1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за бебето Лука

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од agios, 14 октомври 2016.

  1. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски

    Боки по повод на ова сеуште нема ништо изјавено, али пак затоа објавува за Мелита каква била.
     
    На irenadaniel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    146.457
    Пол:
    Женски
    вчера ги гледав сликите на фб.и искрено се згрозив...од ум не можам да го извадам.....

    детето кожа и коски е...буквално му виси кожата од неухранетост...и да има медицински проблем не треба така да изгледа ако некој нависитина се грижи за него....а мајката окезена и се слика во болница...обична настинка да е ум ќе немаш што се вели а не па да ти е во сликае паметот....

    ме чуди зошто лекарите не реагираат и не викнале социјални служби.....она дете со нив нема да живее долго...

    жално,навистина!
     
    На Victorian, mareane, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  3. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.329
    Пол:
    Женски
    Boki pomogna i sega i mene me interesira dali zaradi humanost ili slava,pa na vakvi so toa sto im pomagaat mu odmognuvat na deteto ,super edna godina Boki im plati stan i sega tie neka udrat na vtoro i treto dete, neka gi zemat na dusa decata
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  4. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.329
    Пол:
    Женски
    Mizerija,koj kakov saka neka si bidi ni Melita ni toj ne se mnogu razlicni
     
    На lovely97 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Боки се декларираше како кум и како таков си зема одговорност. А друга работа е што од желба да се себепромовира направи ПРОБЛЕМ. Ја замаскира суштината на проблемот и треба да си сноси одговорност зошто тие малкумина кои реагираа дека тоа не е решението он вреѓаше.
    Бебето требаше да се одземе уште тогаш, а не кирија да им се плаќа. Како може да утне во проценка.
    Ја почитував неговата хуманост до тогаш, ама со овој настан ми стана јасно дека е перфидна будала желна за внимание.
     
    На Victorian, MiloMalo, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.329
    Пол:
    Женски
    Баш така го замаскира проблемот излезе херој ,но не е решение да помогнеш на некој на кого му е потребна стручна помош а не платен стан и сметки.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    146.457
    Пол:
    Женски
    На ЕденЧлен, Victorian, mareane и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.883
    Допаѓања:
    132.489
    Itno da se odzeme roditelskoto pravo. Uste na prvata strana pisav.
     
    На ЕденЧлен, Victorian, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Уште па и типот кај него на профилот пишувал дека нема да дозволи да им го земат бебето. ццц
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Сега го отворив профилот, таткото се заканува со тужби. Тие немаат пари леб да јадат ќе тужел, Бог да чува.
    Ставил скоро 18 слики демек Лука е добро, а бебево изгледа ко новороденче, до сега требаше да биде пркнато. Напишав по групите дека тоа се џаболебари,Боки им помогна, не е крив човекот ништо. Не е старател нивен па да ги гледа што прават.
    Мене не иритира фактот што државата спие, социјалните служби жмаат.
    За пакетче да не зборам, нема да мрднат ни двајцата да работат нешто.
    Кога видов се згрозив, нека се утепаат поарно и двјацата не ги бива за родители.

    Битно они ќе живеат од донации, размислувањата им се " вечито барање донации".
    Некој објави дека таткото на профилот напишал дека бебево имало леукемија ама ќе му поминело.
    Страшна работа.
     
    На Victorian, koritsaki, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Битно имаат пристап до интернет 24/7, типката тазе фарбана... Покрај се, хелекс и занфекса било она што им требало итно. Епа и една стерилизација нека ми прости господ, и под итно нека им го одземат бепчето ни криво ни должно... се испонервирав ;(
    Инаку не е тешко да најде работа таму на толку фабрики, ама овој не ни бара... жално упм.
     
    На ЕденЧлен, Victorian, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  12. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
    Ги видов сликите и ми падна во очи тоа што Лука секаде спие, е изнемоштен, делува како полуживо. На последнава фотосесија изгледа ко кукла, очигледно намерно се изнасликале во последен момент оти видоа мака од немаштијата па да присоберат уште некоја донација или да се претстават во светло на грижливи родители. Тешко и црно.
    Најмалку што се очекува сега е реакција од Боки во однос на згрижување на Лука, за возрасниве нека се погрижи психијатриска институција. Ама најмалку! И Менче Точи да го актуелизира случајов уште повеќе па да им тропне некоја служба на врата кај злоставувачиве. Верувам дека реакцијата на Боки нема да изостане, а и претеравме во надежите дека Боки ќе се грижи за Лука како нормален кум за неговото кумашинче. Да го надгледуваше тој досега бебево и да се грижеше за него како шо и најавуваше воопшто немаше да дојде до ова.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Јас сега го читам ова! А таман Боки го испофалив во јавни фаци, ау значи неее!

    Знам дека се сликаше, ама не знаев дека родителите се наркомани и дека е ваква ситуацијата. Како да ја побарам групата на фб?
     
  14. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    А што ако детето имало гастроезофарингеален рефлукс, т.е. не може да се храни поради тоа што целата храна му се враќа низ хранопровод? И затоа не напредувало, а сега по операцијата ќе закрепне и ќе напредува нормално. Битно се изнаруга цел фејсбук душегрижнички.

    Не сте ни свесни какви се ситуации има по Македонија, деца има и шуто и рогато, што би се рекло родени па фрлени на улица , а социјалните служби ни со мал прст не мрдаат.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Никој не се изнаплука по можната болест на детето, туку се изнаплука по суртуциве што го склепаа а не се грижат за него. Човек им плати кирија за година дена со се сметки струја вода, они бараат некој да им донира топломер за детето. Епа да ти се посерам во неспособните, еден топломер не кошта повеќе од 200 денара, лупам.
    Дали ти мислиш дека е нормално загрижена мајка на која детето од 2-3 месеца и е оперирано, да се слика окезена над болничкиот кревет во кое оно кутрото лежи?
     
    На *Amethyst*, referentka, agios и 6 други им се допаѓа ова.
  16. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Конкретно мислев на тоа што сите се фокусираа на тоа дека детето е неухрането затоа што не му давала храна мајката.
    Ако не друго, инстинктот ги тера и животните да ги дојат малите, и да нема памет инстинктот ќе ја води....
    Ама малото не беше неухрането поради тоа што никој не го хранел туку поради болеста.
     
  17. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    146.457
    Пол:
    Женски
    Сакав и јас да пишам ама се воздржав за да не се расправам...

    На другарка ми детето страдаше и беше оперирано од ГЕР ама не изгледаше ни налик вака.... Кожа му виси.. Прегладнето е.... Ако се грижеа адекватно ќе беше пркнато малку.... Назадува детето....

    А тој дибекот од татко се заканува преку фб....

    Некој моли и гребе од очај за дете... Некој вака....

    Ако продолжам од гнев ќе кажам нешто што не треба... Ама душа ме боли кога станува збор за дете.
     
    На ЕденЧлен, Victorian, manja666 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Сфаќам, и мене децата ми се слаба точка, работам во училиште. За жал кај нас нема институција која навистина се грижи за децата, законски кај ова малово морала да оди патронажна сестра која при било каков сомнеж мора да ги алармира надлежните. И социјалните работници морале да ги посетуваат одвреме навреме, а не да пишуваат извештај од канцеларија.
    Кај нас само си ја префрлаат топката од еден на друг.
     
    На mareane и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.790
    Допаѓања:
    270.485
    Пол:
    Женски
    Вакви случаи има доста низ државава,нестабилни родители и семејства за кои едноставно треба да се поведе мноогу поголема сметка од страна на институциите особено Министерство за труд и социјала.
    Има еден куп вработено кои седат по канцелариите ,ги знаат ваквите семјства и ништо не се превзема.
    Има многу деца кои многу подобро во животот би поминале ако се одземат од нивните родители и се одгледаат во дом отколку со своите семејства.
    Ова е еден голем домен каде државава и те како затајува/
     
    На WORRIED.BT, LollySky и joy1 им се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.978
    Пол:
    Женски
    Родителиве не се салам , понекогаш Бог греши на кој дава деца :( оваа мајкава баш сега ги вреѓа по затворениве групи жениве што донираа облека и храна за бебето. Срам да им е :((
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.