1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за очајни домаќинки

Дискусија во 'Дом' започната од blond, 27 јануари 2011.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Еве и јас како и повеќето од овде си имам потешкотии со повеќе работи во домаќинството.
    Пералната ми е проблем, затоа и не ја фаќам (да е жива и здрава свекрва ми :lol: ).

    Темата е наменета за барање помош во користењето на апаратите во домаќинството.

    Еве ја да си питам, имам еден блендер кој има сечила само на долниот дел ете ваков е
    [​IMG]
    (само без додатокот) и не ми ги сецка работите доволно. Само тие што ги ставам во долниот дел ги сецка, а останатите остануваат цели. Кога пробам да го растресам малку, ми се гаси ако горниот дел го извртам за милиметар.
    Епа ај хелп како да ми е корисен ???
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Хм, Блонд, како ти се гаси?! :^) Јас имам онаков Вакси сецко џоа „раката на тато“, и исто не сецка се ама си го протресувам и помага.

    Пробај да протресеш со вертикално тресење, и така мислиш ќе ти се изгаси? Ама објаснив, се надевам разбра како :lol: Или пак сецкај дел по дел, не знам. Стави прво малку, па пак малку итн.
    Или смени го блендерот! :D
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    ^ А може поклон да дадеш на поклон ? :lol:
    Епа навистина ми го утнале другарките блендерот, јас ем им објаснив каков сакам, на крај пак си купиле по нивно :D Најдобро ќе е да го подарам :)
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Е не можеш! Не е убаво :) Плус расипан, не чини ;)

    Абе земи сецкај со рака, уствари за бебето ќе треба да правиш кашички а? Сега ми текна, ништо нов да си земеш, што друго да ти кажам :)

    И јас имам едно прашање до домаќинки. Пуштав корења на еден цвет во чаша, и нормално од водата фатило бигор на страните. Се обидов со оцет да го измијам ама не оди. Да не знаете друго чаре за бигор? Не сакам да ја фрлам чашава.
     
    На gavolica4 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    пробај со arf , портокаловиот, со гранули е.
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.391
    Пол:
    Женски
    За бигор, намачкај со лимон, остави да постои, па со сол исчисти го. Или пак наполни ја чашата со оцет, до таму кај што е со бигор и остави некое време, па измиј ја.
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сеа свекрва ми ми кажа да се изврие чашата и со вим потоа да се иструга. Или пак со прашок за перење (ова важи и за светнување тави и тенџериња).
     
    На NORA17 и stilas7 им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ви благодарам домаќинки! :* Ете, човекот учи додека е жив!

    Веднаш дома ќе ја средам и таа работа!
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    А бе бигорот најлесно се вади со Pulirapid, ама бидејќи се работи за чаша која секојдневно ја користиш (само како сега ќе ја користиш откако цвеќе си чувала во неа? :^) - јас не би), поарно немој со ова средство. Ама за кади, мијалници и се' што фаќа бигор - закон е! :)
     
    На skenco, Ana.Jones, gavolica4 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Анат? Викаш не а? Па не знам, јас сакам да си ја исчистам, колку да е чиста а плус убава е чашата...смотаница ја во најубавата го тутнав цвеќето да пушти коренчиња.
    Ама само вода имав во чашата и тие листовите.
    На гостите кога ќе дојдат нема да им ја давам токму таа чаша :lol:
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Па ако е убавa, исчисти ја и користи ја како украс, на крајот на краиштата... јас знам од чаши така со песокче, со каменчиња и свеќички украси да си направам... што ќе купувам вазнички, кога и чашите добро ми служат за таа намена :) :) :)
     
    На GeorGinnA, lolyta777, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.626
    Допаѓања:
    251.170
    Пол:
    Женски
    Ај јас да прашам со што ги бришете PVC прозорите, не мислам на стаклото туку на пластичната рамка, јас последно ги избришав со вода и она сретство за прозори растворено но незнам колку е тоа паметно. И кога сме кај бришењето а дрвените врати со вода и.... :^)
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    ПВЦ прозорите свекрва ми ги брише со некоја смеса од ракија и оцет, ужасно мириса, ама ги чисти ептен. А јас дома кај моите ги бришев со обичен детергент растворен во вода.
    Што се однесува до вратите, ако се лакирани, може со влажна крпа, ама мене повеќе ми се допаѓа ефектот на оние политурите за мебел, ако знаеш на кои мислам (Чисто, Пронто и слични, само што Пронто многу грдо ми мириса).
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    А јас да прашам...како сте задоволни од ПВЦ прозорци и врати?
     
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.626
    Допаѓања:
    251.170
    Пол:
    Женски
    Фала Ана јас имам за под бришење емсал се вика и се раствара во вода и супер мириса па му ја мислев со тоа да ги избришам. А тоа за прозорите не ми фаќа памет :^) оваа мојава измислица со сретството за прозори растворено во вода поарма ми се чини сега за сега :)

    Јас сум супер задоволна иако ПВЦ ми е само балконската врата и прозорците а останатите врати по дома меѓу собите ми се обични дрвени, поубаво ми изгледа така.
    Сега на пазарот има толку различни понудувачи цени и квалитет така да мојов одговор може и ништо да не ти значи.
     
  16. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Јас пак сакам да ве прашам домакинки како сте задоволни од емсал за подови.Се мислам подолго време дали да го земам за ламинатот да го чистам,па ако може да ми каже некоја што го има користено како е задоволна од него.
     
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.626
    Допаѓања:
    251.170
    Пол:
    Женски
    ^мене ми се допаѓа убаво мириса фино чисти (јас го имам оној што се раствара во вода,ми се чини дека има и едни што се како политура онака директно што се нанесуваат) а и долго трае.
     
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    ^ Емсал што се раствара во вода и јас го имав користено (додека бев кај моите) и сум презадоволна од него. Речиси секоја вечер се чистеше подот и немаше никакви оштетувања од користењето, а за сјајот на ламинатот и паркетот бев презадоволна.
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Одлични се Џулс, барем јас сум многу задоволна и многу едноставно и брзо се мијат. Кај мене работа врши магична крпа и обична вода а потоа некое средство за миење прозорци. Малку да сија нели ;)
    Од кога ги имам прозорциве мерак ми е да ги мијам, најсериозно.
     
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    На црна блузичка ми капна пудрааааа ;( ....кажувајте лекот ве молаааааааааам...... :(