Жално и многу лошо...не очекував вакво нешто ,вчера се интересирав како и некои од Вас до каде е работата, ако можам повеќе да се ангажирам околу собирање на помош...пишав порака на фејсбук страната за Ева. Денес после ова што излезе , страната веќе ја нема т.е. избришана е.
http://plusinfo.mk/vest/54197/Falsifika ... o-policija Телевизија 24 вести објави дека според неофицијални сознанија за малата Ева досега се собрале 20 илјади евра. Oвие пари, според сознанијата на телевизијата не биле потребни бидејќи биле веќе уплатени. Денеска случајот е пријавен во полиција, во јавното обвинителство и во министерството за труд и социјала.
Изопаченост и бездушност на максимално ниво. Не ми се верува што читам, не ми се верува до каде е способен да отиде човек со своите манипулации. На овие би им ги одземала парите и би ги дала на некој што навистина боледува и има потреба од нив, а богами би им го земала и детето. Не сакам и не сакам да поверувам дека има вакви бездушни луѓе кои би ја искористиле сопствената ќерка, уште полошо - што би ја искористиле болеста на невино четиримесечно бебенце за свои потреби. Пишува по форуми, отвара сметки за некои како нас душебрижници да се секираат и сочувствуваат за состојбата на детето... После одеднаш излегува дека Министерството донирало, а парите биле за лекување што е тек после една година како што сфатив. Вакви луѓе не заслужуваат да бидат родители.
Често се дешава ова затоа јас не сум толку хуманитарна баш поради вавки случаи. Ајде да видиш некој што проси ќе му дадеш паричка ама вака не се знае каде ти одат парите.
НЕДАЈБОЖЕ на секој од нас може да му се случи да нема доволно пари за итно лекување, да му виси животот на конец затоа што не може да плати и да чека спас од хуман гест на широка маса на луѓе. После вакви скандалозни постапки врз грбот на едно невино бебе, ако некој навистина зависи од донации, како некој би сакал да му помогне кога поради вакви случаи ќе мисли дека станува збор за злоупотреба!?!?! Целосно би го поддржала и собирањето на средства за понатамошно лекување на Ева, но да беше сето тоа отворено и искрено кажано, а не вака со лажење и фалсификување на документи.
По не знам кој пат се шокирам од човечка алчност или што и да е.И се чувстувам изиграно.Не е за 100 денари за некој ебан принцип е
Жално за Ева што има такви родители А дали знаете дали е оперирана? Каде се сега deko2009 и VayaConDios ( што се сомневам дека е една иста личност ) да демантираат?
Си поиграа што си поиграа, едино ми е жал за детето со вакви родители. Друго што и да кажам ќе биде излишно.. Се' е и кажано, и видено веќе...
Да, била оперирана и трошоците биле подмирени. http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=95637 http://24vesti.com.mk/preku-malata-i-bo ... halat-pari Spoiler И ова не ми се верува, дајбоже да не е така Таткото на Ева досега се нема појавено во јавноста, ниту пак во скопската клиника.
http://grid.mk/read/news/69530940/81389 ... falsifikat Доколку сето ова е лага, и покрај толку деца што секоја минута можат да го изгубат животот човеков си собира пари за свои цели, едно ќе речам, како не се плаши од Господ не ми е јасно!
Како бре не се појавил на клиника , боже господе па сам ли си го оставил таму детето... http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... PSPUtooNA#! јас сум за да му се земат парите и да се дадат на некој што се навистина потребни..
За гревотка малата ЕВА ,да има такви родители е полошо и самата болест. Како ли живеат вакви луѓе,без совест ,без срам,објавува пред цела јавност дека треба уште пари,а го користи сопственото дете
Страшно.. баш прееска читав за ова. Како не им е срам за материјални цели да ја користат болеста на сопственото дете! Психопати..
Значи денеска лугето немаат никааков осет и за да спечалат пари одат до таа мера каде не бираат начини и средства.По вакви стории нормално е да се губи хуманоста меѓу лугето.Не е за парите што се донираат ама никој не сака да биде изигран или да го направат будала.Е после поради вакви несовесни родители некое дете кое вистински ќе му треба помош може да настрада поради тоа што лугето ќе се прашуваат дали тие пари се вистински потребни или е уште еден валкан трик за брза заработка
Tреба да се испита и дали тие и се вистински родители? Jас не верувам дека постојат такви родители господ да ги казни.
Не можам да верувам на што се спремни луѓево денес ! Не можам никого да осудувам преку интернет, но ова навистина не е убаво, постојат уште многу мали дечиња што се борат за живот, а ние овде ги осудуваме овие родители ? Додека посветуваме внимание на ваква измама, нечиј живот згаснува. Затоа погледнете околу себе и помогнете на некому кому му е потребна вашата помош и поддршка.
http://press24.mk/story/donacii/istraga ... ravduvanje Не ми се верува што изјавиле : Во меѓувреме родителите излегоа со ново оправдување. За Вести24 велат дека страницата на Фејсбук за барање помош им била хакирана па не знаат кој во нивно име барал пари за операцијата.