол:
    Женски

    Да , кружи и видео во врска со ќерката нејзина , кажува дека мајка и многу ја тепала.. :(
    убаво е што го направи ова Боки секоја чест , треба да се помага на луѓето , но треба и еден од нив да почне да работи нешто , ајде сметките им се платени , ама што правиме за јадење , за пиење па дете се разболело и др.. прочитав од луѓе што го знаат таткото на бебево дека му нуделе работа ама не сакал да работи :?:
    (facepalm)
     
    На Dust и agios им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.189
    Знаете колку многу донации имаше за семејствово? И никој не се сликаше и не прчеше муцки пред камери. Некој со 1000 евра си врати популарност, оти толку е киријата у Штип за една година. А купишта мајки донираа и форми донираа, ама нив име побитно да помогнат отколку да се сликаат. Толку иам да кажам за Боки.

    И тука имаме една членка која чуваше туѓо дете и не излезе да се фали по телевизии. А ако одиме по примеров, требаше да нацрви уста и да вика како она се прави :)

    Ријалити чек, државата е крива што на женава не и е одземено родителското право. Таткото е вработен во МИК, ама сам си напуштил, тешко му било. Претхдното дете питач. Стерилизација. Ама кои сме ние да кажуваме кој треба а кој не треба да има дете?
     
    На Mari*, Dust, Offspring и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И јас на тоа си помислив кога правев пресметка во главава.
    За него 1000 евра се ко за мене 1000 денари.

    Ама, и јас ако сакам можам некому да помогнам, зошто на некој кој нема храна, со 300 ден. да му купиш храна за денес, да не се мисли што ќе јаде, е голема работа.
    Сите да помагаме, кој колку можеме. Иако, за жал околу мене гледам еден куп луѓе кои немаат свест за помагање. Ќе купуваат за себе, ќе трупаат гардероба, половина храна в канта ќе ја фрлат, ама не сакаат да дадат некому, а ако дадат низ нос ќе го истават.
     
    На мкд98, LollySky, agios и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Кога гледам политичарите за што се се фалат и колку сликања минат, ова е сосема солидно. Нека се слика, ако тоа го исполнува уај нот ама барем помогна, чист си е тука, без разлика која му е примарната цел. Инаку двете страни (законски е да сме поделени во се па и во вакви работи, тоа обавезно) држат и тоа многу. Помогна Боки, но кому? Дали ќе се свестат луѓево после гестов да не повторат нешто од претходно и да се оправат? Ајде една година се обезбедени (донекаде) но потоа? Мене тоа ме плаши, судбината на бебето, они двајца ич. Ама за бебето да. Не е ни криво ни должно, веќе настанало веќе е родено, нека е живо и здраво. Друго што ми дојде на памет, да не случајно е реагирано со причина која не ја знаеме? Оти некој при здрав разум да мати сметки и да се јавува да забранува хуманитарна помош, некако...
    Добро, гледаме што е и како е јасно ни е на сите, од друга страна пак многу деца се родени во нефункционална средина па израснале живи здрави. Од трета страна пак, не е лошо малку да ги земеме работите со резерва, поаѓајќи од тоа од каде потекнуваат муабетите. Бивш маж, од прв момент седнати на фб и трубат иста приказна кај стигнат. Тука примарно се работи за бебе ни криво ни должно, тие испаднаа бетер пациенти со реакциите. Мислам, од каде таа потреба? Стварно се надевам на позитивен исход од целава работа, еве Боки нека ја следи повеќе ситуацијата таму ако веќе надлежните спијат...
     
    На LollySky, kikin, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Жално за бебето, но не и за родителите. Татко му на Лука наместо да оди да бара работа на неговиот профил по цел ден споделува "Ајде да помогнеме за Лука". Не ми е јасно зошто прават деца кога знаат дека немаат пари за храна и огрев? WTF?
     
    На Dust и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    Родителите се какви што се, изначитавме секакви верзии на приказната, најважно е што Лука барем првата година од животот ќе расте во нормални услови.
    А и добро е што случајов доби медиумско покритие и воопшто многумина дознаа за ова семејство, се надевам дека институциите ќе бидат будни кога се работи за понатамошниот развој на Лука и дека ако е потребно, во вистинско време ќе реагираат да го одземат од семејството.
    Во меѓувреме да се молиме да проработи совеста кај таткото и мајката, да се ангажираат и тие и да си заработуваат чесни пари, и да не го малтретираат Лука како што тоа било случај со детето од првиот брак на мајката (ако е вистина). Мојата лична сатисфакција е тоа што Лука не е сам и на тоа бебе сега секој може да му помогне, дури и во случај да биде загрозен од неговите сопствени родители зашто секој ја знае неговата приказна. Благодарност и до Боки 13 и до телевизијата што ги снимаше, се сомневам дека родителите ќе се однесуваат варварски со Лука сега кога знаат дека некој постојано е подготвен да се грижи за него.
    Бојан заслужува секаква пофалба, да, во материјална смисла тој не е многу оштетен, но тие пари што ги даде тој, и заложбите што ги направи тој можеше да ги направи секоја друга популарна личност или било кој бизнисмен (рандом човек што има повеќе пари), ама никој не изреагира брзо колку него со такво комплетно решение (топол стан под кирија за претстојнава зима и за цела година воопшто, плус сите други пропратни донации). Секоја пофалба и за сите други кои што донирале.
     
    На galapce, Neodlucna, LollySky и 6 други им се допаѓа ова.
  19. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    20161017_135409.jpg ЌЕ ЗАВРШИ ИСТО КАКО И ОВА ! Детево е Година и 1 месец А таткому седи зад дрвјата со количката , ги пријавив всоцијално и таткому го пријавив и слики извадив од лозиго денес каде што детето што му дадов 10 ден стана и однесе на таткому, човекот здрав и прав, таа слика не ја ставам бидејќи им се гледаат лицата, но ако и тоа дете лука питачи како ова тогаш да им го одземат, не се должни децата да им студи и да заработуваат ради нивните неспособни родители, сепак лука мало е сеуште ќе видиме што носи времето. Морав со зум да сликав бидејќи ако го сликав од блиску ќе ме видеше таткому, а ова не е само кај нас ,ова е во секој град, ама дете од 1 година.. нема смисла грев ќе ги фати родителите од Господ
     
    На 24.07, Mari*, galapce и 8 други им се допаѓа ова.
  20. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    На жалост се повеке гледам И јас вакви случаеви , но сето тоа треба да го средат институциите кои не функционираат . инаку го гледав видеото од бифшиот сопруг од мајката на Лука и останав без коментар .