Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за малата Тамара Димовска

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од fighter, 18 ноември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.230
    Допаѓања:
    76.237
    Пол:
    Женски
    Oni dodeka se zamaraat za bombi, deca umiraat... :/
    Toa e nasata Makedonija...
     
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Отако е отворена темава, напишани се само 6 мислења !!!!!!!!!!!!!!!!!
    НИТУ ЕДНА СТРАНИЦА !!!!!!!!!!!!!!!!!

    Откако умре девојчево, за 2 дена страници се напишаа....Каде бевте досега ??????????????

    И наместо да се убедуваме кој е крив, дај да помогнеме на други случаи кои постојат во моментов.
     
    На Sanjichka007, SnowWhite8, naturally и 5 други им се допаѓа ова.
  3. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Штета и срамота е вака да завршуваат детски животи. Одговорноста за смртта, треба да се најде по институционален пат и да се казнат виновниците. Имало или немало пари, термин, доктори, тим, болница, се треба да се прочешла.

    Штета и е што од ваквите немили настани некои пробуваат политички да поентираат. Веќе стана честа практика прошиптарски-прокосовски-големоалбански-антимакедонски настроената М. Точи и нејзината НВО финансирана токму за вакви цели, во стил на мршојадци да чекаат некоја ваква случка за да го нахранат своето болно его и да ги исполнат зададените задачи. Поодвратно суштество не постои.

    Ако веќе сакаат да го политизираат случајот, зар одговорност се бара преку фејсбук статуси, твитови и слични глупости. Опозицијата зашто избега од парламент? Таму е местото каде преку расправи во комисиите и седниците ќе се оцрнуваа сите вклучени во случајот и преку интерпелација ќе се побараше одговорност и од министерот ако тој самиот не сака да ја признае. Постовите на форумов, лајковите на фејсбук и разни коментари по интернет не вредат ништо.

    И друга работа. Зошто во 21 век се дозволува деца да заболуваат и страдаат од вакви болести. Треба да се направи анализа и истражување за причините, во случајов сколиозата во Македонија. Дали е генетски, метаболитички, од физички фактори и тие да се сведат на што е можно пониско ниво. За вакви работи треба да се трошат пари и требаат кампањи за кревање на свеста кај трудниците за непушење, нивна здрава исхрана и исхрана на децата, чест мониторинг на ризичните групи на мајки и деца, правилно седење во школо и час по физичко секој ден, шкафчиња за книги во секое школо, систематски преглед почнувајќи од градинка барем два пати годишно, медицинско лице во секое школо,...
    Како што пиша некој, одговорноста за здравјето на децата е на цело општество, почнувајќи од министерствата, здравствените институции, разни установи, па до родителите и обратно.
     
    На evangelina.ina, mims-89 и koritsaki им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Жално е што мораше да згасне еден млад живот за да сфатиме дека има нешто труло во нашиот здравствен сиатем! Не удавија во бирократизам и формалности, триста комисии и одлуки, триста документи, па фалело ова па она, а човечки живот е во прашање. Точно ова се потенцираше и кога беше ставен на дневен ред Законот за абортус, каде исто така се предвидуваа триста комисии и чуда, не земајќи се во предвид осетливоста и итноста на нешто како што е абортусот. Ама сето тоа беше завиено со една таква пропаганда дека абортусот е убиство, да многу малку луѓе успеаа да видат во какви срамни и бирократски постапки ја ставаат жената која треба да абортира и како и го загрозуваат здравјето чекајќи на сите тие одлуки и одобренија од најразлилни комисии. Негативните последици допрва ќе ги почуствуваме, само речи не дај Боже да ти затреба здравствена услуга во нашето здраватво. Конкретно за случајот на малата Тамара(нека почива во мир) точно е дека девојчето ништо нема да го врати, но сметам дека имаме и морална и граѓанска должност да повикаме на одговорност, за да не се повтори никогаш повеќе! Во нормални држави се води посебна правна постапка доколку е прекршена некоја правна норма односно закон, но од морални причини одговорните си поднесуваат оставка, зошто да ги тргнеме настрана законоте и правните норми, во секое општество сеуште важат и се почитуваат и моралните норми и обичаите како најстари извори на правото. За жал, ние одамна сме скарани со моралот, па за цели речиси 25 години самостојност мислам дека само еден министер има поднесено неотповиклива оставка од морални причини. Жално, но вистинито! И не е срамно да се побара одговорност, во ваков случај срамно е да се премолчи! Којзнае уште колку луѓе се заглавени во таа бирократска машинерија, за кои не ни знаеме?!? Значи луѓе не станува збор овде да извадиш имотен лист па да те моткаат по шалтери, за човечки животи и судбини се работи!
     
    Последна измена: 11 февруари 2015
    На Annath, Hipster, esperanca и 2 други им се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Јас ја отворив оваа тема кога слушнав апел од родителите.
    Истата јас,подоцна ја постирав изјавата дека ништо нема освен ветување и дека девојчето се уште чека.(можете да ги проверите моите мислења)
    И ИСТАТА ЈАС FIGHTER НЕМА ДА ПРЕСТАНАМ ДА ПИШУВАМ НА ОВАА ТЕМА И ОВОЈ СЛУЧАЈ СЕ ДОДЕКА НАЈПРВО НЕ СЕ МАФНАТ ОД ФОТЕЉА И СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ СИТЕ ОНИЕ КОИ ЈА МАФТОСУВАЛЕ МАЈКАТА,ДЕВОЈЧЕТО И ЈАВНОСТА.

    ЗА ТАМАРА ТРЕБА ДА СЕ ПОНЕСЕ ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ !
     
    На Annath и MacenceEna им се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Жал ми е и мене навистина :(
    Ама дајте бе луѓе, оставете го детето да почива во мир, и што дека сега судите кој е крив за смртта, што и кога ќе се открие виновникот? Јес да треба да плати за тоа, ама сепак што и да се направи ќе биде за џабе. Да не случајно ја врати Тамара во живот?
    Најголема е болката на нејзините родители, тие најмногу страдаат.
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Како за џабе? Утре пак некое дете да се најде пред истите луѓе?

    Јас се чудам само на стручноста на тие доктори во комисијата кои не го класифицирале случајот како итен! Јас што немам поима од медицина кога ги видов сликите и снимките од видеото веднаш забележав дека сигурно тоа искривување и го отежнува дишењето, го притиска градниот кош, можеби и срцето. А тие големите експерти и стручњаци не му дале предност на овој случај, ги оставиле луѓето да се моткаат низ болниците и да чекаат со месеци за да заминат на операција.
    Таму треба да се почне да се бара одговорност, кај таа комисија која очигледно не била компетентна да го оцени случајот, а после кај оној што дозволил нестручна комисија да формира мислење за болести и да дава одобренија за лечење во странство. Којзнае уште колку вкави неспособни доктори има. :x
     
    На green.eyes и Annath им се допаѓа ова.
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Само сакав да кажам дека што и да се направи нема да ја врати Тамара :(
    А неспособни доктори имало и ќе има се додека се вработуваат со врски и со партиски книшки и токму поради таквите неспсобњаци страдаат невини луѓе..

    Тоа е, таква ни е државата за жал :(
     
  9. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ako ne pisuvavme deka donirame ne znaci deka ne go pravevme istoto.
    Ne sekoj uziva da se rasfrla so zborovi okolu onie raboti kade sto pomognal.
     
    На tessie, evangelina.ina, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.596
    Допаѓања:
    35.048
    Пол:
    Женски
    Е, од вакви и слични изјави до ова дереџе ни е дојдено здравството и државава. Како бре можете вакви изјави да давате?! Одговорност мора да се бара инаку ќе си прават што сакаат. Како до сега што правеа. Цццц... Ај ако не да оставиме да умре уште некое дете (пу, пу, пу, скраја да е)
     
  11. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Искрено му било жал!? Да ви беше жал ќе помогневте и ќе го спасевте девојчето, а немаше да го оставите на немилост и на цедило!
    Најмалку што можеш да направиш е да си дадеш оставка лицемеру еден!
    Добро бе какви луѓе сте вие? Какво срце имате? Камено?
    Како можете да имате мирна совест и да спиете како ништо да не било?
    Заслужувате од лошо, полошо! И дај Боже да се исполни!

    А на вас партиските овци, читам и не можам да верувам до кој степен ви го испрале мозокот! Во какви бездушни ве претвориле! :x

    Греота за Тамара! Толку млада, слатка и полна со живот.
    Ја гледам на сликите и солзи ми течат! Нека почива во мир и нека и е лесна земја! Сочувство до фамилијата и до роднините! ;(:(
     
    На christinnn, Mimi123, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Мајката "ги соголе" тодоров и софијанова и парнарџиева. Се разоткрија маскираните лица на "хуманитарците " им било жал,сториле се....

    Се сеќавам пред некоја година еден татко молеше од фондот да му се одобри лекување за тешка болест наа едната од ќерките близначки.Тој беше револтиран и огорчен,од фондот му одговориле дека кај и да се лечи девојчето немало да има успех и затоа не го праќаат во странство. ТАТКОТО ПРАШУВАШЕ КОН СМЕЕ ДА ЈА УТВРДУВА И ЗАПЕЧАТУВА СУДБИНАТА НА ЕДНО ДЕТЕ,ЗОШТО НЕКОЈ СЕ ДРЗНУВА НА ЕДЕН РОДИТЕЛ ДА ЛУ КАЖЕ НЕМА ШАНСИ?!
    Под притисок на медиумите,на девојчето му беше одобрено лекување.За жал по извесно време почина,но сепак државата мораше да се обиде и да му пружи шанса.
    Никој нема право да си игра со човечки живот.
    атамара чекала три години да и се помогне.Знаеле дека е во раст и тоа претставува опасност поголема...ама не...рестрикции се штедат пари за да има за реклами,кампањи,галии,плажи и ред други глупости...ако само нека се штеди на човечкиот живот...голем е господ и гледа.
     
    На MacenceEna, jb82, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Доста е министре, доста е !!!
    Никогаш и не те почитувавме ниту доживувавме како таков, па верувај нема да бидеме разочарани,нити пак ќе вежбаме пред огледало тажна фаца ако конечно си одиш ... имај доблест барем за тоа.
    не случајно зборувам во множина
     
    На green.eyes, Annath, fighter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Детето веќе го нема, мака ми е што се случуваат вакви работи, а и без разлика дали станува збор за дете или возрасен, не е добро.Останува да се спречат во иднина вакви работи, за да не се случи најлошото. Живот е во прашање, а не е мала работа.
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Е тоа ти е, од една страна реклами за зголемување на наталитетот, а од друга нема пари државата да ги одржува во живот тие деца.
     
    На Tanjamm, fighter и Nausicaa им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас памтам дека уште во декември излезе мајката на Тамара и кажа дека иако се собрани средствата, сѐ уште се заглавени во правни процедури. Не дај Боже да залута човек низ тие административни лавиринти. Деновиве ги прочитав сите изјави на „одговорните“ и искрено ми се згади од секакви оправдувања од страна на Тодоров и од онаа Софијанова што потпишала, а не знаела што потпишува. Телефонски ја донеле одлуката.
    Фондот не ги гледа пациентите како човечки животи, туку само како случаи црно на бело на кои им треба потпис и печат.

    Греота за девојчето, нека почива во мир.
     
    На Annath, fighter, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Незнам што чека министерот со оставката или и таа ќе залута некаде.
    Па доста е веќе, секоја мајка за свое дете ќе се бори.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    17.165
    Пол:
    Женски
    За џабе се кампањите против абортусот, за сакање на државата, кампањите за трето дете, кога дотичните не можат да помогнат на едно невино суштество, а и уште на кој знае колку такви за кои не знаеме! Уште еден млад човечки живот отиде поради негрижа на државата, игнорантност, бирократски лавиринти...

    Министерство мува не ги лази, без никаков срам и обзир, вината сега ја префрлаат врз болницата, институциите, и се така во круг. Јавна тајна е дека фондот ги злоупотребува парите што се дадени од граѓаните и се наменети за истите кои имаат потреба од нив. Всушност не само фондот, цела држава функционира на тој принцип, за жал!

    Министере, Софијанова, Аџигогов и компанија - здравството е благородна работа, не личен интерес и бизнис!
     
    На Annath, fighter и galapce им се допаѓа ова.
  19. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Да, комплетно се сложувам. Залудно е да се зборува за наталитет кога од друга страна ти умираат деца по болници, ти умираат новороденчиња поради негрижа, умираат деца ко мравки на патишта, умираат млади репродуктивни деца од дрога и алкохол и мал милион нус појави. До душа за голем дел од овие нус појави не е крива владата, туку културата на живеење и изборот на стил на живот.

    Но, само замисли дневно колку дневно Тамари се убиваат преку абортус ( еден куп случаи тука на форумот), замисли колку македонски деца не се раѓаат со тоа што некој раѓа деца на странци и тоа на душмани, а листата можам да ја набројувам до утре за жал.

    И да, се повеќе и повеќе верувам дека некој од МЗ или ФЗОМ треба да си сноси тешка одговорност. Говорот на Тодоров ми беше крајно лошо одглумен ( не дека не му е жал), но кај нас треба некој конечно да сноси одговорност.
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Сериозно Петре како не ти здосади со муабетиве против абортус, зашто нам веќе одамна ни се здосади.
    Велерија во повидок, или нејзина бледа копија, или истиот лик под различен псевдоним.
    Сфативме, здравстото ни цути, власта е секогаш во право, жените се криви што имаат секусуално односи со странци и што раѓаат ''туѓи'' деца, и имаат абортуси.

    Апдејт Софијанова ако треба ќе поднела оставка од комисијата за морална одговорност, АКО ТРЕБАЛО.

    Ги читам сите коментари и статии низ интернет, и не, мене не ми треба офицајлен коментар од цениот министер и МЗ, го има документот на интернет, со образложение зашто е одбиено.
    Вртлог во административните лавиринти. Законите ги ноат преку ноќ полу неписмени правничиња, уштепонеписмени ги толкуваат и болните ги гледаат како фајл, случај, црно на бело ништо поише.

    Медицината е најхуманата професија, барем нас така на учеа. Во пракса не покажуваат така, баш спротивно.
    Правете се слепи при очи, ама секој нормален и малку совесен ЧОВЕК, не велам лекар, зашто и тотален лаик ќе види дека се работи за сериозен случај.
    Се влечеле по инситиуции, јавно го повикала жената министерот, не одвоил ни 10 минути од својот 24/7 пополнет распоред. Нели 24/7 работат министирите, толку не нашол пола час во рок од овие 3 години да го види девојчето, сослуша мајката? Вечно се они заузети, по кафани и конгреси, приеми и сечење ленти, сликање и публицитет, да први се.

    И не, треба да се бара одговорност и треба да се зборува за ова јавно, за да не се повтори.
    Од молчење и стискање дојдовме до ова ниво.
    Цел живот молчи и трај, затоа сега сме на амбисот и дозволивме да си играат со нашите животи и иднини, да не угнетат и да ни ги уништат сите амбиции за успех.
    Од тоа се е со врски, џабе се мачам и за кого се трудам/учам/се надградувам не да ми е смачено ми се повраќа.
    Бетер од Уганда сме, искрено.
     
    На tessie, SexiLy, christinnn и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.