Има едно розево средство против флеки, арис мислам се вика. Баш минатата недела мм се направи со зејтин, напрскав од него, ставив во машина и излезе флеката.
Досега само неколку пати треба јас да ја вклучам машината за перење на алишта и изгледа не сум укапирала сѐ. Немам проблем со подесување на програма и степенажа, ама ме бунат коморите за прашак што се. Има три комори, третата е за омекнувач на алишта, другите две се за прашак. Знам дека омекнувачот е на крајот, ме интересира дали прашакот и од двете комори во исто време го зема? Заборавив да ставам омекнувач, па по 30тина минути кога отворив прашак немаше во втората комора. Беа уклучени бели алишта на 90 степни и пералната подолго работи, па мислам дека сеуште ја немаше исфрлено првта вода за да почне со вториот циклус, ако може така да се нарече. Пред месец и пол мајстор доаѓаше, имаше некој проблем. Се надевам дека нема потреба овој пат.
Јас на 30 перам и центрифуга на 400(тоа ми е најмала опција на машината). Нежни се, се расипуваат брзо..
На 30степени со кратка програма и 800 вртежи ги исправ јас моите, ништо не им бидна, па и во сушара ги ставив
Кажете некое средство за чистење тепих, не сум во состојба да ги перам но не е лошо да се зачистат малку.
Ве молам за помош Ја пуштив пералната на 90 да врти бели алишта и почнаа да трепкаат овие двете зоакружените и не сака да појде. Во што е проблемот?
Имаш упатство? Кога трепкаат различни комбинации ти укажува на различен проблем. Може не е затворена вратата, може е преполнета... Ако не можеш да го најдеш упатството, гуглај го моделот на машината и ќе најдеш на англиски.
Ефикасно средство за чистење мебел?? За текстил.. Гарнитурава е крем со големи перници... Перниците ги исправ во машина.. Ама местово кај што седиме, краевите многу ми се познаваат дека се валкани... Некој начин за суво перење?
Имам едно тенџере во кое после миење останува мирисот на храната која претходно сум ја подготвувала во него. Со што да го мијам за да не мириса? Не сакам да го фрлам, многу ми е погодено.
Стави сода бикарбона и алкохолен оцет и малку вода, стави го капакот и стави го на рингла да проврие.
На ќерка ми сите маици и се исфлекани од малтофер капки и никако не излегува што да ставам на флеките ?