1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за очајни домаќинки

Дискусија во 'Дом' започната од blond, 27 јануари 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ^ разбрав и благодарам многу Неса. :)
    Јас некако си бев увртела во главата дека оди прво прашокот , а потоа дополнително се додава омекнувач на друга програма.
    :headbang:
    Леле, кој ќе ме земе ваква бре? :sweat:
    А ќе си речеш, се префарба девојчево, не е веќе плавуша. :D
    Фала уште еднаш. :)
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88

    За ламинатот ти препорачувам да си земеш Емсал за ламинат,се растворува во млака вода бришеш и ламинатот има висок јај и убав мирис.
     
    На savana и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас имам потреба од рецепт за домашно доматно пире.
    Кај мајка ми имаат домати на претек, незнае веќе што да им прави, ги става во шишиња и сл. но јас сакам за мене и Петко да направиме доматно пире, како она што го има по продавниците.
    Такво највеќе употребуваме дома, за пици, но и за други ручеци.

    Го пребарав цел нет, и нигде не најдов таква рецепта, мајка ми незнае како се приготвува ова, па сакав да ве замолам доколку некоја од овде знае да ми пише рецепт, или да ги потпрашате мајките, свекрвите...па да ми кажете да подспремам и јас некоја зимница :rofl: :rofl: :rofl: .

    Мајка ми вели да експериментираме, ама мене не ми се екпериментира сакам веќе проверен рецепт за убаво, густо и вкусно доматно пире ;) .
     
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Ние дома го правиме (додуша не е како купениот) ама има добар вкус. Се земаат домати некои посочни не некои полузелени, и ги мелеш со истата машинка ајвар што се прави. Ставаш сол и други зачини и ги полниш во чисти пивски шишиња. После ги затвараш шишињата ги омотуцаш со весници и ги ставаш во шерпа на оган да се стерилизираат. Има и друг начин наместо стерилизирање со оган се купува салицил од аптека и се става внатре ама ние дома со топлина го правиме.
    Лесно е ептен за правење
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Женчиња, на што да обрнам поголемо внимание при изборот на машиња за садови ? :?:
     
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    257.960
    Пол:
    Женски
    Јас добив на подарок за свадба bosch и искрено сум многу многу задоволна. Две години ја користам нон стоп и сега за сега се немаме скарано :lol: Оваа јас топло ти ја препорачувам, инаку е и поголема но мене не ми е проблем ја пуштам еднаш дневно, пред легнување на ефтина струја :D како типична домаќинка и сабајле се е чисто, исушено и спремно за ново користење.
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    За колку лица е ?
     
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    257.960
    Пол:
    Женски
    Ќе те излажам, ама вака визуелно е голема колку еден просечен шпорет. Значи не е од оние тесни туку поприлично голема, но има опција за половично полнење иако јас најчесто успевам да ја наполнам.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Блонди ние ќе се запалевме дома од машината за садови. :tmi: Нашата е со извадени греачи (значи одма под решетките каде што се ставаат садовите стојат греачите) и едно пластично канче паднало на греачите и ги стопи и решетките, а кога ја отворивме пламен чуреше. Затоа за било каква марка да се одлучите, да барате греачите да се вантре во самата машина, никако извадени!
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    blond исто и ние ја имаме оваа од bosh дома мислам дека е за 6 лица и е супер садовите ги мие преубаво и ти ја препорачувам
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам Феминки,
    дали некоја од вас имаше проблем при правилно позиционирање на машината (да не тресе, вибрира, се измрдува :D и сл.)
    Подот во купатило ни е нерамен односно целата вода се слева на една страна баш од таа каде стои машината и потребно е да инзајдеме решение.. бидејќи вака ќе скапува. :!:

    Плс за хелп ако има некој :D
     
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Да пробаш со даскички одоздола да ја наместиш да ти е рамна? Ама даските да се така средени како рамка за машината ако ме сфаќаш, т.е во вид на коцка.
     
  13. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    фала ти Блонд,
    ама веќе пробавме со палета и многу вибрира се измрдува :@
    и вчера дремев до машината дур переше :tmi:
    мора да смислиме нешто вака не иде (а плус тазе машиноперачка сум :D 1 месец)
     
  14. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    ^ Секоја машина за перење од поновите има ногарки за нивелирање, односно да ја наместиш да не биде крива. Ќе му кажеш на сопругот да земе либела (васер вага) и да ја стави над машината и по неа после да ги намести ноарките. Е сега ако нема ногарки машината, тогаш пак со помош на либелата ќе ја наместите, самошто од едната страна на машината ќе ставите нешто. (а пр. дрвце, плочка нешто тврдо). Се надевам дека ти помогнав. Јас мојата така ја наместив
     
  15. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Неша има ногарки,
    ама како што пишав неможе машината да стои дирекно на плочките, бидејќи скрос е нерамен подот и целата вода таму се слева.
    како и да е фала ти многу :)
     
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    и машината од свекрвами кога центифугираше цела се движеше и пробавме да ставиме се под неа, плочка, парче ламинат и ништо, ама мажето мое стави парче гума и сега се е ок, свекрвица е мн хепи :rofl:
    пробајте со тоа ;)
     
  17. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    ОЧАЈНО ми треба помош :( ве молам ако некој знае како да извадам дамка од кечап од бел намештај. пробав да ја исперам ама сепак се познава розева ОГРОМНА дамка... Ве молам за совет, дамката треба да ја снема за 2 дена пред да ја види мајками, фала однапред :)
     
  18. filli

    filli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    4
    Ве молам кажете ми што да направам со мојата пегла се вика Горенје во водата и ставив омекнувач сега несака да испушта пареа и вода тече,., ве моламм
     
  19. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Пробај да ја истураш водата од отворот и стави нова вода без омекнувач!
     
  20. filli

    filli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    4
    И тоа го направив пак е истото ?