Веројатно џабе прашувам, ама да си ја пробам среќата Има некој материјал за Управување со залихите со системот точно на време (just in time)?
Да не случајно некој има семинарска или било што за поделба на менторството во образованието или категоризација на менторството. Благодарам однапред. Поздрав!
znachi treba da napravam seminarska da bide povrzano so crven krst. e sega ne znam kako da mi bide naslovot i shto da pishuvam. ajde ve molam nekoja idea, neshto otprilika
Мразам готованство, и не сакам некој кога превзема готови семинарски и никогаш не сум сакала ни да давам ни да ми даваат, но ќе ви дадам една страна каде можете на некој начин да си помогнете и олесните. Има ставени готови семинарски, дечки и девојки што самите ги аплоудирале, па може да ви помогнат и да ви бидат од корист. Имајте на ум да не ги копирате од збор до збор, искористете страна- до две, некои пасуси или нека ви биде за узорак(пример), зашто некој ака сака многу лесно може да ве отрие дека не е ваша. http://www.scribd.com/
Име на факултет,предмет по кој се изработува,темаа на семинарската работа(може и слика ако е некоја по конкретна тема,на пример Европска инвестициона банка,и може слика од седиштето на банката),изработил(име,презиме и бр. на индекс на студентот) и ментор(име и презиме на професорот) Исто така може и место,месец и година,на пример Скопје,декември,2014
Дали некој знае во превод што значи ова И бидејќи материјалот е од веб-страници не може да стои само линкот, а некои од страниците немаат ни автор на текстот, ни датум... Хелп
^Кога цитираш книги, во фуснотата се пишува презиме и име на авторот, име на книгата, издавач на книгата, година на издавање и бројот на страницата од кој си преземала дел. По истиот редослед ќе ја напишеш книгата во Користена литература, само без бројот на страна. Во фусноти можеш слободно да ставаш и линкови, затоа што некогаш можеш да користиш обични статии, не мора да значи дека ќе бидат книги. Со тоа што, во заграда ќе напишеш (accessed: датумот кога си ја отворила веб страната и си преземала материјали).
Феминки ве молам помошшш... Треба на да правам семинарска за “Анализа на говор“ ве молам ако има некој материјал било што некој нека пише ве молам ми треба за утре а нигде не можам да најдам
За девојките што се студентки на Факултетот за туризам и бизнис логистика - насоките: Туризам, Гастрономија, исхрана и диететика и Хотелско - ресторанската насока доколку имат потреба од семинарски работи, моја пријателка изработува семинарски за додипломски и постдипломски студии и дипломски по многу поволни цени. Доколку некој сака, можам во лп да му пратам мејл. Девојчето сама ги изработува семинарските, не ги одбирате однапред изработена тема шо сигурно пред вас 100 луге ја предале истата.
Промени во бројот на хромозомите, како на пр. Даунов синдром, Клинефертелов, Тарнеров. Или промени во структурата на хромозомите: делеции, дупликации, инверзии, транслокации.
Дали има некој веќе работено на тема Вештачко оплодување (иначе, на Правен факултет сум, оваа тема ми е по семејно право). Барав на интернет и нема односно не можев да најдам многу материјал. Доколку некој може некако да ми помогне ќе му бидам многу благодарна
дечки, значи вака, 1 година сум на филолошки факултет и по изборен македонски јазик треба да изработам семинарска на тема некоја македонска народна приказна и тоа треба да биде 3-4 страни.. случајно некој да знае некоја таква долга приказна, јас се преобрнав ама не најдов толку голема приказна -_- Ако знае некој нека пише !!! Ви благодарам однапред
Дечки ај помош ве молам! Потребни ми се податоци за целулоза во тутун. Пребарувам на интернет ама некако не ми иде. Има ли некој семинарска за оваа тема или било какви информации, или да ме насочи што да пишувам? Линкови праќајте, било што, само помагајте зошто никаде не можам материјал да најдам.