1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за несреќна женичка

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од irrelevant, 25 јуни 2021.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.929
    Допаѓања:
    36.030
    Пол:
    Женски
    Помош не се само пари, туку и сите мислења во темава.
    Подобро е да зема 70% од пензијата отколку социјална помош која би била околу 2000 денари освен ако не е нешто сменето последниве години. И ова е добронамерен совет иако ете не знам како ќе го сфатиш.
     
    На Victorian, mssuniquee, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Значи ти мене не ми даваш совети него ми велиш:
    Не велам дека лажеш, ама цела оваа приказна, украдено кесе бла бла...
    Не си ја ни причитала ти приказната како прво за да си земаш за право да ме правиш лажга или не знам во што и да се сомневаш дека сум. Кесето го изгуби никој не и го украде. Ама од кај да знаеш, брзаше да ме нападнеш што побрзо.
    И сега пошто имаме право на слободен говор, ете си го кажа ти твоето, а моето е дека поради вакви како тебе знам многу луѓе кои се премислиле или прекинале да помагаат.
    Влета во приказната одма со осудувања, па сега совети си ми давала. Ги прочитав советите на оние членки што ми кажаа, ќе направам што треба, а тебе фала ти, биди здрава и жива.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.929
    Допаѓања:
    36.030
    Пол:
    Женски
    Изгледа ти не си налетала на лажни огласи па затоа не сфаќаш.
    Подобро е да препраша човек отколку да осуди од прва дека е лага. Нелогично е во мислењето и пензијата и социјалната помош па сепак добро е што успеа да ни одговориш дека ете не си знаела дека ја следува жената пензијата.
    Покрај толку лажни хуманитарни акции нормално е да се сомнева човек посебно кога огласот се состои од нелогичности како тоа дека не ги следува социјална помош дека синот бил прогласен како работоспособен.
    Морам да повторам некои работи по четврти пат за да ме сфатиш.
    И сама знаеш дека во ниту една реченица не реков дека си лажга па нема потреба да испревртуваш.
     
    На eliesaab и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Плус штом бил пензионер треба да добијат околу 30 илјади за трошоците околу погребот, чисто информативно, нека поднесе документи и за тоа.
     
    На Lepotajce и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Човек што сака да помогне ќе пише, ќе контактира, па макар само за да праша зошто нешто е нелогично ај ко што велиш ти. Ете ете членка исто не и беше јасно, ме праша во пп, сака да помогне, се разбравме. Вака јавно, ко што ми влезе клизачки, не велам дека лажеш ама... И пак истото нелогичности имало, среќа што сум успеала да одговорам.. Не можам одма да одговорам кога ќе прашаш, имам обврски. Иначе синот не е дете, околу 30+ е.
    Не знам еве навистина кој ненормален на ова би праел пари, па толку огорченост и вакви работи. Треба апла да си бездушен да лажеш за вакви работи. Јас сум мн чуствителна и се допира до мене и многу пати сум помогнала, а и два пати ми останаа пари и со нив и едниот и другиот пат купив ќеси со храна за уличните кучиња.
     
    На gjoker4e и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    А како да ги најдам сметките вака да ги ставам на таа страна кај што им помагаат, некој да ме упати? Кај да пишам, како оди тоа?
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Те молам побарај го отец Оливер од црквата Свети Спас. Имаат и фб, ќе ти помогнат они за се остало. Пиша на погрешно место.
     
  8. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Кој друг да знае, никој не ја ферма ни од комшии ни од роднини. За погребот на мажот и, тогаш кога дознав за неа, таа си платила пола сума, пола ја загубила во новчаникот тоа се деси таму пред црква, таа изгубена сума ние и ја вративме со акции со поставување кутии, за да после си ги земе сите пари топтан. За пензија не знаев, понеделник ќе одам, дознав што како треба.. За социјално не ни одам веќе, што помош ќе има со некоја бедна сума... Јас ќе им ја давам таа сума на крај краева отколку да се мкнеме по глупи институции.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Да, за ова последното си во право. Ќе го побарам иначе, од каде се не сум побарала, ќе видам и таму.
     
    На Плавуша123 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  10. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Се обраќаш на погрешни места. Државни институции и комшии нема да ти помогнат. Тие постојат само да ти одмогнат. Обрати се во било која месна црква и ќе ти завршат работа. Многу помагаат.

    Има ли број за донации? Кој град? Еве, јас сакам да донирам пари, храна и облека.
     
    На Аргентина *, Lepotajce и buba4e89 им се допаѓа ова.
  11. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Зошто комшии? Кажувам дека на никој не му е гајле за неа, ни комшии ни роднини, никој ни ја прашал како е не па да ни кажел дека имала некакви права да оствари. Облека нема потреба, сите ја затрупаа со облека, јадењето и сметките се проблем, мада јадење јас носам скоро секој ден, а таа си штеди и си прави манџички, ама сега без струја, затоа ми е жал и секаде пишувам.
    Ќе ти пишам адреса, контакт од неа ако можеш да одиш да и дадеш пошто не се нафаќам да земам јас. Дај боже нека и се носи се, нека и се помага.
     
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.759
    Пол:
    Женски
    За тие 30.000 што ги даваат од солидарниот фонд треба извод од умрени, копија од трансакциска сметка, фактурите од погребот оригинал и копија, пополнето барање и последен чек од пензија.

    Најголемиот дел од погребалните друштва нудат опција да се откаже од парите за нивна сметка, а кога е погребот да не ги плати она во кеш парите. Па после они си средуваат за да ги земат парите..

    И јас сум изгорена од донации.. па дури и на една членка од форумов (не сум помогнала еднаш ама еднаш сум се заебала тука :D ), за подоцна да се прчи во темата што последно купивте дека си купила најнов телефон од 500+ евра...
    Бруки бруки.. поздрав членке, се надевам сега состојбата ти е подобра од тогаш:D
     
    На Alishan30, noteforself, ЕденЧлен и 20 други им се допаѓа ова.
  13. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Ви благодарам на сите за се што ми кажавте дека жената може да оствари, а не сме знаеле.

    Можеби е истата членка не знам, имав слики во што последно си купивте ставено и нови алишта што сум купила и имав нешто пишано демек да се ослободам од постарите и ми пиша пп дали може да и дадам алишта и цела тешка судбина ми раскажа и јас ко што сум таква, зедов две од тие новите алишта од сликите и ставив, алишта еден куп, патики 2 пара и тоа платени ептен солидно, а ги носев уште, еден куп козметика, фен, пегла и не знам уште што не изнаставив во пакетот и платив карго и испратив, не ми ни пиша повеќе ни фала ни ништо, а видов дека ги добила зошто неколку пати ги имаше поставувано во темата работите, не ми беше ич криво, баш мило ми беше, ама еднаш видов како стави дека последно си купила еден куп работи, скапи, јас не можам да си ги дозволам, а нема шанси некој да и ги подарил, саат имаше од Даниел Клејн мислам со 3 алки, тоа сигурно кошта заедно над 10 000 и уште некои такви скапи ситници и се лажам онака ај ваљда поклон и се. Ајде и јас да ја поздравам и мојата, активна е гледам....

    Не дека ти ги вадам на нос работите што сум ти ги подарила, ама можеше да одат кај некој на кој навистина му се потребни.
     
    На noteforself, Meckicja, Indiegurl и 8 други им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.929
    Допаѓања:
    36.030
    Пол:
    Женски
    Таквите членови објавувајте ги во темата Лажни хуманитарни акции. Од таквите нема да дојдат на ред оние на кои навистина им е потребна помош.
     
    На noteforself, ЕденЧлен, Meckicja и 11 други им се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.455
    Пол:
    Женски
    Зарем и вакви работи има од "домашниве" на форумот?
    Па треба да добијат траен бан и да не можат да ги крадат членовите тука анонимно со срцепарателни приказни.За мене ова е класична кражба.
    Нека молат на фејсбук или инстаграм јавно а не да се кријат тука зад анонимноста на аватарот а во град да глумат буржоазија накитени со туѓи перја.

    Стварно сте за срам!!!
     
    На noteforself, Meckicja, piglet1 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Која е?
     
    На noteforself, lovestoneddd, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Очигледно тајна е. :D
     
    На Meckicja, cresa-jagoda и Bridget им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Многу страни има темата - што си купивте последно, кој да селектира по телефони од 500 евра и скапи саати :sweat: :D
     
    На noteforself, Frosty!, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.759
    Пол:
    Женски
    Радозналоо]:):D

    Не би ја кажала јавно, знаат неколку членки што ме познаваат..им имам спомнато онака уз муабет:D
    Нека и служи на чест мене и 200 и 300 па и 400 евра нема да ме осиромашат..а дали неа ја збогатиле она си знае:sun:
    Се надевам милиони и донеле:emo:
     
    На Meckicja, cresa-jagoda, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Јас како пто знам ова е платено ,само доколку се согласил пензионерот да му одбиваат од пензија по 50 тина денари мислам беше за да одат во фондот.
    Е сега тоа мора во пиом да си прашаш. @irrelevant дали плаќал и ќе ти кажат ако да кои документи се потребни да ги даваш.
    Исто и за семејна пензија и следува 70% од таа на дедото. Ќе ти кажат таму венчаница мислам извод на умрени и не знам уште што беше.
    Јас носев повеќе за мајка ми бидејќи земаше и за брат ми процент дека под 26 г. Ученик.
    Од центар за социјална работа би ти предложила за еднократна парична помош да поднесеш.
    Прашај таму на шалтер за сметки за струја дали би дале или ако не за погребот ,потврда дека е без примања од ујп мислам беше ,потврда дека не остварува право на социјална заштита и фотокопии од фактурите за погребот , можеби би и вратиле некоја сума од тие што ги платила. Исто изводи оригинал за неа и синот би побарале и извод на умрени за дедото( ова што ми останало во сеќавање прашај таму за посигурно )
    И види детето што дијагнози има ако може за туѓа нега и помош да се поднесе.


    Јас лично моментално не можам финансиски да помогнам ,затоа ти ги кажувам овие :)

    и ако оствари семејна пензија да даде согласност за да и запираат пари за покривање на погреб ,во такви моменти никој на тоа не мисли ама после вака ќе значи :)
     
    На irrelevant, cresa-jagoda и gjoker4e им се допаѓа ова.