Се сложувам, во право си. Самата држава треба да води грижа и надзор за ментално заостанатите луге, да процени дали можат да функционираат самостоjно и да ги едуцира како и дали да планираат семеjство и да се заштитат од несакана бременост. Ако се работи за психички болни, да се процени дали се опасни за себе или околината, да се контролираат дали земаат редовно терапиja и функционираат нормално и одговорно. Сепак не треба и не смеат да бидат препуштени сами на себе
Државата не ни функционира ко прво асално за да водат грижа. Штетата е направена по цена на бебево. Се криеле од социјални служби, криеле документи,таа сакала да го остави малото во болница. И на крај не исплука нас со дадовме пари и помош бидејќи немаат веќе, освен памперси. Бебе не се развива од памперси, само на кого да кажеш.
Колку и да е сурово мислам дека некои луѓе едноставно не треба да бидат родители.Уште кога молеа првиот пат за помош ми личеше на глума.Тие не бараат помош за да ѓи побутне во животот туку се паразити на кои не им се работи,а детето го користат како инстумент да изнудат сожалување од луѓето и да им дадат повеќе помош. Не се психички стабилни се гледа од однесувањето нивно.Погоре видов муабет дека секој заслужувал дете.Не, не треба секој да има дете. Ќе кажам само пример мм работеше еден период во Словенија во село каде живеат само луѓе со посебни потреби.Им ставале редовно инекции за да не остане некоја бремена. Понечовечки е да се роди дете и да се мачи со таквите родители,отколку да не се роди воопшто...
Нив не има треба помош за Лука! Нив им треба помош од психијатрија за да се излечат. Јас бев една од тие што ги пријавив кога го кажаа бројот кај треба да се јавиме. Покрај сета помош што ја имаа бебето го доведоа до 1500 грама , зошто ? Зошто? За поблицитет и за жалење за да искористат они андитедепресиви. Кажав на тој пост ќе кажам , кажав и на социјалната служба , дека ако им се одземе тоа бебе сакам да поднесам документи за посвојување . Но сега е тежок случај , треба мвр да ги следи , треба со психијатри да разговараат па ако они одлучат тогаш социјалното го зима. Тоа го добив како одговор од нив.
На неговиот профил таткото си се тетовира Лука и Биле во срце, инаку донации бараа пред неколку месеци. Бебето си е супер си напредува после операцијата се поправи поголемо главче од мајката има
Јас вчера го споделив по групите, но за кратко време го тргнале од фб со образложение дека е вознемирувачко видео. Среќа, го прикачиле на јутуб, а дечкото што снимал е малолетен. Јас сум запрестена, ова е уште поголем доказ дека институциите спијат! Детево се брани, знае што го чека значи постојано е малтретирано без причина. Исто и вчера доби шамар затоа што се качило на клупата што според мене е безвезе за тоа да се тепа дете. При разговор со една пријателка на фб, пред некое време заклучив дека Лука го разболуваат за пари. Билјана се активираше во една од групите на фб барајќи донации, млеко и пелени, после бараа креветче. На крај мажот и пишуваше од кај неа на профил, фалејќи се како тие зимале 19.000 денари месечно и сега за Лука ќе зимале помош. Збореа како Боки ги излажал, им го зел станот, педер бил вака така а тој им даде и повеќе од потребното. После се дигна фама дека подареното млеко и пелени го препродавале, потоа мене ми пишуваше во инбокс и ми праќаше слики како идат и јадат по кафани. Е ова беше врвот. Ова ако не е доволен доказ дека двајцата не треба да имаат деца во рацете не знам што е тогаш. Овие треба да се затворат во некоја установа соодветна за нив, повеќе би рекла дека се за во установа за ментално здравје, а децава да се посвојат. Толку злоба немам видено во некој човек спрема дете, не го сакаат. Нејзе мува не ја лази, си го гледа второто дете, мизерија, и цело време по болници. Македонија и институциите ги поздравувам, ако после ова видео уште мирно спијат, алал им вера.
Кога читам вакви работи имам панични напади ужассссс.. Да го разболуваш детето за пари да зимаш. Тај гад од татко одма во лудачка кошула
Имаат уште едно дете тие, ако не се направиле и трето во меѓувреме. Како да се повлекоа од јавноста, ги снема после скандалот кога го тепаше овој детето.
Мислам дека Лука беше детето што го тепаше тој на автобуската. Не се сеќавам дали им го земаа Лука е на мајката овој му беше очув, а женското им е заедничко тоа после Лука го добиле.
Жената го остави и се врати кај поранешниот маж. Двете деца се со неа. Тој бараше донации цело време, а скоро прочитав дека бара парични средства за лекување рак на желудник.