1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за бебето Најден

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од ivanovicka, 14 април 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Во саботата бевме во АБЦ и однесовме се што имавме дома од Андреј од новороденче, па сакав да прашам дали и некоја од вас беше таму? Искрено сеуште неможам да се соземам од гадостите што му се направиле на тоа мало срце, а се прашувам каде ќе оди сега тоа душиче ?По мене е најдобро веднаш да го посвојат и воопшто да не оди по домови да не осети на себе , а МВР поинтензивно да работи на тоа да ги најде идиотите што му го сториле ова на малечково срценце....леле неможам да се смирам. :envy: :envy: Што мислите вие,да се организираат уште вакви акции ?
     
    На Cliona, bitol4anka и MacenceEna им се допаѓа ова.
  2. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    НАЈДЕН

    Извини ама јас не те разбрав добро,ако сакаш малку поубаво објасни,не сум во тек. :P
     
  3. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    НАЈДЕН

    Најден е бебенцето што беше најдено во селото Арачиново фрлено во двор со отсечено јазиче кое се наоѓа на детска клиника и кое се бореше за живот но сега состојбата е фала Богу стабилизирана па се покрена една акција во саботата за собирање на пелени облека и се што е потребно за бебе па сакав да активирам и овде тема како би можеле и во иднина да се организираме сите ние како мајки и за други дечиња на која им е потребна помош.

    Знам дека има теми зза хуманитарн акции па ако мислите дека тука не е потребна оваа тема избришете ја .
     
    На bitol4anka, kikkki и Lepaaa им се допаѓа ова.
  4. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    НАЈДЕН

    Дури сега разбрав дека имало акција денеска во парк да знаев ах само да знаев...
     
  5. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    НАЈДЕН

    Јас ја поздравувам и поддржувам оваа акција... :clap: ...за жал не можам да учествувам директно бидејќи сум од друг град,не сум од Скопје. Па ако некоја феминка знае некоја дополнителна информација како може да му се помогне нека пише овде..тука сме да помогнеме :)
    Иначе сум згрозена од тој варварски и монструозен чин на осакатување и обид за убиство на едно малечко и невино детенце, со совршено кристална душа...Мразам неправда и тој што го сторил тоа не е човек туку демон .Се надевам дека ќе го пронајдат и ќе си ја добие заслужената казна.Само се прашувам која ќе биде таа зошто за вакво злосторство и смртната казна со стрелање ќе му биде награда :@
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    НАЈДЕН

    Мислам дека и на клиника може да се однесат памперси и се што е потребно за бебенцето , не сакам да верувам зошто знам што значи да бидеш мајка ,да родиш , претпоставувам дека бременоста била криена ,затоа што не е пријавено исчезнување па истрагата на МВР сигурно ке потрае ,кој и да го направил овој ужас секоја изречена казна ке биде мала
     
  7. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    НАЈДЕН

    Aааа,да слушнав на вести нешто ама не дослушав.Да,проклетници,ама не знам што им смета,бре зошто се хранат мачејќи невини луѓе,деца...Не,не навистина не води ова никаде,да ти е страв да излезеш до маркет. :envy: И да,и јас не сум од Скопје,па како тоа донацијата да ја извршиме ние што сме од други градови?
     
  8. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    НАЈДЕН

    Криена не криена бременост не го сакала/ле , можеле да го остави/ат во дом културно не да го фрла а пред тоа да го мачи . Сите малку совесни сакаат да помогнат таа/ некои го мачеле . Нели има совест сега кога гледа дека многу луѓе сакаат да му помогнат не знам како ја/ги држи совеста сам(а)и треба да си се пријави/ат
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    НАЈДЕН

    Moже не го мачела мајката, кој знае....Секаков народ има леле душичка што згрешил па така да е казнет за да се мачи штотукуроден. Може бил киднапиран па мачен.Не ми се верува дека мајка би сторила такво нешто.Само нека остане жив тоа ке биде најголема казна за мајка му ако таа е сторителот.
     
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    НАЈДЕН

    Се изнаплакав за душичево ;(
    Како? Како бре можеле тоа да му го направат на бебенцето :x Зарем мирно спијат сега, зарем не ги јаде совеста... Добро рекле Не секој заслужува да биде родител.

    Многу ми е мило што бебчево е добро, се надевам дека ќе издржи до крај, дека ќе се најдат добри луѓе и ќе посвојат и ќе му ја дадат цела своја љубов и внимание.
     
  11. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Добро рекле,да,некој ќе раѓа и ќе ги фрла децата,а некој ќе дава илјадници за да може да биде родител,или пак и никако не успева.Ама незнам,неможам да сфатам,какво право,каква еднаквост?
     
    На friendy, Veki4kaa, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Боже..кога слушам за вакви работи душава ми се стегнува ;( ..па како имаат срце да му направат такво нешто на невино бебенце..Ај да даде господ да си го зема некое добро семејство, да му пружат љубов..Срценце ауф колку ми е жал..ама се има на тај свет :( :(
     
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Баш сега на вести слушнав дека имало интерес за посвојување на Најден ..
    Македонски иселеници сакале да го посвојат,исто така имало Македонец што живеел и работел во Германија,сакал да дава парични средства во вид на издршка секој месец.Секоја чест за таквите луѓе..
    Исрено,се надевам дека набргу ќе биде посвоен во семејство кога ќе му пруже љубов..
     
  14. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Арачиново, место со албанско население, не ме изненадува, што и да се случи.
    Чичко ми поминувајќи покрај едно село со доминантно албанско население, за малку ќе прегазел дете, детето било преплашено, па згора на тоа, кога дошле цела фамилија на детето, му мавнале крвнички ќотек, каков што ние ни на непријател не би му дале, па дури и истовремено му кажувале на чичко ми да не се грижи, демек дете било, што има врска, друго ќе направиме, имаме уште 4-5 деца и 3 ќерки. Самиот пример нека ви кажува се.

    Причини можат да бидат милион, оставено е нашата имагинација да работи, додека мвр не среди.
    Жал ми е што не сум во Скопје и не можам да донирам, но верувам дека други добри луѓе ќе соберат уште повеќе од ова што го има Најден.
     
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Сакам да кажам за два аспекти во врска со случајов.

    Најпрво, за да не бидам погрешно разбрана, да кажам дека многу ме натажи случајов, не можам да замислам какви нелуѓе постојат. И други пати биле и ќе бидат оставани бебиња (за жал), ама самиот факт дека било гушено околу вратчето, со синици, со пресечено јазиче и фрлено над суви гранки, уште толку дава лоша слика.
    Кога слушав на вести, морници ме лазеа, осеќав болка на мене од жал.

    Ама, две работи сакам да ги кажам.

    Прво, се сложувам дека треба да бидеме хумани, секогаш, не само сега. Но, зошто од болница бараат пелени и влажни марамчиња? До тоа дно ли стигнаа нашите болници, за еден вонреден случај, да немаат пелени, марамчиња и други средства потребни за бебе?

    Второ, некој се понудил месечно да дава пари за бебенцето, имало барања за посвојување и друго. Јас посакувам ова душиче да биде во среќно семејство и да ги преброди овие трауми (иако е бебе, си има влијание), ама да не дозволиме да мора да се случи вакво нешто за да се освестиме.
    Има и многу други оставени дечиња по домовите. Кој сака да биде хуман, нека биде секогаш. Да научиме да си помагаме еден на друг.
     
    На forumka, imelda, sunfemina и 4 други им се допаѓа ова.
  17. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Господ нека му помогне ,да порасне здраво и среќно без никакви трауми ,кутрото тоа ,што му згрешило на светов па така да биде мачено?
    Душава ме боли за него ,да даде Господ главите да им ги искорнат на тие гадотии што го измачувале милото тоа! ;(
     
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    34.263
    Пол:
    Женски
    Многу се растажив за бебенцево , а воедно и многу бев срекна кога проЧитав за акцијата за собирање помош
    Колку хумани луге собрале по нешто за малото срце
    Да бев во Мк , секако ке однесев нешто :(
    Се надевам ке се подобри состојбата
     
  19. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Кога ја отворив оваа тема беше на едно друго место, и муабетот ми беше дека Најден треба да ни биде само повод и причина за да се организираме сите ние што сме на форумов , и мајки и жени , и мажи и девојки и момци, значи сите ние , не само од Скопје, со една акција на месечно или на квартали собирање на облека и се останато и да се донираат сите работи кои се потребни за дечињата (Во Битола, во Скопје, ) кои се без родители и на кои им се најпотребни сите овие работи , кои на нас веќе нема да ни бидат потребни.Значи син ми веќе има три месеци и како расте ги израснува алиштенцата па можам јас да ги собирам и здравје боже да се организираме (ако се организираме ) да ги соберам и да бидат пратени заедно со облеката од други дечиња што други мајки ќе ја соберат и по пошта или преку некоја феминка од Битола (само за таму знам за дом за дечиња бебенца ,ако има и на друго место кажувајте) на начин на кој ќе се договориме ...на ваква организација мислев да се направи преку овој сајт сите ние феминки и фемини ..... што мислите за идејава .........Одамна ја мислам да ја покренам само ми треба подршка ....Поздрав до сите хумани луѓе ..... :inlove:
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Не ми е јасно како некој може да се иживува на недолжно бебе кое не по негова желба дошло на овој свет? Некому ја подарило таа среќа да биде мајка, да биде родител, а судбината го фрлила во лоши раце кои се надевам ќе се исушат по ваквите гадости што му ги нанесле на едно невино суштество. Па ако не го сакале, постојат домови, му дале живот па после го давеле, му го сечеле јазичето и што уште не... Абе неможам да помислам, ми се превртуваат цревата а не да го направиш тоа и без око да ти трепне секој ден да слушаш на тв да зборат за него и да се криеш и ќутиш. Ама од совеста каде ќе се кријат, ако воопшто ја имаат, а ми изгледа дека не, зашто ниедно човечко суштество не е способно за вакви гнасотии. Се надевам само дека во најбрзо време ќе се најде некој кој на ова злато ќе му ја пружи сета љубов која ја заслужува ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.