1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за бебето Најден

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од ivanovicka, 14 април 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Срце мало, нека почива во мир. Многу се растажив кога слушнав. Какви родители се тоа... :(
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.111
    Пол:
    Женски
    Душичка малечка. Нека почива во мир. :sweat:
     
  3. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Многу се растажив поради лошата и жална вест! ;( ;( ;( А,Господ се гледа и се враќа,така што јас сум илјада посто сигурна дека ќе ги казни тие негови несовесни,никакви и луди родители што се обиделе да го убијат така мало,незаштитено,невино и чисто! :@ :devil: Почивај во мир Најдене! :angel: :inlove: Почивај во мир! :angel: :inlove:
     
  4. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Душичка мала, не издржа, нека почива во мир.

    Само не знам, изреволтирана сум што никој не зборува за истрагата за сторителите на овој грозоморен чин. Зарем е толку тешко да се најдат и да си ја добијат заслужената казна ако постои таква.
    Не верувам дека ќе ги убие совеста, ако имале совест немало да го направат тоа.
     
  5. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Нека си го најде својот мир на небото, кога веќе не можеше на земјата. Почивај во мир, мал анѓелу.
     
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Се бореше силно, дури и повеќе од возрасен човек, претрпе толку болки, сега си спокојно ангелче... Не те познавав бебе мало, и нетреба да те познава човек за да засака мала и невина душа како тебе .. Почивај во мир душичке...
     
  7. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Како ли само неговите родители монструми секој ден гледале мирно телевизија и слушале за борбата на нивното дете?
    Им олесни ли денес на психопатите кога слушнаа дека ова мало душиче неможеше да го продолжи неговиот загорчен живот?

    Многу се растажив за ова мало а силно срценце, кое чукаше со сите сили се додека можеше. ;(
    Злото е секогаш појако од доброто, но можеби некоја сила го спаси ова невино детенце да не дознае никогаш какви монструми го створиле. Му дадоа живот па му го одзедоа. Поголем грев неможе да постои.
    Соодветно ќе си платат, во тоа сум сигурна. Во најголеми маки да цркнат.

    Се спаси мило Најденче, можеби уште поголеми трауми ќе требаше да трпиш. Сега барем ќе можеш да си ја ослободиш душичката...Сега веќе никој неможе да те повреди. :angel:
     
  8. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Се молам само мајка му да ја најдат, таа смрдлива и гнасна дроља, која му го направи ова...И целиот живот да го помине во маки, да лежи по затвори и таму кој стигне да ја малтретира...
     
    На swrcii и tessie им се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    ;( ;( ;( ;( ;( Со солзи во очите го пишувам овој коментар, стварно бебево многу претрпи, можеби ќе му беше уште потежок животот кога ќе пораснеше, но единствено ќе речам дека Господ го спаси од подоцнежни маки, а еден ден без разлика порано или подоцна Господ ќе им плати на тие кои му го направија тоа на едно мало невино бебе. Тие кои му го направија тоа не заслужуваат да бидат живи, но единствено знам дека пред да умрат ќе умираат во тешки маки и ќе бидат казнети од Господ со најсурова казна. Се прашувам како ли сега живеат откако веќе го нема бебето на овој свет, дали се свесни што му направија на едно невино бебе и дали се свесни каква Божја казна ќе ги стигне. Премногу ми е жал за бебето Најден, го чувствувам како мое блиско, како некое братче. Бебето Најден кога ќе ми текне колку месеци се бореше јуначки едноставно се наежувам. ;( ;( ;( ;( ;(
     
  10. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Душа мала... Нека почива во мир...
    Но не е тоа за таму каде што е сега, туку оние што го оставиле без никаква милост. Некои луѓе дефинитивно не можат да се наречат родители. Срам да им е, Бог нека ги казни и тука и на другиот свет со настрогите казни...
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема потреба да се споменува мајката на бебенцето во негативен контекст, затоа што ние овде ни знаеме, ни па во иднина ќе дознаеме која била, од каде, дали си го сакала или не своето дете и што е најважно дали таа му го направила тоа на детенцето, можеме само да си претпоставуваме и да си дробиме празна слама.
    Инаку тажно за бебенцево, навистина тажно. ;(

    Мој предлог е да се заклучи темава затоа што за голема жал повеќе никој неможе да помогне и џабе е секој нареден пост. Најдобронамерно.
     
    На Hipster и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Па и не е лесно да се најде кој и да е во Арачиново, ако зборуваме реално. За мајката има претпоставки (што секако не мора да се точни) дека има голема можност да е некоја од тие проститутките што ги држат буквално како робови по јавни куќи рамковните (а такви јавни куќи имало во Арачиново, нормално) и дека исто така има голема можност крвникот да е макрото или сличен некој на тој. Веројатно мајката никој и не ја прашал што сака. Ова се само претпоставки, прилично веројатни, зашто тие девојки таму не се влезени легално во земјава, не се регистрирани воопшто дека се тука, никој не ги ни гледа освен тие што им одат таму и „газдите“. А за што се се способни тие крвници гледав еднаш во документарец каде зборуваа спасени девојки кои ги препродавале од едно на друго место како добиток, се изживувале врз нив како сакале и никој ништо не им можел. Едната кажуваше дека на девојка која забременила макрото и направил абортус на живо... Животни се тоа, не се луѓе. Друга која забременила така бремена ја продавале на муштериите, кои плаќале плус за да бидат со трудница, а откако го родила бебето, душичето го снемало... Затоа и ме потсети ситуацијава на ова што тогаш го слушав. Такви ужаси нам ни звучат неверојатно, ама за некои девојчиња се за жал реалност.
    Како и да е, тој што му го направил тоа на детенцево е монструм и се надевам дека некогаш некој ќе му наплати за стореново, дека ќе осети на своја кожа што значат пеколни маки и борба за живот. Не чувствувам никаква потреба од човечност кога помислувам на тој ѕвер.
     
    На Hipster, ciribiribela, cecilia и 3 други им се допаѓа ова.
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    На ова никогаш не би ми текнало ама сосема си во право, не верувам дека некоја мајка ова би го дозволила ако било во нејзина моќ нешто да промени.
    Почивај во мир Најденче, си бевте врсничиња со моето бебенце. :( ;( ;(
     
  14. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Како тоа?
    Евентуално во случај да не е жива, односно после тоа и неа некој да ја убил, е тогаш е сосем друго...Но јас немам слушнато да кажат дека е негде женско тело пронајдено, ниту некаква ДНК анализа е правена, што значи таа ако е жива вешто се прикрива и не пријавува ништо...Значи и годи ова што го снајде Најден...
    Или па некој киднапирана да ја држи и да не ја пушта да пријави, што е невозможно речиси.
     
    На Puflice му/ѝ се допаѓа ова.
  15. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Ние никогаш нема да дознаме кој му го направи тоа на Најден,но во секој случај жално е тоа што му се случи на детето и сторителот на оваа случка според мене треба да добие смртна казна :x ;(
     
    На fighter и sweet-star им се допаѓа ова.
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Значи никаде не е пронајдено тело и ти одма констатира дека мајката е жива и дури на неа и' годи ова што му се случило на бебенцето??? :o И велиш дека е невозможно да е киднапирана??? Ај врати се две мислења погоре и прочитај го мислењето на Li0ness. Таму е се напишано да не се повторувам, па размисли повторно.

    Не ве разбирам, значи колку само да се пише нешто, а не е битно што. :x Одма ќе изиграваме инспектори, се си знаеме ние, не ни треба никој. |(
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Јас сум апсолутно против смрттна казна и секогаш ќе бидам, ама за овие би направила исклучок, штом му направиле така на бебе,јас на плошад би ги обесила, јавно сите да гледаат.

    Нека почива во мир.
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.