не знам што да кажам. И јас имав проблеми со фугата и тоа фуга што не е ни целосно исушена. Иако најголем дел беше избришан, пак неколку пати триевме со вода и крпа. Не знам како да ти помогнам.
Ајде една консултација, до сега користев слатка павлака на Виндија за торти која не е растителна. Јас овде кај нас не ја наоѓам. Која е добра за ганаж Мегле, Хопла, Халта?
Пробав , но никако не бива ..Дури изгледа како воопшто да не е џогирано и добро е што уште е бело дека е само фуга , но со тек на време ќе се наталожи и поцрне..
А да заборавив да кажам.. дури некаде има како топчиња од малтер. Ама скроз е никакво , мајсторите си ги чувале алатите у кујна на бели плочки ужас
Пред некое време гледав Ајде Дома и таму рекламираа некои средства на Кнауф за чистење. Види распрашај се може има и за фуги чистење.
Баш сега сликав сакав да постирам слики... Ова е во кујна подни плочки и во ходник е исто вака ужас , значи прегрозно е и неможе да се исчистиии
И јас имав ваков проблем ги чистев со топла вода оцет и жица и сунѓер.Рацете ми отпаднаа дур исчистив
Пробав, ама на едно место дури плочката се изгреба ама тоа не излегува , а проблемот е шо не е на едно место ..така сите ќе ги уништам. А ова средството погоре што го кажа @НаталиЛили незнам каде можам да го набавам.. Твоите плочки сјајни беа или мат ?
Mислиш на машина за алишта нели?Јас прашок не ставам,само 1 лажица полна сода и во местото за омекнувач оцет ставаат но немам пробано.прашок не ставам затоа што трагите од омекнувач и прашок подобро се чистат само со вода.
Да пробаш да напрскаш aris de grass да почекаш да отстои 10мин и потоа да земеш со лопатка или нз како се вика стручно шпакла ако не грешам и стругаш,јас така ги исчистив