^Најгоре на среде стои логото на факултетот, под него името, потоа на средината со големи букви насловот на семинарската и најдолу од лево твоето име презиме, број на индекс и сл., а од десно името на менторот, и под сето ова пишуваш на средината месецот и годината или годината и градот. Ова е генерално. Инаку зависи, секој факултет си има свој начин за насловна на семинарска по кој треба да се пишува.
Потребни ми се табели и графикони за семинарска економија.дали може негде на интернет да најдам со точни податоци.некоја страна нешто?
Некој од вас девојки да не има нешто бар поврзано семинарска работа за инвестиции и штедење? Нешто, што и да е, иако е малку, ќе го досредам и допишам секако јас
Конечно семинарскиве ги завршива...ама остана уште една ФЛАЕР по информатика. По глупо нешто неможеше....среќа него можеме тек за еден месец најдоцна да го изработиме па ќе имам време.
Општи прашања Женски итно ми е, треба да ја пратам семинарскава најкасно до денес, сеа ја средував и таман ја ставив насловната ми посивеа листовите и ми се развлекоа буквите ама објаснив ама стварно незнам што ми е проблемот испробав се, ај ако има некоја што може да ми помогне да и ја пратам да ја види дали и кај неа е таква пошто гледам сеа и на фемина ми е истото сива позадина и буквите се хаос до компјутерот ми е или што е?
Општи прашања Не те разбирам баш што ти се случило со семинарската, ама пробај текстот да го копираш во нов ворд документ и зачувај го па види
Општи прашања Пробав, не сака. Најверојатно нешто ком ми се мрдна, што и да отворам било интернет било документ така ми го покажува
Општи прашања Пишувам семинарска работа, и професорката бара, на втората страна, после насловна, да пишам Изјава - Потврда за авторство Како да го напишам тоа, прв пат ќе пишам такво нешто. Знае некој?
Семинарска Здраво девојки се обидувам да направам семинарска по Финснсии Темата ми е ''Современи депозитни или банкарски пари'' па доколку имате нешто,некаков материјал... пишете ми Фала однапрад =)
Моментално ја средувам едната научно истражувачка работа (не велам семинарска, затоа што наводно имало разлика) и ги следам упатствата од менторот. Имам наведено 9 книги во фуснотите, ама малку биле, па како корекција во електронската форма ми пишува: kako fusnoti moze da se stavat i linkovi od web strain – no zaedno so podatokot koga e posetena web stranata!!! Заедно со податокот кога е посетена веб страната? Не ја сфаќам поентата на тој податок, а освен тоа немам поим како би го напишала... На пример: http://ec.europa.eu/budget/library/bibl ... _10_en.pdf 30.03.2013 19:07 Да не мислела на податокот кога е објавена статијата? Затоа што тоа ми има повеќе логика. Датум да пишам, саат? Некој има идеја што бара менторов мој?
Ана истото и нас ни го збореа,само јас се имав зезнато зошто не запишував во колку сум ја посетила страната.Менториве бараат ти кога си ја посетила страната каде што се наоѓа информацијата што ти треба,а не кога е објавена статијата.Единствено што би можела да ти кажам е да ставиш денешен датум и саат зошто не верувам дека си обрнала внимание во колку саат си посетила некоја страна.Се надевам ти помогнав колку толку
Најчесто се пишува Last Access или последен пристап, посета на сајтот. Датум, месец, година. Без саат. Артиклите кои имаат познат автор, датум кога појавиле на нет и наслов истотака ќе бидат напишани на крајот кога ќе ја составуваш листата на користена литература.
Девојки, ако материјалот за семинарската ми е на српски, дали во користена литература треба да напишам на српски или на македонски насловот на книгата? Ако ме разбирате...
Ако има некој материјал на оваа тема ако сака да ми даде? Дистрибуција на доходот и трговската политика,меѓународни преговори и трговска политика
Насловот го пишуваш на српски, како што е.Не треба да го пишуваш на македонски, оти ќе ти ја вратат назад семинарската, за да ја поправиш грешката.