Најдов линк од фб на друг форум (се извинувам ако не е дозволено да го постирам, избришете го) каде што се тврди дека документот во кој се бараат 25000 евра од болницата е фалсификат. Наводно е напишан на лош бугарски како да е преведен на google translate, конфузии околи адресата на болницата и потпишаната докторка. Не се разбирам доволно за да можам да проценам дали е вистина тоа што го викаат, само пренесувам информација. Дајбоже да се само шпекулации Не сакам да верувам дека некој сака да направи злоупотреба, oва не е играчка и се надевам дека не е така како што пишуваат.
Не можам да редактирам, па затоа пишувам едно под друго мислење. Жално е што оваа работа оди во лоша насока http://press24.mk/story/eva/lekuvanjeto ... a-e-izmama
само што го прочитав ова и јас сакав да го споделам, зарем е можно вакво нешто? не ми се верува , до каде одат луѓево
Чекајте бе луѓе ,можеби стварно е некое недоразбирање или некој новинар направил глупост. Јас лично не можам да верувам дека некои родители би лажеле за болест на своето дете
Можеби тие воопшто не се родители, можеби детето воопшто не е болно. Измамниците токму сметаат најповеќе на луѓето кои не можат да поверуваат оти некој би лажел за такво нешто. Веста ја пренесе и плусинфо: http://www.plusinfo.mk/vest/54156/2...ranjeto-za-donacii-za-lekuvanje-na-malata-Eva цитирам: - крај на цитат.
само се надевам дека ке се уклучи некој и ке пише дека сето ова е измислено и дека детенцето е навистина болно...во спротивно не знам што повеќе да мислам за луѓево и не ми е јасно зошто некој би измислил вакво нешто ??? какви се тие родители што би измислиле дека нивното дете е болно , не не е можно ова бре сигурно е некоја лага...
Подобро да е измислена болеста отколку да е вистина, нашите лажно изнудени 100 ден не се ништо во споредба со болеста на девојчето ако е вистина...
Јас сум мајка на 3месечно бебенце кое Првиот ден од неговиот живот беше пратено со брза помош во Ск. со дијагноза тромбоцитопенија(слепување на крвните клетки -еритроцитите). Јас знам што преживеав тие неколку денови додека да и се среди состојбата. И кога го видов постот за малата Ева сочувствував со родителите, донирав од сите телефони дома по неколку пати, плачев кога и да видев слика од неа или информација за неа...Се молев за тоа непознато бебе и неговите родители... И сега читам дека родителот сака да профитира на сметка на болеста на неговото 4месечно бебе. Па какви се луѓе постојат, секој не е за родител. Единствено убаво во цела оваа измама е тоа што Ева не е во толку критична ситуација како што тврдеа. И фала му на Бога ако ова е измама од несовесниот татко,ако малата Ева е добра и не и се броени деновите, а чувството дека сум измамена и сум излегла будала пред себе си ке го проголтам во себе, само малото нека биде добро.
Донирав и јас , ако е стварно ова што прават така срам да им е , само на девојчето нека му биде подобро
Точно така се надевам дека барем детенцето е во ред , не е ништо виновно тоа што неговите родители решиле да измислуваат и да профитираат од него, а ако детенцево е навистина болно се надевам дека нема да се остави да згасне уште еден живот... и дека ке се помогне
не сакам да верувам дека некој би измислил таква приказна http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=95637 Само што слушнав на Канал 5 дека биле фалсификувани документите и дека доколку во Бугарија недостасувале пари, детето немало да биде пуштено од болница а не дека воопшто не го оперирале. Според нив, Ева е во Македонија уште од 10ти август. освен тоа, како што пишува, операцијата чинела 25,000 евра од кои 20,000 ги платил фондот, а останатите семејството. Мислам дека од донациите семејството собра многу многу повеќе пари од тие 5,000. Во таков случај очекувам парите кои ги добиле вишок, да ги вратат и да се донираат за други луѓе на кои им се потребни.
Можеби сум сега гневна што некој си поигрува со своето дете и го користи за сопствени цели, па и јас ќе направам нешто не коректно. Ја проследувам комуникацијата помеѓу мене и таткото на девојчето. Сега одкако го објавивте линкот ја читам повторно и повторно пораката добиена од деко2009. Дали сум премногу бесна или погрешно и од друг аспект ги толкувам напишаните зборови незнам, но најпрвин пишува - дека во СК клиника предвидуваат две операции, потоа дека зависи од докторите од БГ колку ќе бидат, како ќе решат, а потоа дека треба операцијата да се изврши итно и во секое време.... како веќе да решиле БГ доктори...? И уште нешто- има ли топлина во поракава? И да е кученце кое е повредено би додала некоја придавка мојот палавко, на пример.... а не само малата Ева, небаре за име и презиме се работи. Знам дека звучи грдо и лошо се што напишав и ветувам дека ако треба ќе да му се извинам на деко2009, но искрено посакувам да е оваа вест точна. Но невин е се додека не се докаже спротивното.
јас ништо не сватив, оперирано е девојчево или не ? ако фондот дал 20.000 евра зошто тогаш воопшто се собираа пари , мене стварно ништо не ми е јасно... се надевам само дека со детето е се во ред.
Ако на ваков начин решиле да се поиграат со малото детенце, нека им е страм, па какви се овие луѓе бре ... болни или што немаат ни трошка страм ни почит .... нека е здраво девојчето. А ако паметниот татко лажел за парите... нека го затворат да му дојди умот ....
http://plusinfo.mk/vest/54197/Falsifika ... o-policija Ни на крај памет не ми беше дека може вакво нешто да се измисли. И за вакви работи ли да се лаже бе? Ако е вистина, срамота и греота е. Ужас... Ќе кажам само, девојчето нека биде здраво!
Човек повеќе во ништо неможе да верува и кога некој вистински ќе боледува и ќе се бори за живот ќе бидеш сќептичен и нема да донираш Зар може да постојат такви родители? Зар е возможно да печалат на сметка на нивното невино бебенце? Има кој да и суди...