1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за малата Тамара Димовска

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од fighter, 18 ноември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Прашање до Директорите на фондот:
    ДАЛИ ЧУСТВОТО НА МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ ГО ДОБИВТЕ ПОСЛЕ 2 НЕДЕЛИ ОД СМРТТА ТАМАРА?:(
     
    На Annath, anina, anel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    А, што со тоа дека сите државни и приватни лекари излегоа со поддршка за Директорката на фондот дека совесно и добро си ја работела работата?
     
  3. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.937
    Пол:
    Женски
    А кој е виновен што девојчето имало 50% намален капацитет на белите дробови? Мајката?

    Btw, доцна проработи совеста, или нешто друго е во прашање, жртва мора да има, само треба и одговорност за сите што се замешани во случајот.

    Колку има вистина во тоа што го кажа мајката, да не излезеше министерот на тв да каже фондот ќе ја плати операцијата, ќе се собереа пари од хуманитарни акции, 30 000e и не се многу пари.
    Ќе можат ли господата мирно да спијат до крајот на животот?
     
    На Annath и fighter им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ова со оставките е добро смислено сценарио, само за некои да си го обелат образот, а добро знаеме кои се тие , да не ги именувам :x ми мириса дека или нема да им ја прифатат оставката , или им ставија во џеб по незнам колку илјади евра , да си дадат оставка како затишје за бурата , и по некое време ќе ги наместат на друга директорска функција , гарантирам дека е така !!! срамота ,и жалосно , џабе се и оставки и протести, тешко на семејството само :(
     
    На Annath, anel, fighter и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Сите? Баш сите? Тогаш сите се за во Идризово!
    Што се тие, економски или лекарски ''експерти''?? Змејковска економски го водеше Фондот, воедно тој и факултет го има завршено, и стварно не гледам зошто СИТЕ лекари би велеле дека ''совесно и добро'' си ја работела работата, чиниш операции правела секојдневно.
    Од експерти за се' и на сите полиња ваква ни е државата!
    Починала Тамара од бронхопневмонија, не биле тие криви. А бе да даде Господ сите да се искриват како неа, да ги стигне клетва во име на сите кои заради нивните ценети мислења и потписи не доживеале уште еден ден!
     
    На jb82, Annath, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Тодоров знае дека ако ја потпише оставката, тука повеќе вработување за него шипки варени..
    Пошто никаде не го видов никаде по вестиве да се изјасни нешто за простетите, веројатно си ги полни банкарските сметки ( дезинформација е).
    Неговото лице е сега оцрнето, иднина за него во земјава нема. И пошто не се чувствувал разочаран би сакала некогаш во лице да го прашам. А ДА СЕ РАБОТЕШЕ ЗА ТВОЕ ДЕТЕ ДАЛИ НЕ БИ СЕ ЧУВСТВУВАЛ РАЗОЧАРАН?
     
    На Annath, anina, fighter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    1.Па ...нека направат анкета анонимна на сите приватни лекари во МК па да ја видиме поддршката!
    2. Квази поддршката не ни е ништо ново...КОНТРА ПРОТЕСТИ/КОНТРА ПЛЕНУМЦИ и барем некој добар збор за бирократот во оставка . И
    3.ЧУСТВОТО НА МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО ПОДДРШКАТА ОД ДРУГИТЕ.

    ТОЛКУ БРЕ СТЕ ЗА НИГДЕ...ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ХУМАНОСТ ВИ СЕ НЕПОЗНАТИ!
     
    На jb82, Annath, anina и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Девојче, очигледно имаш многу вишок на машки хормони. Доста читаш тие феминистички романчиња што те с“скаат да урлаш непотребно. Смири се, диши длабоко и читај ме поубаво.

    Од каде ти знаеш кој е одговорен за смртта на Тамара? Направи анализа, истражуваше, вршеше распит на документи, беше во суд, направи полициска истрага или само цитираш некои партиски личности од Фејсбук?

    Како можеш ти на некого да накалемиш одговорност, а притоа да немаш ниту еден доказ?
     
    Последна измена: 24 февруари 2015
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.637
    Едноставен е одговорот на твоето прашање? ( иако свесна сум дека не е прашање)
    Душа, немаат.
     
    На Annath и ArmaniCode им се допаѓа ова.
  10. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Простете вака на простачкиов француски, ама преку курац сега со дијагнозиве.
    Кај беа да увидат што е дури беше девојчето живо? Фрлај умрена риба во вода сега...
    Толку проста причината била. Не ме јеби, крајниците треба да ти се пламени и во фаза на распаѓање за да има толку катастрофални последици...и пак шансите се 99.9% дека операција ќе ги реши зашто треба да си апла слеп и неспособен (или незаинтересиран) да не го приметиш воспалението. Знам затоа што другарка итно ја оперираа поради партал крајници, не е тоа нешто невидливо за кое треба обдукција за да си речеш „Ииии, види крајнициве какви биле“, и лаик ќе го види тоа.
    А за тоа со белите дробови, секој со интернет конекција може да побара и увиди дека пневмонија е една од најчестите последици кај лица со сколиоза. Да не збориме па за 80% ко кај Тамара.
    Значи прв факинг резултат е тоа на еден Гугл. Аман!
    Се нервирам само што мора да се истакнува ова ко да се објаснува 2+2 на првачиња, а не нешто основно што специјалист мора да го знае и во сон.

    Мене, искрено, не ме занима кој и дали ќе даде оставка. Не затоа што не сакам да ги снема, туку затоа што знам дека веќе си имаат обезбедено друго место и ова е само мачкање очи, а ништо нема да се смени после нивното трепкање и солзење.
    Утре дотичниов Тодоров ќе стане министер за надворешни, Адеми ќе го замени во здравство...и така ќе ротираат едни исти дури не дојде нов бран бесрамни и неписмени поданици што ќе ги заменат.
     
    На jb82, Annath, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Зошто на простачкиов француски?
     
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Кај баш за најбитниот дел се фати...
    Од дома ме учеле да не се служам со грд речник...ама па они не знаат дека така имам повеќе шанси да станам министерка.
     
    На Emy867, Nausicaa, Rose96 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Orianna

    Orianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2015
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    ти добар си ? па самата мајка кажа пред 2 години го молела министерот да и помогне на тамара,што лупеташ без врска се правиш паметен,се обидуваш да ги браниш твоите односно бандата на власт но многу тешко ти иде во тоа
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Добро бе Петре шо не ти е јасно?! Умре дете. Не е важно дали од сколиоза, бронхопневмонија или висока температура?! Пред очите на сите ни умре дете кое беше чувано да го рекламира новиот центар во Македонија и сега ти тука продаваш демагогии. Зошто воопшто се трудиш да пишуваш, веруваш ли во ова шо го пишуваш, нели имаш бар еден близок, комшија или познаник кому му се случило нешто слично благодарение на македонското здравство?! И кој е крив? Па се знае Петре - министерот, директорот на фондот и претседателот на Комисијата толку. Едноставно е. И верувај знам дека длабоко во тебе не веруваш во ова што го пишуваш, зашто во спротивно не знам што човек можеш да бидеш?
     
    На green.eyes, Orianna, Rose96 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Како како..?
    Ја неам докази за одговорноста,а ти знаеш дека имам вишок хормони!?

    народот знае,прогледа...и ВАШАТА СОФИЈАНОВА ТВРДЕШЕ ДЕКА СО ОДЛУКАТА ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО ЗА ТАМАРА СЕ КАЛКУЛИРА, ОДЛУКАТА ДОШЛА ОДОЗГОРА!

    ЏАБЕ ВИ Е,ПОД МАСКАТА ПАТРИОТСКА,СЕ ОТКРИЈА БИРОКРАТИТЕ КОИ ТРОШАТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КИЧЕРАЈ СКОПЈЕ 2014..
    ....ИСТО КО МАРИЈА АНТОНЕТА...АКО НЕМААТ ЛЕБ,ДАЈТЕ ИМ КОЛАЧИЊА!

    И ТАМАРА И ВАЛМИР И МЕДИНА СЕ НАШИ ДЕЦА,! НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА СТРАДААТ ПОРАДИ БИРОКРАТИТЕ СО ЗАДОЦНЕТО ЧУСТВО НА МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ!
     
    На Rama, jb82 и Annath им се допаѓа ова.
  16. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Јас немам проблем со твојот став, туку со твојот начин на изнесување. Зборуваш како да си на партизански марш или на хемороидичен женски форум. Олабави малку со тие црни букви и пасуси.

    Мојата Софијанова? Да не ми е претпоставен случајно или мајка, па ја карактеризираш како “моја“? Софијанова работи со години во здравство многу време пред да дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ. Помогнала на многу деца, оди распрашај се какво е мислењето за неа помеѓу докторите, родителите и децата со коишто работела. Нема потреба јас да ти објаснувам.

    Дали Скопје 2014 е кичерај или не е работа на вкус, политичко убедување, но економската оправданост и визуелен ефект е и те како огромен. Скопје за само 4-5 години има дупло повеќе туристи, многу работници лебот си го вадат таму, фирмите добиваат работа, се движи економијата и многу други бенефиции.

    Да, ниедно дете нема право да страда поради негрижа на системот. Тука се сложуваме.
     
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.389
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    Ај што збориш бе? Која црна економска оправданост? Врбите од 250 000 евра? Театарот со еден куп анекс договори кој што чинам стаса некаде до 30 милиони евра. Аце е 9 милиони? Зградата на АЕК која повеќе личи на филмска кулиса отколку на зграда со цена од над 10 милиони евра? Колонадата? Музејот? Архивот? Министерството за надворешни?
    Ај не ми збори жити се? Си видел од што се изработени сите овие силни објекти? Стиропор другар. Малку посилен ветер и ќе однесе се.
    За спомениците не сакам ни да зборувам. Од насушна потреба за Скопје беа толку многу споменици.
    Нека не ве лажат во штаб дека туристите во несвест паѓаат од убавиниве на градов.
     
    На Night Rider, Annath, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  18. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Ах Петре,Петре имам осеќај како Јаре во темата за вакцини да го читам:rofl:Туу што упорно чоече си:whew:
     
    На anina и Nausicaa им се допаѓа ова.
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Не е упорно...НА СИЗИФОВИ МАКИ Е!

    Поддршка за семејството на Тамара!
    Да не се повтори никогаш повеќе!
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Што ве гледам чудни, директорите дале отставка,зошто Тодоров не дава,воопшто луѓето на не ги боли глата за нив,веќе се обезбедени нови работни места најверојатно а за тоа јавноста ни ќе види ни ќе слушни,и Тодоров што ми прави некој моронски разлигавени фаци и да даде отставка од Министер за Задравство ќе го стават Министер за земјоделие или незнам на што,не ви е јасно дека кај нас така функционират работите, ако се фати столот никако пуштање,а и сигурно овие МОРАЛНИТЕ што дадоја отставка веќе имат начукано капитал и за внуците нивни така да воопшто не е дискутабилно што понатаму ќе прават тие или пак нивната постапка е повеќе и од смешна....Ако немаја грижа на совест нека не даваја отставка,ама сигурна сум дека тука не игра улога грижата на совест туку овие пиунчињата вмровски мораја да послушат некој дека сега засега мора да биде вака,за оние кои кренаја бунт да му затрепери срцето малку демек...
    Страм да му е животни,за све има пари брзо брзо да се гради а за болните деца треба да се чека месеци и години,да се застрамат не само овие од задравството туку и цела влада нека си даде оставка...
    Сега излегуват со некои глупи изговори и изјави како таја не починала од нејзината болест,како тоа било од сосема трето,па морони низаедни кога има некој искривување на рбетот до тој степен како останатите внатрешни ограни да функционират нормално?како да не добиеш друга болест?па уште родителите биле криви,за што?затоа што неможеа толку време на крај да излезат со толку тесшка болест??затоа што чекаја денови,месеци?затоа?.Да криви се што уште тогаш не кренаја бунт,и све не отераја упм,бидејќи живејме во материјалистичка држава и тотално неспособна....
     
    На Annath, Rama и anina им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.