@irrelevant види контактирај со Проект Среќа и со Свети Спас. Поупатени се во помош на луѓе што се во тешка состојба. Најбитно е со ЕВН да се разбереш и да има можност жената да ја добива пензијата од мажот. Ако синот е прогласен за работоспособен тогаш не му следува туѓа нега и слично. Иако ако може да работи може и работа да му најдат. Има стимулации за компании кои вработуваат лица со посебни потреби. Има и програма за Асистирано живеење (Лични асистенти) на МТСП со кои деинституционализираат дури и лица што биле долго време во институции. Така што има програми само треба некој што ги знае да ти помогне Инаку давање пари и храна од време на време не им помага. Нив им требаат стабилни приходи за да може да живеат, не да се потпираат на туѓа милостина.
Те разбирам целосно. За тоа немам поднесено па не можам ништо со сигурност да кажам. Да се јавиш на телефон во центарот да прашаш? Претешко е по тој пат да оди еве млада личност како тебе, а замисли пак стара, стара не може ништо да заврши. Не е едноставно, многу време треба да одвоиш за да се заврши се.
@irrelevant За струјата треба жената да оди лично, предпоставувам е на име на сопругот ќе однесе умреница и потврда дека нема моментални примања. Ќе даде молба за да и направат на рати ќе плаќа сметка плус камата за приклучок ќе плати нешто ситно. Не знам дали има опција кога ќе ја прими пензијата да направи на траен налог да и одбиваат од ратата. За еднократна помош да земе треба да нема ништо на нејзино име мислам даваат околу 5000 како што имам чуено. Сега најпрво да се види за пензијата и за парите кој и следуваат за трошоците од погребот. Има многу трчање за жал ама така е во државава.
Од тогаш поминаа месеци, ваљда има и тоа рок за поднесување, сигурно е поминат. Не верувам дека сега ќе оствари, а посебно и кога зела пари за трошоци за погреб, за што даваат не знам точно пред тоа не ја знаев...
@irrelevant Дали успеа сметките за струја да ги прикачиш? Ако може да пишеш тука или во лп како оди тоа да пробам и јас треба.