Затоа што има луѓе на кои ПОИТНО им требаат тие пари од донациите. До следната година, ако родителите сами не успејат да соберат пари, можат пак да бараат од донации. Јас како донатор, се чувствувам изиграно, посебно по оние натписи дека Ева има само уште десет дена живот, а детето (фала богу), веќе било згрижено и сместено во болница во Скопје! Парите можеа да отидат кај други болни, чиј живот зависи од нив.
Јас за Ева не донирав. Сумата беше релативно мала што се бараше, во споредба со случаеви кога сум си рекла од каде само од Македонија толку многу ќе соберат за толку кратко време а дете треба веќе да патува за операција, дај да помогнам и јас со трансфер во банка, не можам по сто денари па решавам кога каде можам и колку ама барем гледам да се исплати тоа што за трансфер зема банката. Верувам и други како мене помагаат од страна. Во случајов не сум лично изиграна ама еве откако прочитав дека некој и тоа може, не ми е сеедно. Ради фалсификат документ, тоа што собирале за можеби идна операција со време, да си имаат за да не бараат повторно, и ако не треба таа операција догодина, што со тие донации? Кога имале лице да така подло ги собираат, да си поиграат со добрината на луѓето, сигурно вакви луѓе нема на друг да ги понудат за помош. И најподлото, и за првата операција фондот им исплатил и не требало воопшто ни да бараат од никого ништо, а не и да се правдаат може било кој собирал во нивно име, значи платено е од фонд, освен ако до толку не можеле да платат партиципацја па ако толку им требале толку и нека барале да соберат. Вака не само што излажаа народ и се поиграа со нивната добрина собирајќи пари кои моментално можат да помогнат на друг, туку уште поголем грев направија што потенцијално лишија идни деца од донации на донори кои за секој нов случај ќе се двоумат дали воопшто постои потреба за помош како прво, а не да гледаат само колку итно рекле дека им треба и која сума.
Искрено целава оваа приказна страшно многу ме потресе.На почетокот заради еден млад живот ,штотуку почнат и на кој освен сите маки со срценцето му беа потребни и пари. Донирав колку што мислев дека е доволно и тоа на телефоните.Потоа на ФБ случајно налетав на страната каде НЕКОЈ очајно апелира дека тој млад живот виси на конец.Во тој момент сочувствував со родителите се молев за Ева и повторно донирав.По некои 3-4 часа повторно на ФБ видов пост од некого дека целава работа најверојатно е измама.Се налутив многу затоа што мислев дека сето тоа е нечија фантазија,дека повторно новинариве си прават приказна,но како тргна да се одмотува клопчето ,целата работа излезе на виделина.Сево ова било добро осмислено сценарио за НЕКОЈ(читај мама и тато) да заработат некој денар .Сега сум бесна.Бесна за тоа што ова бебе е навистина болно,а има вакви родители.Бесна затоа што моите донации можеби навистина ќе му помогнеа некому.Можеби тоа беше сумата која некому му недостигаше.Бесна сум затоа што после ова луѓето ќе дуваат и на ладно,а некој очајно ќе бара..... Во целава оваа работа мене некои прашања сеуште ми висат во воздух.Како родителите успеале да добијат телефони за донации(од блиски знам дека тоа е многу тешко и дека се бараат премногу документи,а и постои листа на чекање ) и да прелажат цел еден тим кој работи таму ? Зошто докторите од детска клиника не реагирале навреме? Зарем цел еден месец тие никаде не слушнале за случајов??? Сега само сум загрижена што ќе се случува со луѓето кои ќе бараат помош од мобилните оператори и колку ли само драгоцено време ќе губат заради новите документи и процедури кои истите ќе ги воведат. Дали народот брзо ќе го заборави ова и ќе продолжи да помага или некој ќе го заврши својот живот чекајќи помош.Кој ќе биде жртва ?
Искрено не ме изненади многу, зашто имам пример со мои први комшии кои го направија нивното бебенце " болно со тешка маана на срцето која мора итно да се оперира " пред неколку години , и собираја пари за операција, на сите медиуми идеа огласи , собираа пари од разни хуманитарни организации, одеа од куќа на куќа да бараат пари, и собраа бајаги, ама не ги открија ( мада сите од маалава знаеја дека немаше врска сето тоа ) Жално е сопственото ( па и било кое дете ) да го користиш за такви цели ! А и плус никогаш не можеш да знаеш што стварно ќе те снајде во животот. За вистинските родителите најголема среќа е да го гледаат детето како расте здраво, среќно и задоволно , а не самоволно да му препишуваат болест ! Инаку , ќе ги спомнам пак комшииве , после неколку години детево стварно се разболе, доби астма и сега нон стоп го влечат по болници , на инхалации и го " клукаат " со лекови. Така да, no comment за таквите , на тој начин добиените пари ретко кога одат за убави работи .
Донираме средства за оние на кои им се потребни Знае ли некој што се случи со малата Ева? мислам во однос на нејзиното здравје и дали се докажа измама на нејзините родители?
И јас сакав да прашам што се случи, мајка и студираше со мене, и ја имав на фб, ама мислам дека го има избришано профилот. Како и да е, дали е Ева добра? Ако има некој инфо нека пренесе..