Над фармерките стави некоја крпа како салфетка или сличен тип на впивателна хартија, може и памучна крпа. Загреј пегла на најјако и притискај го местото каде шт ое восокот, би требало да се растопи и да се впие во крпата. Откако ќе го стопиш, посипи ја дамката со бебешка пудра. После тоа пред перење стави било какво средство за флеки, би требало да излезе.
Ах се надевам дека ќе излезе се пробав и со пегла со мокра крпа и какви не средства уффф секакви дамки сум вадела али ова инает ми води. фала ти многу ќе пробам пак
Крпата треба да биде сува, а не мокра. Штом е испрано веќе, да знаеш дека температурите од 60 степени нагоре ги фиксираат дамките, па потешко се вадат после тоа.
незнам кој ми кажа мокра крпа и пегла. И јас така направив хахха Значи да биде сува крпата и пеглата на најако?Спомна нешто салфетка од оние салфеткине што се за бришење на трпеза што се стават или? Нерви извадив ни јас не сакав да ги носам али после работа кога се иде тоа е
Спомнав салфетка колку да имаш претстава како треба да впива крпата за да може да ја извадиш флеката. Ама ако ставиш обична салфетка, може да ти изгори брзо, затоа е подобро со крпа. Ама немој долго да ја држиш пеглата врз крпата на најјако, значи ќе притиснеш, ќе дигнеш, па пак ќе притиснеш и ќе видиш дека на крпата ќе се појави дамка од восокот.
Па ќе видиме или ќе биде успешна операција пациентот мртов или успешна операција пациентот светнат хахахаха
На две црвени маици (во внатрешната страна на маиците) ми се направиле бели флеки од ролонот на Dove. Како да ги исчистам?
да те известам дека пробав така не се вади само од што е топло мириса на восокот. ајде викам чим мириса ке е извади не се извади ги оставив во топла вода со прашок па ќе видиме кога ке се исушат. на крај ќе ги однесам на хемиско
дали има неколку месеци од што ги купив и ств многу ми се погодија,а јас сум таква одма се заљубувам во некое парче облека. И мајками ми го кажа истово нови ке си купиш
Доколку некоја од вас го има ова за складирање на кондури, ме занима материјалот од кој е направен органајзеров. Дали е многу тенок материјалот или е ОК? Го гледам на Групер, на попуст е од 800 ден. на 299 ден, па се мислам дали да го купам. Ќе ми заврши работа за милионот апостолки, балетанки и папучи што ги имам.
Немам вакво, ама ако е како сите слични органајзери, ќе да е од платно некое подебело и непропустливо, како помека креп хартија.
Фала за одговорот! Мислам дека истиве ги имам гледано во Џамбо, и не бев баш одушевена од материјалот, па затоа и не ги купив. Во меѓувреме видов дека ги има на Али, за некои смешни 2-3 евра, така што „ништо од бизнисот“ со Групер.
Сум купила јогурт со две недели изминат рок а ми требаше да печам макарони со него.Да го фрлам или? Уф многу ме мрзи до продавница пак за јогурт само..
Замени го во продавница. Како така продаваат производи со изминат рок. Па и јогурт плус, и те како е ризичен.
Aбе една затуцана,кај ја најдов и јас баш таа, кога не се продава роба им стои и некој будала како мене ќе купи на брзање..А оддалечена ми е еден километар на жешко плус со бебе... Фала Дафи на брзиот одговор,нема да правам макарони денес
Ve molam koja ima nekoja zena sto I cisti povremeno doma, da mi pise broj vo privatna poraka. Vrtam kaj nekoj koj mi preporacaa prijateli, dve ne mi se javuvaat, a mi treba..