1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за малата Тамара Димовска

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од fighter, 18 ноември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Ако мислевте дека досега беше дно, еве уште нешто што уловиле да се вртка по нет.
    И оди после не давај обоени позадини и теши се дека не е можно да постојат толкави морони меѓу народов...
    [​IMG]
    [​IMG]
    Иначе коментари упатени кон мајката на Тамара, во случај да е нејасно.

    Купете ми сајла...:x
     
    На kjukli, fighter, Петре Прличко и 2 други им се допаѓа ова.
  2. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.937
    Пол:
    Женски
    Од cv-то на новата директорка на ФЗОМ:
    - правник во Тутунски комбинат-Прилеп
    - искуство во влада( какво-непознато)
    - сестра на сопругата на Јовица Латиновски- советник на претседателот Ѓорѓи Иванов и син на градоначалникот на општина Бутел.

    Се' стручнак до стручнак, е***е државата, затоа ни умираат деца.
     
    На Annath, anina, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.457
    Абе што се чудите?
    Не умираат деца само заради директорите на ова или она, умираат пред се ради докторите.
    Вчера пишав, со новите 3000 вработувања, вработен е кадар кој не е кадарен да извршува докторска должност и точка! Млади луѓе без идеја за себе, среќни се кај се нашле, утре ќе прават операции на отворено срце. Да, технички може да го совладаш, ама кликер плус и желбата и наклонетоста е тоа што ги прави маестрални.

    До тогаш ќе се случуваат уште милијарда случаи како на Тамара.
    Лесно е, ќе смениме директори и министри, ама што е со веќе вработениот кадар?
     
    На Annath и fighter им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што никој не е будала да работи во мизерни услови и за мала плата ако е вистински добар. Затоа ни бега квалитетниот кадар, а не знам како издржуваат тие што се се уште тука.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.457
    Кримсон, долго време ги слушам тие муабети - квалитетниот кадар бега... Онда, не знам, останавме саде неквалитетот тука. Ти себе си се сметаш за неквалитет?
    Не е така. Способноста да избегаш во друга држава, не значи дека си професионално поспособен од некој друг. А и како мерило се јавува и финансиите. За да пребегаш во друга држава е пред се финансиска инвестиција, а има толку луѓе кои ги немаат тие пари, а се способни, што значи се тука...

    Смачено ми е од тие муабети - способен - си заминал од Македонија.
    Побогу жената што ни чисти избега во Германија... како да го сфатам тогаш ова?
    Како човек кој се стремеше и се стреми да си замине и со една пропуштена шанса, ќе ти кажам еден побитен момент за заминување кој е пресуден. Колку си подготвен навистина да си заминеш и да си го преземеш товарот - далеку од дома, носталгија, притисок, стрес, ново, снаоѓање и ред други работи. Почесто се јавува ова како пресуден дел, отколку професионалната способност.

    И не им е и така лошо, но може и далеку подобро со подобро осмислен здравствен систем.
    Не им е така лошо бидејќи им се финансираат и специјализациите кои често се и надвор од Македонија, а сам да го преземеш тој подвиг значи МНОГУ, ама МНОГУ пари, што ретко кој би можел да направи финансиска конструкција за да го преземе во свои раце.
     
    На Hipster, Boleyn.7, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  6. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Па министрите и директорите ги имаат конците у свои раце они вработуваат кадар и имаат одговорност да надгледуваат дали тој кадар е квалитетен или не, кога министерот дозволил да има таков крш кадар во државава нормално дека тој ја сноси одговорноста, затоа е министер, затоа некој е директор да знае да одбере квалитет а не да го вработи брат му како хирург што завршил правен и братучетка му што завршила еконосмки како медицинска сестра.
     
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Го делам мислењето.
    Јас за себе мислам дека сум способна и планирам да останам во Македонија. Никогаш не би можела, а и не сакам да заминам.

    Зборувам затоа што за жал имам искуство по нашиве болници, особено државна болница и гледав низ што поминуваат. Никој не треба да работи во такви услови. Баш заради тоа што мислам дека треба да се подобри системот, го напишав коментарот.
     
  8. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Тоа и јас цело време го зборувам. Залудно е обвинувањето и покажување прст само кон Владата, а да не покажуваме прст кон самите себеси и како ги воспитуваме нашите идни поколенија.

    Сум бил сведок на реновирани игралишта, реновирани училишни вецеа, паркови, а истите биле скршени, демолирани за еден месец без да бидат санкционирани и опоменати од своите родители. Таков народ сме, таква ни е црпката, зошто се фолираме да глумиме невиност во г“з?

    Медицинскиот факултет сеуште држи реноме и критериум. Не верувам дека доктори и специјалисти што излегуваат од таму се до толку “лоши“. Има добри доктори и специјалисти што излегуваат, а плус, сега се финансираат да се специјализираат некаде во странство, но да работат 3 години подоцна во јавно здравство.

    Ова сега што ќе се вработува во здравство претежно се медицински сестри и хигиенски персонал коишто работат со години.

    Што правиме со ова?





    Баш напротив. Последните години има големо враќање на докторите во јавното здравство, затоа што тоа јавно здравство му остава простор за мито и корупција, може да има статус на лекар и со операција на камен во бубрег или грип, големи плати, шарлатански однос кон пациенти, глумење лудило и слично.

    За разлика од јавното тој во приватното мора да се кози од работа, да има фер и коректен однос кон пациенти, мито не може да зема, има нон-стоп контроли од сопственикот, работат покомплицирани операции за коишто цело време си изложен на ризик.

    Само спореди го односот на докторот кој работи во државно, а после некој период се префрлил во приватно или отворил своја ординација. Небо и земја.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.457
    ^ Значи, не ми кажувај каков персонал се вработил сега, ти кажувам за пример од неколку врати од мене. Лани дипломирана, врска си нема од животот, со солидна врска.

    Медицински факултет може да држи реноме колку сака, ама се знае кој и како завршува, мој до моега се сите до еден. Или се деца на доктори или се деца на богаташи од кои докторите имаат интереси и крај на дискусијата. Тоа е така во поледниве 10 години и е факт.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Така е од секогаш:)

    Затоа е добро да се има јавно и приватно здравство. Македонија полека, но сигурно гради многу добро приватно здравство, но за жал скапо е за нашиот стандарт. Во приватно не можеш да работиш со врски, т.е. можеш, но бргу ќе бидеш избркан од работа ако пациентите се незадоволни од стручноста која ја поседуваш.

    Мразам такви комунистички бљувотини и предрасуди “богат си и мора да си глуп и неспособен“, а тој сиромав и способен;)

    Парите ништо не кажуваат, туку потезите кажуваат. Има деца на богати родители коишто се добри студенти и работници, а уште од мали нозе работат за да го наследат бизнисот утредента.

    Тоа гето на прадедовци/дедовци/татковци/внуци/правнуци е направено уште во време на СФРЈ кога деца на функционери, борци беа привилегирани за се и сешто, но ако сакаш да учиш ништо не може да те спречи. Ти битно имај желба за се ќе се избориш во животот. Оправдувањата се само за слаби карактери.
     
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не и беше поентата дека сите богати се неспособни, кај се фати баш за тоа? :)

    Супер е што имаме добро приватно здравство, ама тоа не е оправдување за државното.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.457
    По кој критериум оваа изјава е комунистичка цитирам бљувотина? Зошто баш комунистичка?

    За второто, ооо сега стана и психолог?

    Гасете интернет, готово за денес.
     
  13. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    @crimson @Lilit Ви реков јас дека Македонец без тој синдром “ се знам“ не е Македонец:D

    Ова се однесуваше на мене секако, лол

    Затоа што е комунистичка, но не сакам да навлегувам во тие теми. Мразам еднаквост по секоја основа ( која и така не е возможна)
     
  14. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Тркало панорамско, уште не разбра од што настапила смрт, не ги виде фотографиите, не прочита за трите одбивања на фондот за операција во странство и лажните ветувања на министерот?

    49 милиони е театарот а и тоа не е конечната цифра.
     
    На fighter, joy1 и An-na им се допаѓа ова.
  15. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    што да се каже повеќе, чим политичкиов полтрон, "актеркава" ЈЕБЕНА ЖУГИЌ се крена да ја критикува мајката на Тамара...
     

    Прикачени фајлови:

    • jelena.jpg
      jelena.jpg
      Големина на фајлот:
      174,5 KB
      Прегледи:
      33
    На Nausicaa, fighter, anel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ArmaniCode

    ArmaniCode Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.162
    Пол:
    Женски
    На kjukli, anel и danichap им се допаѓа ова.
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ете де...потврда за она што го зборев..


    "Власта признава - трошиме на чоколада, а немаме за леб"

    Ај на здравје бричење Петре
     
    На kjukli и Night Rider им се допаѓа ова.
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    И...до каде е? Дали е можно политичките превирања да се поважни од ова?
     
  19. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Море на Тодоров арничко му легнаа овие бомбиве, целото внимание се префрли кај Заев..
    Немогуче колку брзо се заборави целиов случај..(facepalm) сепак се надевам дека не е така..:|
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    И јас мислам дека не е така. А добро е и бомбите што излегоа..да се види правото лице на хуманиот Тодоров!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.