Било каков материјал од областа на економија и бизнис,елктронски книги,линкови,готови семинарски...да си вадам за во семинарска
Не ми треба семинарска, ми треба препорака за литература за Кокино. Освен „Мојата чудесна земја“, се утепав барајќи и не можам ништо да најдам. Ако некоја од вас се сретнала со некое книжуле за Кокино би ја замолила да ме исконтактира.
нешто по полово ми треба да бидам појасна сто и да е за човечкото тело незз и нешто биологија ако има некој било што нека пише лп фала
имам семинарски на овие теми : малолетничка деликвенција Модерна етика ТЕМА: “Мојот омилен филозоф Платон” ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Вовед во малиот бизнис - карактеристики, проблеми и неуспеси ЕРОЗИЈА НА ПОЧВАТА ако му треба на некој од овие теми слободно нека пиши лп
Ако има некоја феминка семинарска на тема ''Детето како жртва на семејно насилство'' нека ми пише во ЛП.
Има ли некој да ми прати готов бизнис план? Не е за мене,ама да помогнам да бидам малку и ја од корист Благодарам.
Треба да изработам семинарска по Македонски јазик. Моментално учиме за Словенска литература, па семинарска работа треба да биде поврзана со темава. Професорката ни дозволи самите да избериме за кого ќе пишуваме. Јас се одлучив за Црноризец Храбар. Материјал имам доволно, сега треба само се да вклопам заедно. Ни рече семинарската да ја пишуваме на минимум 5 страници, со наш ракопис. Прашањето ми е како треба сето тоа да изгледа?! Исто како и обично, насловот на посебна страна па потоа да почнам да пишувам за темата, или нешто различно е?!
Презентирање на семинарска Ај нешто повеќе за семинарска. На кои теми се прави односно тоа зависи од факултет до факултет, ама на кој начин се прави, што треба да содржи, колку страници, зборови, во која програма се прави итн.
Презентирање на семинарска Зависи од факултетот, предметот, професорот. Ние на економски имавме дадени правила за секаква семинарска, односно општо правило за сите, да содржи ми се чини беше 20-25стр, буквите да се во мацц тајмс, 12ка, проред 1 (значи такви работи, сеа не ми текнува како беа точно ) Ама, пошто има секакви професори, кај некои можеше да се пројде и со 14ка фонт и помалку страници, зашто баш и не им беше гајле. За темите може или професор да даде, или сам да си земеш од некоја лекција, тема. Ние имавме задолжителни семинарски што моравме да ги пријавиме на студентски на крајот на годината и тие беа по избор од кој сакаме предмет и било која тема. Семинарските ги прегледува или професорот или асистентот и ако има потреба ќе те упатат да направиш корекција или пак ќе ти ја прифатат и оценат. Ако ја уважува професорот може ти даде дополнителни поени со кои можеш да имаш повисока оценка, но ова кај нас не важеше ако полагаш на испит, тогаш семинарската ти пропаѓа. Во глобала содржината може да опфати една лекција од цела книга, но да содржи информации од други книги, професори, интернет, различни извори. Се базира најмногу теоретски, практични примери и слики обично идат за проекти. Може графикони, статистики, значи проверени факти. И мора да има фусноти на крајот на секоја страна или на крајот на семинарската. Уствари семинарска е најлесно да се напише ама и најдосадно, проектните задачи се поинтересни Во глобала иде вака по страници -Насловна, содржина, вовед, раскажување на темата низ сл. страници, заклучок и користена литература
Презентирање на семинарска Да, зависи од факултет до факултет, ама најчесто се прави на тема поврзана со материјалот по предметот кој го учиш. Постојат некои правила за пишување семинарска. Како прво таа треба да се состои од неколку дела: содржина, вовед, главен дел, заклучок и користена литература. Обично треба да изнесува 15 страни, ама зависи, некогаш професорите нагласуваат колку отприлика страни треба да содржи. Семинарската се пишува во било која верзија на Word, со македонска подршка, во А4 формат. Насловната страна треба да ги содржи следниве податоци: Најгоре, се пишува името на универзитетот, потоа името на факултетот, и соодветниот институт, сите напишани едно под друго. Обично се прави со големина на фонт за две единици поголема од вообичаената (Ако пишуваш со големина на фонт 12, овие да бидат 14). Потоа на средина треба да стои насловот на семинарската која се обработува, со големина пр.16 и болдирано или подвлечено. Во долниот лев ќош, треба да стои името на професорот кај кого се слуша предметот, значи менторот, а во долниот десен, вашето име: Изработил... Најдолу во средина, треба да стои месецот и годината на изработка. Маргините треба да се 2 цм. проредот единечен. Сите страни, освен насловната треба да бидат нумерирани, содржината треба да содржи соодветен број за пристап на секој наведен дел. Користената литература треба да содржи: - За книга, треба да се напише авторот, и годината кога е издадена - За интернет страна, треба да стои линк од истата и датумот кога си пристапил на таа страна. Пожелно е „препишаното“ од користената литература да се видоизменува.
Презентирање на семинарска Имаш опција на ворд за да додаваш фусноти кај некоја реченица или текст. Тоа е оној моментот со * ѕвездичката сигурно ја имаш приметено низ читање, и води најдоле на истата страна каде има појаснување за тоа од каде е текстот. Значи си ставаш фуснота кај некој текст што ти е целосно ист копиран од друг автор/книга и најдоле под текстот запишуваш автор, наслов на книга, година на издавање, страница од која е копирано... Кај нас една професорка многу обожаваше фусноти па гледавме да има што е можно повеќе Ете и од анјфетфл појаснување