Можеби нема да се како нови, ама ќе добијат некоја свежина. Ова најдобронамерно ти го кажувам штом мал период е во прашање ќе издржите.
Има ли некој правено стаклена глазура? Во сите рецепти има спомнато глигоза? На каква се мисли? @♡BuBaLe♡ ?
Еве јас ќе одговорам ако не е проблем.Ако мислиш на глазура за торти,ти треба корн сируп ама кај нас го нема.Направи си сама дома со шеќер,вода,вински оцет и малку сол. Пиши Домашен гликозен сируп(Корн Сируп) и ќе ти излезе од Мои Рецепти.
Фала Бубале баш со мајка ми го гледавме. Сега гледав една рецепта без гликоза. Па ќе испробаме нешто.
Здраво, сакам да прашам во врска со кадата за капење ни се излупи на едно местенце а на друго и онаму под чешмата ни избледна бојата. Решение освен фрлање? П.С. ваква е ко на сликата. (метал такво нешто материјал...бела ...)
Mozes da kupis sprej bel za kada taka ke go baras vo zelezarite go ima( nesum od sk za da ti kazam od koja prod da kupis)
Како да исчистам алишта кои се извапцале..Незнам како сум ја пуштила тренерката со сите алишта и сега сите маички посебно белите ми маваат на црвено..Совеет..? Искуство..?
Белите да ги пуштиш повторно на вриење, доколку е можно. Ако не да ги оставиш во вода со некое средство за отстранување на флеки, па да ги пуштиш на помала температура.
Дали ги користите овие? Дали стварно функциоираат како што е рекламата? Дали со нивно користење стварно ќе може во машина да пуштам алишта во сите различни бои без да се мислам дали ќе ми се офарбаат? Ми се смачи цело време да селектирам и да собирам алишта со иста боја.
Моментално ги користам тие на слика 2 што се. Добри се ама јас пак сортирам црни и бели алишта кога ќе ставам нешто што мислам дека ќе ми пушти боја тогаш ставам ливче од 'фаќачот на бои ' за секој случај
Јас секогаш селектирам: машина со бели и машина со црни алишта, тие не ги мешам, плус што користам различни видови на прашак: за бели користам Ариел, за црни користам Первол за црни алишта, а за шарени користам Первол за шарени алишта. А овие ливчињава би сакала да ги пробам за да можам во една машина одеднаш да пуштам зелени, црвени, плави, жолти, розеви алишта без да се плашам дека ќе ми се испомешаат боите.
Јас ги делам алиштата според температурата на која перам, и да, редовно користам вакви марамчиња, од ДМ ги земам, нивните. Идат на некоја акција ХХЛ пакување. Откако ги користам, не ми се обоиле алиштата, а претходно знаеше да ми се случи пребојување. Мешам во сите бои. Ако се сомневаш дека некое парче може да пушти повеќе боја, стави повеќе марамчиња. Инаку ДМ имаат и марамчиња за бели алишта, за дополнително обелување.
ПОМОШ!! Кога бев на депилација и несакајки со рацете залепив восок на фармерките.Еднаш ги исправ само али пак има. Земав со мокра крпа и пегла пак ги има али не толку многу потоа ставив и сјај за садови така да опстои па на крај во многу жешка вода да накиснат ама џабе не се вади. Како да ја извадам девојки оваа флека од восок? Навистина морам да ја извадам многу си ги сакам овие фамркерки