http://a1on.mk/wordpress/archives/28660 На социјалните мрежи е објавен очаен повик за малата Ева, која умира пред очите на родителите. Потребни се финансиски средства за да се спаси нејзиниот живот. Ги повикуваат и молат сите луѓе, институции, медиуми, установи, училишта, пеачи да донираат за нивната Ева. А1 се вклучува за спас на Ева. Трансакциски сметки на кои може да се уплатат средства: 300-0070827508-86 Комерцијална банka 200 – 0016518668 – 27 Стопанска Банка Вип мрежа: 077/143-402 T Mobile 070/143-191 One 075/143-161 Повик за донирање за Ева и до сите што живеат надвор од Македонија. 0024580171 STOPANSKA BANKA AD SKOPJE SWIFTTOBMK2X NAME AND SURNAMEEJAN ILIEVSKI IBAN :MK 07200002458017143 EUR MACEDONIA Малата Ева се бори за живот…. Ајде да бидеме хумани и да и помогнеме на Ева да го дочека првиот роденден.
http://mkd-news.com/skandalozno-malata- ... peratsija/ Ова е толку бедно, што ми делува неописливо депримирачки кога ќе помислам како тие родители ја губат надежта и вербата дека Ева ќе се спаси! Постојано бројките се менуваат, јас не знам што ќе беше ова.. Од мене е веќе донирано, донирајте и вие доколку можете, да не дозволиме уште еден живот да згасне. Срце ме боли кога ќе помислам каков е гаден некогаш животот..
За греота бе го вратиле девојчето, значи на овој свет луѓето се никакви. Не заслужуваат ни луѓе да ги наречеш, монструми. Немам што да кажам. Ајде дај боже да се соберат парите и да се спаси малата Ева. Многу жал ми падна.
Навистина ужасно времето истекува, а малото срценце се бори колку што може за својот живот, да и помогнеме во нејзината прва и најтешка борба, таа си знае колкава болка чуствува... донирајте луѓе
Неописливо депримирачки е и нашата помисла дека ја губиме малата Ева...ни умира пред очите...А само што собравме пари за операцијата од 13 800 евра,ја однесовме во Бугарија.Поради предолгото чекање за операција(неможност да се соберат тие 13 800),организмот на Ева претрпел промени(на полошо).Потребни се додатни интервенции на белите дробови,бронхии,дијафрагмата....севкупно 25 000 евра за операциите.Бројките(ако мислите на финансиските средства)постојано се менуваат благодарение на Вас,спасители и помагатели на Ева.За секоја настаната промена известуваме на ФБ профилот http://www.facebook.com/pomoszamalata.eva Ви благодариме за подршката
Зошто да го пратат детево, така ќе немаат за коњи, за прчли, за бикови да местат на плоштадите, за капии, за останатите срања Нели им е срам на државата бе цццц КАТАСТРОФА Донирав и јас од телефонот, се надевам дека парите ќе се соберат
Пред се не разбирам каква душа имаат тие доктори да вратат толку малечко многу болно бебенце и тоа само заради пари. Свесно и го загрозуваат животот и организамот на бебенцето сега трпи и други проблеми. Каде им е хуманоста во нивната професија, а од друга страна жално што оваа наша држава со прст не мрда да обезбеди средства за болни со ретки болести кои најитно мора да се лечат надвор од државата. Можат да трошат огромни пари на глупави реклами и нека продолжат само така..срамота е што оставаат на милост и немилост болни луѓе додека се расфрлаат милиони за далеку понебитни работи од нечие здравје. Mногу жално е што ова малечко беспомошно бебенце страда и на себе трпи толкава човечка суровост и несовесност уште од самото раѓање, да бидат парите пред нејзиното здравје Ме боли и стега самата помисла на таа одвратна реалност. Искрено се надевам и сакам да се излечи и да има безгрижно и прекрасно детство, па да и помогнеме колку што можеме сите за успешно лекување. Издржи срценце, сите сме со тебе!
Донирав и јас неколку пати, еднаш откако го свртев бројот после пак ми се стисна несакајќи, си помислив од сите броеви вртени баш тој пак да се сврти не е за случајно, па после пак донирав. Се надевам дека ќе се соберат парите за малово срце да добие чесна шанса да се бори во животот.
Се плашам секогаш кога ја отварам темава. Толку многу посакував да ни пише Деко дека се е во ред, дека операцијата е успешна... Еден ден и тоа ќе биде.