Тепхот е стар и синтетички прилепан на подлога,над него ставаме друг тепих да се гази. Потребно е само добро да се дезинфицира за да тепишто кој налегнува врз него а е сега перен остане чист од долу.
Имам во туш кабината кадата каде што е залепена под силиконот црна мувла.Ми дадоа средство Savo во продавница доста соленко го платив,ја исчисти мувлата ама таа под силикон никако не бива.Чаре?
Пробај со сода бикарбона и оцет ако е скоро внатре во силикон земи чачкалица за заби и пробај да ја извадиш
Само замена на силиконот, друго чаре нема. Ова од паталец. Ми преседна тоа чистење, затоа ја извадивме туш кабината. Раат невиден!
Не верував и јас дека ќе има чаре после се што пробав ама пак да прашам. Туш кабина е многу лична работа ама ептен непрактична.Ми иде само на плочки долу со сифонче едно да ми истекува вода така да си направам.Мувла многу гнасна работа
Така направивме... само плочки, сифон, и завеса за туширање, изѕидано цокле колку да се обележи местото и раат сме сега. За чистење полесно здравје.
Силиконот бара многу редовно чистење, зошто после тешко се вади. Ако можеш истави го и ставите нов силикон. Дома ние на некој период си го менуваме силиконот. Го имаме и на туш кабина, ама и на кадата. А, во меѓувреме го чистам со средство.
Како ги одржувате плочките на пресите за пеглање коса? Мојата е со керамички плочки и поради тоа што користам средства за заштита на косата од топлина, по рабовите на плочките и по рабовите од самата преса се собира нешто чудно како леплив слој е на допир. Ја чистев со влажно марамче и од пред скоро со Циф. Ме интересира какви средства користите, може ќе најдам некое поефикасно.
Како да ја извадам флекава од блузата? Ја дадов еднаш на другарка и еве како ми ја врати пробав со сјај на сува блуза, со едно средство за вадење дамки и не се чисти
Не знаев каде да пишам, па ај овде. Имам едно ќебе од Југославија, Текстилана Кочевје (валда повозрасните жени и баби знаат за нив). И на етикетата нема состав. Како може да дознаам од каков состав е ќебево ? Ова ми е скроз ново, спакувано со нафталин од времето.
Совет како да се изрибаат/ исчистат/ светнат ѕидните плочки во вц, како и собните врати кои се катастрофа измачкани, закоравени со флеки, претерано нечисти и нечистени којзнае колку време? Се работи за стан под наем,затекнат во лоша состојба....
Пo oдaмнa ти е мислењевo aмa дa си кaжaм Сo тепих врз тепих сaмo пoлoшo прaвиш. Кaкoв сaкa некa е гoрниoт тепих, сo гaзење ќе се прoвлекувa прaшинaтa, нечистoтијaтa нa дoлниoт. Кaкo дa си гo чувaш ѓубретo вo фиoкa? Акo е еден тепих, пoминувaш сo прaвoсмукaлкa, гo пoткревaш, чистиш пoд негo, бришеш. Вaкa х2 рaбoтa. И пoчистo не е.
Јас чистам се со Глос за купатило, го има во две верзии мислам.Иако има многу јака миризба ми се има покажано како најефикасен. Само со него излегува жолтата линија внатре во школката. Пробај го, не е повеќе од 40ден.
Баш ќе го земам, планирам деновиве да одам и да се фатам со чистењето.... Се мислев со оцет, сода бикарбона ( сум читала по форумов за тие можности, ама не знам за што точно беа истите, па си реков да прашам)... Се надевам ќе добијат некаков сјај ѕидните плочки, а вратите собни секако ќе ги фарбаме....
Ако се закоравени флеки тешко дека оцет и сода ќе ги извадат, ти треба детергент. Руби те читам , не вложувајте во тоа што не е ваше. Не е ова со лоша намера верувај ми. Остави ги вратите какви-такви, гледај да се фукнционални.
Како да ги оставам кога се полни со бактерии? Гнасни ми се да ги допрам, со прст буткам врата, за жал мораме ова да го средиме.. Наскоро ќе имаме и наш простор, може уште една година да потрае ова, но дотогаш мора да се функционира... Навистина не знам кој крај да го фатам, тој простор бара од темел реновирање!!!