1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за малата Тамара Димовска

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од fighter, 18 ноември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. PreciousDiamond

    PreciousDiamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Какви се овие ср*ња, ако шансите да успее операцијата биле мали? Епа ај да остават мало девојче да умре нели, што има врска? Да си имаме ние споменици. Што да слушнеме од министетството? Што ќе ни кажат сега кога родителите на Тамара чекаат два месеца на нив. Граѓаните дониравме ама ние плаќаме и данок на оваа држава кој би требало да се даде потоа пак на нас, народот. И јас не гледам да се инвестира во нешто попаметно освен во споменици. 30.00 евра операција не верувам да е многу сложена и ако животот на девојчето е во опасност тогаш не би имало проблем да се најде брзо термин, општо познато е дека итните случаи имаат предност. Ама нели девојчето не починало од тоа, нејзе баш вчера нова болест и најдоа и од тоа почина онака фондот баш денес требаше да договори операција. Абе ајде цццццц. И од друго да починала Тамара, што се сомневам, ние се уште немаме одговор зошто МЗ и фондот и ја немаат обезбедено ветената операција???
     
    На Night Rider, okcenzi, fighter и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Немојте веќе со тој популизам тука и со политичка позадина да поентирате за овој немил и тажен момент.

    Не се тука во прашање никакви згради, музеи и споменици и нема врска тоа дека некој НЕ одобрувал пари за нејзино лекување за да се градат споменици. Девојчето е отидемо или поради негрижа и неангажирање на некои поединци или имало некакви неочекувани компликации. Трето нема.

    Од тие споменици, згради, музеи се полни буџетот, доаѓаат странци, туристи, трошат пари, а тие директно одат во буџетот, па од нив се прават патишта, болници, училишта и се останато. Само пресметајте колку пари земаат работниците што работат на тој проект. Вака би си седеле дома.

    Треба да се утврди зошто детето отиде прерано и кој не бил доволно ангажиран целата процедура да оди бргу.
     
    На koritsaki и Daleron им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.200
    Пол:
    Женски
    Леле бре Петре, мисли со своја глава малку. Немојте се што ви кажуваат во штаб да повторувате ко папагали.
    Знам дека сум оф топик, ама морав.
     
    На Andrianaaaaa, christinnn, esperanca и 18 други им се допаѓа ова.
  4. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Kako be Petre i ti i drugite koi velite da ne popularizirame so politicka pozadina koga i vie se koristite so istata?
    Ili samo tie sto razmisluvaat poinaku vi bodat vo oci.
    Site si pisavme mislenje isto kako i ti.
    No nemoj da ni objasnuvas raboti na koi ni ti ne se pridrzuvas,sakajki da izgleda deka nie koi poinaku razmisluvame od tebe,ni e pobitno da se prepukuvame otkolku sto socuvstvuvame so semejstvoto.
     
    На Annath, s1a1n1d1r1a1, anina и 4 други им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Да, бидејќи ни процуте туризмот заради спомениците и сега државна болница изгледа супер.
    Дајте ми ги малку розевите наочари, изгледа не живееме во иста држава.
     
    На MilaP, Andrianaaaaa, christinnn и 19 други им се допаѓа ова.
  6. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    4.620
    Ме интересира да прашам, па ако не е за тука преместете го. Фондацијата на кики функционира? Како се одбира на кого ќе му се помогне? Има на некого помогнато? Нашата најбогата славна личност е, дали и колку има донирано за поплавите или болните дечиња во државата?
    Не напаѓам, не знам и прашувам

    Петре...јас знам колку земаат работниците од тие проекти! Нула!!! Еве моите ќе ја затвараат фирмата зашто владата им должи пари, и не мислам баш дека има намера да им ги даде...ама данокот на добивка од неисплатените пари си го собра, за да има за другите глупости пари, нели?

    Пред 50 минутиПРИЈАВИ
    + ЦИТАТ ОДГОВОРИ
     
    На Bufi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Од советници, до градоначалници и министри се лекуваат во нашите приватни болници... зошто?
    Не веруваат во институциите кои сами ги раководат?

    Почивај во мир малечко.

    Лекарите од конзилијарната комисија не дале препорака дека малата Тамара треба итно да се испрати на нова операција. Тимот лекари, предводен од врвен спинален хирург од Турција, месецов требало да ѝ закажат операција на малата Тамара во турска клиника. Додека се запазувале бирократските процедури, малата Тамара, утринава, поради компликации од искривувањето на ‘рбетниот столб почина. Родителите на раце го однеле детето во велешката Клиничка болница, но според тврдењето на лекарите од Итната медицинска служба, веќе било доцна за реанимација.

    „Кога го донесоа детето беше без пулс, без дишење, со проширени зеници. На моето прашање што се случило и како се случило добив одговор дека детето имало бронхит и дека во 3 и 30 детето се пожалило дека му е тешко, но не сака да оди во болница“, рече Јадранка Мишкова – доктор во Итна медицинска помош Велес.

    Според лекарите од спиналниот центар кои биле вклучени во лекувањето на Тамара, целиот тим на доктори морале да бидат внимателни оти операцијата барала тим на доктори по васкуларна медицина, ортопеди, односно интервенцијата била сложена. Лекарите претпоставуваат дека најверојатно детето починало од тоа што со деформитетот се намалил волументо на градниот кош.

    „Проблем е што со деформитетот се намалува волуменот на градниот кош, а тоа влијае индиректно на белите дробови, се поместуваат органите. Она што е најтешко во лекувањето е проградирачката белодробна хипертензија. Тоа е најчеста причина и компликација со највисок степен на морбидитет и морталитет“, рече Љупчо Николов – клиника за трауматологија.

    Директорката на Фондот за здравство вели дека Законот е јасен, а конзилијарната комисија морала да биде вниматела при несењето одлуки за лекување во странство, оти за сите пропусти докторите може да бидат парично и кривично гонети. Тимот кој одлучувал за судбината на Тамара, според Змејкова, сакале крајниот исход да биде успешен, одбносно барале клиника која гарантира успешна операција.

    „Ние во Фондот имаме, но одлуките ги носат докторите од комисиите врз основа на конзилијарно мислење од докторите кои ги водат пациентите. Ако самите доктори на клиниките ни посочиле дека станува збор за итен случај, тогаш предметот би бил побрзо решен, но не гарантирам за резултатите. Бидејки самиот професор Уфук Талу посочи дека не е во прашање време, туку прашање на квалитет“, рече Маја Парнарџиева Змејкова – директор на Фонд за здравство.

    Инаку, Тамара имала сериозен деформитет на ‘рбетниот столб кој како што велат надлежните ѝ го притискало срцето. Претходно ѝ биле извршени неколку операции, но требало да се направи нова која требало да му овозможи на девојчето правилно да расте и да се развива. Според ФЗОМ, два пати, еднаш во 2012 – та година и еднаш во 2014 – та, малата Тамара била одбиена на државен товар да се испрати на лекување во странство. По објавување на сторијата во медиумите, Тамара доби поддршка од државата и замина на лекување. Последниот термин сепак не стаса на време.
     
    Последна измена: 9 февруари 2015
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за офтопикот, ама морав.
    БИТНО СЕ ГРАДИ:
    [​IMG]

    Приоритети луѓе немаме.
    Ниту квалитет. Во ништо.
    И можеме да се тешиме и да затвораме очи и да си лупаме во гради дека сме патриоти.
    За што патриоти? Кога дури ни здравството не ни чини, а не па други гранки.
    Тажно е тоа што се случува, уште потажно што после ваква трагедија пак се наоѓаат начини да се оправдаат одговорните.

    Според мислењето на Хелсиншкиот комитет малолетната Тамара е директна жртва на неефикасниот систем на здравствена заштита и немањето волја овој случај да добие позитивна разрешница од страна на Фондот за здравствено осигурување.

    И сега?
    Не знам дали го гледавте прилогот на телма за Тамара. Едвај се смирив откако го изгледав.
     
    На Andrianaaaaa, crazylady, fighter и 7 други им се допаѓа ова.
  9. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе помислам дека не е можно повеќе да бидам разочарана од оваа проклета држава, секогаш ми приредува ново изненадување. Половина од народот се оболи од воздухот, половина умираат од грешки на нашите стручни доктори, а ние останатите ќе си умреме од мака и нерви што се уште ништо не можеме да направиме. До кога? Само тоа сакам да знам. До кога ќе ви ги мачкаат очите тие политичките партии... Ни сум ни ќе бидам некогаш член или било каков дел од било која политичка партија во земјава! Животот ни го скративте. Битно за Заев се расправа по телевизија 2 недели.
    Тотално разочарување. Да дај Господ сите што сакаат да си одат од тука и да останите сами да се отепате меѓусебе гниди едни!

    Почивај во мир мало анѓелче, се надевам дека си на подобро место... ;(;(;(
     
    На MiloMalo, butterfly4 и galapce им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ех колку и да не сакаме да мешаме политика во ова , мораме нема бегање , Власта има милиони евра и долари да гради споменици на секој чекор, а да поддржи лекување на невини деца или општо други болни на кои им е потребно не може , СРАМОТА е ова , луѓе да се свестиме , да си донираме и помагаме сами меѓу себе , за жал такво време ни дојде на глава , ама ни сами не можеме бидејќи има крвожедници кои ги крадат берените средства за донација , се срамам што живеам во вакво опшество , нека почива во мир малечката Тамара, и никој веќе да не доживее таква судбина камо да можеше ;( па оние управници од фондот излегуваат надмено на тв и им се развикуваат на новинарите , што поставувале прашања, уште и велат не сме ние криви , а кој е крив кога се е поврзано меѓу себе ? ќе употребам еден малоѓраѓански збор кој често се употребува во мојот град АИР ДА НЕ ВИДАТ виновниците и крвопијците за туѓите несреќи и судбини !!!
     
    Последна измена: 10 февруари 2015
    На Andrianaaaaa, Night Rider и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Дали ти сфаќаш дека парите не биле никаков проблем, туку комплексноста на случајот?

    До кога евтини политички пропаганди ќе ви перат мозок?

    Што треба да гради владата? Молови, продавници за гардероба, дискотеки, кафичи, свингерски клубови, марихуана клубови?

    Тие сме тие луѓе тука. Толку имаме квалитетни доктори и менталитет. Да биле нашите доктори спремни ќе го оперирале, но не биле, а и тие од Турција изгледа не биле, па барале испомош.
     
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    На сите нас ни се испрани мозоците, да. Контролирај се малку.
    Што зборуваш човеку, прво прочитај што точно се случило.

    Битката на девојчето со надлежните институции траеше цели три месеци, при што министерот за здравство Никола Тодоров изјави дека операцијата ќе биде на сметка на државата.

    Патем, срцевите проблеми и биле затоа што рбетот и го притискал срцето.
     
    На Andrianaaaaa, okcenzi, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    До кога тебе ќе ти го перат мозокот?
    Зошто фондот одбил да плати во 2012?
    Зошто пак одбил во 2014? Зошто одобрија плаќање тек откако се разбра по медиумите за случајот?
    Не се проблем последните два месеци, туку изминатите две три години?
    Дали си го прочитал она што го објавила мајката на Тамара на Фејсбук во Декември?
     
    На Andrianaaaaa, okcenzi, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Ако јас сум во грешка јавно ќе ви се извинам. Ветувам!

    До тогаш ќе чекам соопштение од министерство, а и од другата страна. Секако дека наредните денови ќе се дознае повеќе. Не може вистината да се сокрие, а не посебно сега кога владее информациска слобода преку интернет. Без разлика дали сум во право или не детето замина и не ми се набацувајте на мене како јас да го убив!
     
  15. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Никој не те спомена тебе како виновник. Проблем е што ти сметаш дека поголемиот дел од народот се води од политиката. Утре, не дај Боже, можеби, моето или твоето дете ќе треба да ги лечиме со парите на фондот. Тогаш нема да гледаме кој е на власт, туку како да си го спасиме детето. Е тек тогаш би болел фактот дека некој може да се куропеца со државни пари а некој за лек не ги добива
     
    На s1a1n1d1r1a1 и galapce им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Абе оствате го девојчете да почива во мир не туку мешајте политики, што ви е на вас? Девојчето можеше и требаше да се оперира пред неколку години, не сега, оваа сколиоза требало да се оперира додека била 40 % а не сега кога е повеќе од 80 %. Срамота, уште да почневте да плукате по родителите ви фали. Знаете како се лечи дете на Детска клиника? Епа ќутете. Знаете што ќе ви речат кога ќе побарате да идете во странство? Ќе се налутат дека вие не им верувате нив и нема да ви дадат мислење дека сте итен случај, како што било во случај со Тамара, со Јована, со внука ми.... За нив ако нема ТТ ако нема пролив и ако нема повраќање не е итен случај. Изреволтирана сум бидејќи знам како ви одговараат кога ќе побарате мислење од специјалист надвор од државата, господата се вреѓаат и ви се закануваат дека нема да добиете амин од нив. Отворете малку очи, Тамара, Јована, мојата внука, икс деца на клиника, малку ли се? Требаше ли Тамара да умре за да ја наполниме темата со 3 страни мислења кој е крив? Донирам речиси за секое дете, кога и како имам можности, правам и повеќе од тоа што можам, се трудам, но мојот труд, трудот на блиските роднини на овие деца и трудот на една Марија и една Маја не се доволни за да се соберат 30 000 евра за Тамара, 3 000 евра за Јована, 15 000 евра за Ана.... Да го кренеме гласот на хуманоста во нас и да направиме нешто за овие деца, а не само да млатиме празна слама.

    Знам мојот пост ви делува како полн со бес и лутина, но кога ќе поминете неброени ноќи во исчекување на одговор од некоја клиника од странство, од некој доктор кој се однесува како да не оди по земјава и кога сето тоа се однесува на некого за кого гола рака во оган би ставиле, е тогаш ќе разберете, дотогаш само ќе ви биде жал за уште едно детенце кое завршило трагично или пак чека средства од фондот.

    Се извинувам повторно на лутината.
     
    На Ninichka, okcenzi, kukla21 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Работата на фондот е да помага во лекувањето на луѓето кои тоа го плаќаат.Ако не е така нека го укинат па сами да собираме средства за лечење.Спомнувате комплексност на лечење?Па тие комисии кои патем речено млатат дневници за секое заседавање што работат?И плус кој поднел таму барање не го прави тоа од мода туку од мака.Се разбира има приоритети,не може исто да се третира лице со оштетен слух и девојчево во случајов,за кого и не ти треба дијагноза доволно е да фрлите поглед на него и да го погледнете со негови очи и очи на нејзината мајка.
    Не знам како може одлука за поправање на оштетена фасада од зоља да се реши за 5 минути,а ваков случај да се влече со години.Се спомнува не можеле во Турција да соберат тим.Па зар само во Турција има соодветни лекари?Очигледно некој не сакал да губи дел од своето работно време за да прочешла каде се вршат уште такви операции.
    Нека почива во мир Тамара,а за нејзините родители нема утеха.Тешко е да се бориш со еден бирократски систем во држава,која е оперирана од човечност.
    Уште еден минус за нас како луѓе и за државава.
     
    На kukla21, Daydream, Night Rider и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
  19. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    4.620
    петре, знаеш што ме изреволтира? никој не превзема никаква одговорност! си ја префрлаат топката само....а тамара немаше неколку месеци проблеми, со години траеа, така? и со години никој ништо не успеа да направи????? дур да се одлучат кој и што да се направи, ни отиде девојчето! надлежните се огласија за тамара дури откако целата приказна отиде во јавност, а тамара претходно немаше искривување?
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Срце ме боли за детево, ... поготово што и сеста ми ја има истата болест само што со корсет успеавме да го запреме зголемувањето на процентот барем до наредна година за кога е предвидена операцијата. Верувајте се изнаплакав вчера.
    Ама ова што мешате политика и не ги оставате родителите на раат - зборам и општо за јавноста е жално.
    Се гради се гради- дека се претерува се претерува. Дека се фрлаат мн повеќе пари од што треба сите знаеме. Ама што треба да се запре економијата ли? Да запреме со изградби, поправки на патишта и инвестиции? НЕ.
    Туку треба да се даде приоритет, ако Тодоров кажал дека ќе се плати, требало да се направи и убрза постапката - проблемот како што рекоа родителите бил во тоа што неможеле да ги дособерат документите...ги шеткале од шалтер на шалтер.
    Што мислите вие и покрај Барок столбовите, касата на државата е празна? Нееее, се купил тој или не, уште не 30.000 евра, туку уште 300.000 има. Значи не било до парите- туку некој на туѓа смрт и тага сака да се направи паметен. ПРОБЛЕМОТ Е ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА, неможе ти таков родител со итен случај и подржан од министерот да го шеткаш од овој на оној шалтер. Единствено што мислам е дека, можеби требало Министерот да реагира до Турција по итна постапка да се сработи тоа што треба па потоа цела документација да се реши. Тука е можеби ќе речам грешката. А не во 30.000 евра.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.