1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за бебето Најден

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од ivanovicka, 14 април 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Многу ми е жал за бебенцево , јас како и секоја мајка се згрозив од случкава.
    Не верувам дека е мајката во прашање, како што некој спомна погоре сигурно е прикривана бременост , нели заради честа и ред други работи што ги има кај Албанците.
    Криво ми е што касно го прочитав ова за донациите па не отидов !
     
  2. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    jaс дури денес слушнав на вести за бебенцево,кога слушнав дека му бил сечен јазикот и било малтертирано,се згрозив,ма какви монструми лазат по земјава,да се изживуваат врз едно мало и недолжно бебенце,какви бездушници ;(
     
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    За тоа тука гледам,сега и неможам а да не искоментирам за ваква постапка.
    Искрено се згрозив од помислата.Кутрото бебенце што ли им згрешило за ваква монструмска постапка, верувам.. не, не верувам- убедена сум дека тоа не е криво за ништо..Немам што да додадам запрепастена сум од помислата со кој го делам светов, воздухот и се останатото во земјава.! ;(
     
  4. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Со кого го делиме воздухот Боже!! Ме згрозува помислата како може вакви луѓе уште да чекорат по земјава, за нив треба јавно погубување на плоштад. Кој и да го направил тоа незнам како може навечер мирно да легне да спие.. стварно. Нека му служи на чест, се надевам искрено дека него уште полошо ќе го снајде.
    За донацииве незнаев, инаку би отишла, имам дома многу работи бебешки од мене и од брат ми што останале и би ги дала радо. :x
     
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    го прочитав текстов и останав без збор и без здив...
    Најден...

    Бебе што га родила мајка - немајка. Бебе што га направија татко - нетатко. Бебе што га спасује докторска рука и мука, нечија купена пелена, млеко што нема укус како од мајкину цицку измузено. Сви сестре на одделение су и куме, и бабице, и мајке и помајке. Они га крстиле такој. Нашле га, па ајде Најден нека биде. Сас среќу име, јуначе.

    А у Најдена се крие исечено мало езиче. Сас прљави ножице га секле. У сопствен крв се 2500 грама давиле. У Најдена се види и давена мала гуша. Која ли сила требаше тој мало вратче да се задави? Како се стиснасва прсти? Гуша е модра, а прстиња како смоки, мрдкав под стакло наречено живот.

    Сретнасмо се ја и Најден он'ј д'н. Ми едноставно мораше да се сретнемо. Дојде ми на с'н некоја његова, до т'к невидена појава. Ми се ипак сретнасмо. У стерилни услови, ја загадена од сви животни бљувотине, а он, чист како сви онија мои слузе што ми испокапасва док он дишеше у некои цевке. Цевчиња, носив кислород у плуќа мали намучени, и они брзав да донесев свеж зрак у груди неоформени. Крв се наѕира од мало усте, ама сестре викав, ништо не е, тој ќе се измие.

    Проклет старт на сам живот у овуј планету. Не се родија, а он е веќ намучен. Намучен, застаклен и модар. Најден е од живот веќ најден и затечен. Сам у стаклено ѕвоно, лега и чека његов живот да оживи.

    Чедоморци га добро осмислиле злочин. Злочин над злочини. Сас саму помислу да створив дете кое ќе се котрља по дворови налик ѓубре надомак Орланци, злочин е добија карактер на предумислу. Носи га девет месеца, чекај га човек да биде за да после га казниш сас ножице и стиснату руку јер је Најден у живот колатерална штета на нечие излиено семе. А закон за тој дело вика, дајте благу казну јер можда e мајка у момент била жртва на пост-породилну депресију. Од три месеца до три године може несовесна мајка да одлега. За пресечен език кој треба цел живот да мумла и да не каже ни збор, зајеби. Мајка е била у плус фазу. Татко е небитан. Он е туј само да напумпа. Има држава домови, задавите га, па ако преживи, среќно му било.

    Закон вика што вика, ама ете, некако не им иде од руке на овија од закон да гу најдев депресивну мајку. Она ваљда шета по чаршију и си мисли, никад нема да ме најдев. Криј се мајке, земи и поново истреси нечиј живот у црну вреќу па гу фрљи куде ти очи гледав.

    Ја и Најден се сретнасмо. Сестра вика чукни му на стакло, дај му вољу да преживи. Два пута у торбице му носу пеленке, марамице и мало мече да му стои и да му збори док оно дише. Чук, чук... Најдеееннн... И у т'ј момент, Најден почна убрзано да дише. Можда сакаше да ми каже нешто, можда ме молеше да га зему у руке и да му обеќам дека све ќе биде добро. Ама сестре лоши, не давав. Ајде, не плачи бебе. Тамо не си сам. Цела војска се бори заедно сас тебе. Сви сте борци за слободу тамо. Сви испод стакло, чекате уместо на струју, да добиете ваздух што ќе иде преко мали носиња.

    Твое е само да преживиш, да се избориш сас изнемоштеност, сас инфекцију која те једе од прљави ножице, да заздраве мало езиче кое после ќе целива девојке по сокаци. А наше е да мислимо на тебе, да гу терамо државу да те згрижи, некои добри људи, како свое да те прифатив.

    Ја и Најден се сретнасмо. Он ме задужи увек к'д возу по стар пут за Скопје, низ канали поново да фрљу око. Плаши се да не има тамо још некој живот кој чека да га види некој. Кажа ми дека све е живот небитно осим оној што си га родија и створија. Само за потомак душа боли највише. Само су они мотив да се живи.

    Најдене, Најдене... Фала им на тија што те најдесва. Фала им и на тија што те створисва. Ти си само доказ дека у живот још увек важи животна мудрост што вика роди ме мајко сас к'смет, па ме фрљи на буњиште. И они те стварно фрљисва, и твоја среќа тебе те чека, Најдене. Немој ич да се секираш. Од свои биолошки родители, не си могаја живот да видиш. Штом сакале да те удавив, ти си за њима бија зло од кое мора да се откачив.

    А и још овој да ти кажу, па продужи да се бориш...

    ТИ си Најден, и роден си у државу која е најдена и затечена. И твоја држава Најдене дели исту судбину. Б'ш како на пут најдена, сви гу ритав и подритујев. И нас не не сакав лоши комшије. Ем не су не направиле, ем да не уништив сакав, Најденче мило. Република на пут најдена, сакав да не викав. Сакав да не прекрстив, па да ни га исечев език, да не можемо после "а" да кажемо. Дека смо најдени, а него дека смо плод на нечију борбу за слободу, сакав да не натерав да мислимо. Некој не родија, а друг сака да не уништи. А ми отпор давамо. Нејќемо некој на пут најдени да не вика. И ти не смееш тој да га дозволиш. ТИ си роден у Републику Македонију. Такој ќе ти пишује у извод на родени. Македонци, Албанци, Турци и Роми ќе те изгледав, македонски син да бидеш.

    Ножице на комшије су одамна у њини руке. Цела сурија доваѓа овде и вика, ајде Најдени, исплазите език. А да не давив, давив не откако смо се зацелиле. Они стискав, ми диши, они још посилно, ми још посилно диши. Цевке у нос ќе се закукав од нашу вољу да преживимо.

    Најдене, бебе ти малецко, намучено...

    Твое е да дишеш и за себе, и за нас, и за твоју државу што те чува и која не е на пут најдена, па да се вика Горња, Долња, у средину. Ми си имамо име, и ти си имаш име и тој смо ми. ТИ не си апатрид. Ти си роден у Републику Македонију и тој е твое државјанство. Ти си Најден Македонски.

    Легај тамо куде добри сестре, што понекад су лоши к'д те боцкав. И онај докторка што те слуша сас ладни направе е понекад лоша. Ама сви су они добри. Сви те они сакав. И цела држава те сака Најдене.

    Диши длабоко, Најдене

    Живот е пред тебе

    Живот у твоју државу која се бори исто како и ти

    Диши длабоко и не се секирај. К'д ќе искочиш од стакло, ми и даље Република Македонија ќе се викамо. Не смеемо да дозволимо и покрај триста милиона руке што давив и стискав, език да ни га исечев, у сопствен крв да се давимо.

    Диши длабоко, поручује ти автор на ов'ј текст што дома има два живота што раснев како тебе

    tomovska.sandra@gmail.com
    извор: off.net.mk
     
  6. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Не можев ни да го прочитам до крај од жал.Како ли можееле ова да му го направат ц ц ц.Како имаа срце??Како ли го слушале неговиот плач додека го мачеле вака што им било криво тоа мало суштество.Господ нека им суди животние.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Се прашувам колку од вас згадени со две педи постови гадења однесоа пакет пелени и влажни марамчиња? Или оставиле пари да се најдат да му купат тоа што треба... Или барем бевте го градски парк да однесете некоја донација пред десетина дена...
    Убедена сум дека ако го направевте тоа ќе дознаевме секако, ќе си пишевте де...
     
    На Ordinary, baby-star и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро,што ви згрешило детето па да му го сечете јазичето ? Со која совест е таа мајка ? Бог да чува.Заслужува најстрога казна ! НАЈСТРОГА ! Да ви се плукам во луѓето глупави,да ви се плукнам.
    Да се најде мајката и не јазикот да и се извади,очите да и ги извадат !
    Да се немало осет.
    Јуначе е малото,ќе преживее...
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Најден ќе добие ново јазиче!

    Тимот американски лекари кои деновиве се на работен престој на Детската клиника, откако ги извршиле сите детални прегледи на Најден, донеле одлука дека е неопходна операција на јазикот и ја закажале на првиот ден штом Најден ќе наполни три месеци.

    Директорката на Kлиниката, Аспазија Софијанова, вели дека завчера тим американски и македонски лекари во една од операционите сали извршиле детален преглед на детето.
    - Операцијата ќе ја извршат американски лекари во Скопје, со помош на македонски хирурзи. Американските лекари утврдија дека всушност голем дел од јазикот на Најден е отсечен и тоа што останало е одвај во функција. Најверојатно тие што го сториле тоа сакале да му го откорнат целото јазиче. Kога Најден дојде во болница му беше закрпен коренот на јазикот, сега е потребно да се направи реконструктивна операција. Тој е сега во стабилна здравствена состојба. Овој случај ги затече и лекарите од Америка зашто досега не се случило да работат со пациент што се родил без јазик бидејќи нема таков – вели Софијанова.
    Таа е оптимист и вели дека по реконструкцијата на јазикот Најден ќе може без проблем да јаде и зборува, но ќе биде потребен долг период да работи со логопед за да може говорот да му биде артикулиран.
    Тимот американски лекари го предводи доктор Таб Kалбсрон. Тој вчера изјавил дека Најден е стабилен и дека ќе се обидат да му помогнат.
    Извор
     
    На WarriorAngel и sanjaeva им се допаѓа ова.
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Бебето Најден се бори за живот на интензивна

    Најден, четиримесечното бебе најдено во Арачиново, фрлено и осакатено од најблиските, деновиве повторно води битка со животот, велат лекарите од Детската клиника, извести Дневник.

    Аспазија Софијанова, директорка на Kлиниката, вели дека состојбата на Најден се влошила во саботата навечер.

    „Најден има проблем со едното белодробно крило. Сега се наоѓа на одделението за интензивна нега, целиот медицински персонал му е на располагање. Правиме сe што можеме за да го закрепнеме. Тој извесен период беше сместен на одделението за доенчиња, имаше своја соба и нега. Но, треба да се знае дека тој беше со кревко здравје уште од денот кога е донесен во болница“, вели Софијанова.

    Изминатиот викенд понесени од изјавата на директорката на Kлиниката, Софијанова, дека Најден не се смее, група млади скопјани посакаа да измамат насмевка на Најден. Тие решија да пеат и да го донираат својот џепарлак само за една мала насмевка од Најден.

    Арманд Велјан, Стефан и Столе Стоилов, нашиот ракометен репрезентативец, и нивните десетици пријатели организираа настан за паметење - се обидоа низ песна и забава да соберат пари и да му купат играчки на Најден, известува Дневник.

    Пријателите на Стоилов и на Вејлан за еден викенд успеале да соберат околу 12.000 денари. Во „Галерија 8“ во скопската Стара чаршија викендов имаше караоке, за кое секој учесник донираше скромни 50 денари. Исто така, сите пари од продажбата на „Горска вода“ замина во фондот за Најден. Во саботата, по 22 часот, во кафеаната „Ројал рустикана“, позната како „Рори“ меѓу помладите скопјани, пријателите на Најден собраа околу 7.000 денари.
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
  12. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.690
    Пол:
    Женски
    Се изнаплакав...
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Значи некои портали стварно не знаат како да го состават насловот. Пред некој ден прочитав дека ќе го оперираат и денеска читам наслов дека не издржал и дека ги затворил очињата. Ми беше жал и не го отворив да го читам, си реков детето си ја предаде душичката. И потоа гледам од друг сајт пост (мислам дека беше од точка), значи ЗА МОМЕНТ што пишале многу менува. Го отворив и видов дека всушност бебето е добро. Фала богу...
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Нека и служи на чест на неговата биолошка "мајка",искрено и од срце и посакувам и на другиот свет да ја прогонува вината за она што го направи.
    Како може? Камен да беше ќе пукнеше..ни збор ни глас од неа,зарем до толку може да оди човечката рамнодушност?
    Можеше се да направи,СЕ,освен ова..
    Луѓето се молат секојдневно за да добијат дете,одат на секакви места за да успеат во тоа,а она што прави?
    Го раѓа и...(неможам ни да го напишам од што сум згрозена од постапката)
    Само еден е Господ,нека биде негов чувар,кога незнаеше некој друг да биде.Душичка мала...
    А оваа бел ден да не види,срамота!!
     
    На zalosna, L-a-r-a22, Umbrella22 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Некој си посакува детенце како лепче и воздух, а некои монструми прават вакви одвратни ѕверштини.
    Се надевам бебето ќе остане живо и здраво, само нека напредува и некои добри луѓе што заслужуваат да се наречат родители ќе го усреќат.
    А биолошките... на клада.
     
    На vitomir, gwen и Irrepleceable им се допаѓа ова.
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Се изнплакав додека читав ;(
    Како бе имале срце тоа да го направат, како не им било жал за детево.. како можеле...
    Искрено се надевам дека Најден ќе успее и кога ќе порасне, ако се сретне со неговите, да ги плукне у фаца, тоа заслужуваат и многу повеќе :@
     
  17. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/12 ... iot-Najden

    Нека му е лесна земјата, да си најде мир душиче миличко.А толку се надевав дека ќе има убав пресврт во животчето.Срценце.
     
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Златно тоа душиче, ме потресе многу ова. Се надевам дека е некаде каде што му е поубаво, каде што нема злотвори што сечат јазиче на бебе и слични психопати... Ангелите нека те чуваат, ангелче...
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.656
    Допаѓања:
    95.764
    Пол:
    Женски
    Почивај во мир ангелу мал, вивни ги твоите мали ранети крилца во облаците и тркалај се по белите падини на небото, чувај ги сите мали ангелчиња како тебе кои се оставени на светов сами. Оние кои те повредија сонце мило сега живеат со еден живот на совест, сега веќе никој не може да те повреди. Биди ни ѕвезда водилка на небото ;(
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Толку имав надеж дека ова детенце ќе се спаси и ќе постигне многу, но за жал, така требало да биде.
    Ништо нема да речам, Господ си има свои патишта кои ние често не ги разбираме.
    Да се надеваме дека е на подобро место од суровиов свет во кој се родил.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.