Пред некој ден си читав на нет нешто околу домот и наидов на една статија за домашни средства (како оцет, сол итн.) кои можат да се користат за чистење. Два од тие совети применив и гарантирам дека навистина се ефикасни. 1. За многу валкана, загорена рерна се посипува сол, се вклучува рерната на 200 степени за кратко и после додека уште е топло се пребришува само со мокро сунѓерче. Се излегува! 2. За црни алишта кои со текот на перењето побледеле - во последната вода при плакнењето се става чаша пиво, јас си додадов и неколку капки омекнувач (да не мириса лошо од пивото). Црната кошула која ми беше побледена изгледа посвежо. Се надевам дека некому ќе бидам од помош
Значи, во 27 минути поминуење после полноќ, јас, сум се размавтала со перница и тепам проблем - мушице! Се занесов, оставив отворена врата, упалено светло, и сега ги имам РОЈ! Инвазија на мали, летечки, смрдливи мушички Како да го избркам стадово? Имате идеја? И немам светло на балкон, за да напраам финта со гасење на светло Мааааму им мушкаста, да ви кажам право ме изнервираа сега!
Митке, можеби доцнам со одговорот, ама има еден спреј против такви летачи досадници. Му го заборавив името (а ме мрзи да идам долу да прочитам како се вика) црвен е, одличен убиец е на муви, комарци. Бај д веј на него има испринтано ГОЛЕМА мува.
Ајде домаќинки малку помош со што да ја исчистам гарнитурата дома, некое средство за тапациран мебел што нема да ја намокри, а ќе ја исчисти. Не ставам прекривачи, затоа што така убаво си личи со перниците. Ај нив ги исправ ама неа?
Има шанси од некаде или некого да изнајмиш или позајмиш од оние машините што се за перење тепесони? Како правосмукалки се, ставаш детергент и вода и исто како вакумирање се користи. Сосем малку ќе остане влажен материјалот и за најмногу саат време е сув. Ако тоа нема, имаат Ваниш една пења исто за тепих е ама сум ја користила на гарнитура исто и ептен добро исчисти, ако можеш да ја најдеш во Македонија, знам има други Ваниш продукти ама не знам за ова, се прска, се трла со крпа, се остава два саата да постои и после вакумирај ја чистената површина со правосмукалка. Вака изгледа Ваниш пењата. http://www.vanish.co.uk/product.php?id=14
3 Има, да побараш од оние што нудеа кирби машини по дома, вршат и такви услуги само незнам како да најдеш... побарај на информации или во златна книга...
Арис, чисти и р'ѓа. Значи јас го користам за се', чисти буквално се'. Претходно некој праша и за гарнитура, се прска, се трие со крпа или сунѓер, и потоа се поминува со чиста крпа. Јас така ги чистам гарнитурата, теписите, а и седиштата од колата светнаа.
Со Spin Glass. Ако ти се даваат пари, смени ја ринглата. А и не се скапи. Ај јас да прашам. Има некаков лек за муви, ама од надвор ? ПРЕМНОГУ ме нервираат, ми ги серат прозорците (и оставаат големи црни гнасни точки ) и преку еден ден ги бришам. Ај сега имам време, ама штом бебушко ќе дојде на свет, тешко дека ќе можам да одвојувам толку време само за прозорци.
Чинам кажав еднаш Не е битно, еве ви спас за муви Ние веќе трета-четврта година напролет, април-мај, зависи, прскаме низ цела куќа и двор со рачна прскалица ама баш секаде едно средство, препарат за инсекти. Не е штетн воопшто, нема боја, мирис, ништо, ама е смрт за муви и слични животинки. Се раствора во вода, не знам точно колку, го има по земјоделските аптеки, кошта 330 денари, и нема нешто поефикасно а помалце штетно Татко ми баш прашувапе секаде дека е сепак препарат ама и на него си пишува дека нема несакани дејства, и плус прскаш по ѕидови, по ќошови горе. Трајноста му е до 6 месеци, така пишува на шишенцето, ама ете кај нас до следно варосување, сите инсекти што се лепат по ѕид, паѓаат по минутка, мртви, или во најмала рака ошумоглавени, таман за в правосмукалка Значи година дена раат Нема комарци под лозница, се седи раат, и прозорците ни се чисти редовно, без црни точки од километар што се гледаат Патем, Заљубена, кај нас и медијапанот се чисти со Пингвин Wiтака се вика), за такви работи е наменето, и многу сум задоволна, не лепи ко другине средтсва, и не се збира прашина по пет минути
Ова е Блонд тоа, на Илирија е, ама да ти кажам, сега ме усрами затоа што тато го купува , со мама абер немаме од каде . Ама веројатно од маркетиве поголеми, мора да го има некаде, ќе го прашам ко ќе е дома
Малата моја обожава праски, но дамките од праска никако не излегуваат, ниту на вриење, ниту со вениш и сличните на него... чаре???