1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за лекување на Ивана Павлеска

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од RainBow, 19 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Младата стружанка, дваесет и пет годишната Ивана Павлеска боледува од leucosis niniymphohiastica acuta (ANLL) .Тогаш кога Ивана помисли дека ја победи својата болест, после две години и осум месеци истата се врати. Примена е првата терапија, а за следната треба да се примени Arsen trioxside чија цена е многу висока. Семејството поради високата цена на лекот не е во можност сами да го обезбедат и затоа апелираат за помош!!!
    Сите хумани луѓе може да донираат на следнава жиро сметка :

    Помош за лекување на Ивана Павлеска
    Стопанска Банка
    ж-сметка : МК200001970854819

    или со донирање 100 денари на 070-143-132 (Т-mobile).
    VIP ‎- 077 143 413

    Од срце им заблагодаруваме на сите што ке донираат, бидеќи оваа прекрасна девојка заслужува да го продолжи својот живот!!!


    Иницијатор за темата: Marilyn-Monroe
     
    На Lepaaa и LUNA.girl им се допаѓа ова.
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Донирано!

    Да се надеваме дека побрзо ќе оздрави
     
  3. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Недела, 23.10 во Охрид, 19:00, во киното ќе има хуманитарен концерт (од играорна). Кој сака може да присустува. :)
     
    На Lepaaa и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Повторно ми се случува истото, сега сакав да донирам, се јавив и бројот не постои :^) а од оне вртам.Стварно незнам зошто вака, каква врска има од оне на т-мобиле па да не може да се врти :^)
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Од секој оператор е правило да доделат број за донации зашто од еден на друг оператор не може да се изврши донирање. Кој ли би знаел која е логиката, зашто нели да е наградна игра - ако сакаш и од говорница можеш да се јавиш. |(

    При тоа, за истиов случај со девојчето, мака си виде кутрото со одобрување на броеви.
    Од T-mobile е даден број дури вчера, а со судни маки од VIP е доделен денес ‎- 077 143 413. За број од мрежата на One ќе информирам кога истиот ќе го добие.
    Ако не ви е тешко, прикачете го во информациите за темата.
     
  6. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Добив информација дека вечерва во „Арена“ во Мислешево (Струшко) ќе има хуманитарна забава, за Ивана...
    Сите кои се од тој крај и кои би можеле да присуствуваат би било добро да отидат...
    Вашите 100денари можеби ќе го спасат нејзиниот живот
     
  7. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Донирано!
    Донирајте и Вие!
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Јавувајте се луѓе.
    Кој колку има нека даде.
    И онака секојдневно фрламе пари за разни глупости.
    Заедно сме посилни.
    Денес е за Ивана, утре не дај Боже, може да е за некој ваш/наш близок.
    Хуманоста нам ни останува.
    Да донираме со отворено срце.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Што побрзо да оздрави
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Се организираа неколку хуманитарни забави низ Струга. Ете и концертот на „Македонка“ во Охрид. Ама колку е тоа доволно?
    Јас донирав, бев на концертот, оставив и во кутијата, на забавите низ Струга на кои можев отидов.
    Тоа беа 500-600 денари кои ќе отидеа за глупости.
    Ама, се додека не се донира некоја поголема парична сума, овие донации од по 100 денари не помагаат многу.
    А има луѓе низ земјава кои можат да дадат поголеми суми, само се работи за хуманост тука...а не секој ја има во себе.
    Сепак, линиите се се уште отворени, донирајте!
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Се сложувам. Секој ќе даде колку има, ама пак ситни пари се тоа. Треба некој што има повеќе (бизнисмени, итн.) да дадат поголема сума наеднаш. Ама таквите никогаш за ништо не давале!
     
  12. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Леле девојчево го знам, го запознав на клиниката за хематологија :( . Не можеле да најдат донор на коскена срж, па се лечела со некои лекарства од странство, мислеле дека успешно е излечена, и после скоро 3 години ова :( Донирајте луѓе, кој колку може!
     
  13. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Донирајте колку што можете.
    Во вакви моменти секоја помош е добродојдена.
    Сите заедно ќе и помогнеме на Ивана.
     
  14. anu666ka

    anu666ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Бидејки до сега немам донирано,а сакам да донирам би ве замолила да ми објасните како се донира преку телефон,јас сум од ОNE и незнам што треба да направам преку јавување или...?
    од напред благодарам
     
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Наводно можело да се донира од Оне на Вип, и тоа на оригиналниот број, заедно со префиксот 077 143 413.
     
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    А ако завртам од странски број дали ќе се донираат парите?
     
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Не верувам Љубам....Мислам дека мора број од истиот оператор да биде...
     
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ох важи ќе и пишам на мајка ми да го стори тоа во мое име, благодарам.. :*
     
  19. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Донирано од моја страна без проблем, од мрежата на т-мобиле.
     
  20. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Ви благодарам од се срце! Ова многу ми значи... Многу ми е жал што не бев во тек кога сте ја отвориле темава ама имав проблеми со видот, како последица на терапиите. Но мило ми е сега што можам лично да ви се заблагодарам. :)
    Најискрено се изненадив од хуманоста како на поедниците така и на фирми, организации, цркви, џамии, комитети, мас медиумите... Цела Струга и Охрид беа дигнати на нозе, беа организирани многу забави и концерти низ двата града, ми внесоа толкав оптимизам, што ми дадоа на знаење, дека стварно им значам...малку би биле 7 дена да пишувам кој се ми помогнал, како финансиски така и психички.
    Морам да ги споменам моето семејство и пријателите кои ни во еден момент не дозволија да почувствувам дека нема за што да се борам, и докажаа дека премногу им значам.
    Примив определена доза на Арсен3оксид и заклучно со 16 декември сум веќе дома...добра сум и малку по малку се враќам во нормала, почнувам од почеток... Утврдена ми е комплетна ремисија и се надевам се ќе биди во ред.
    Броевите за донација се затворени. Склучените договори со Т-Мобиле и ВИП завршија. Фала му на Господ и на хуманите луѓе, кои ми помогнаа во најлошите моменти од мојот живот. Благодарение на нив го живеам мојот трет живот.
    Оние кои ме познаваат, знаат колкав борец сум била и ќе бидам!
    Болеста е непредвидлива, но не и непобедлива!
     
    На eloves, jasna83, Foreveryoungiwannabe и 109 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.