Незнам од што ама алиштата ми мирисаат и тоа многу лошо..Значи не сите ама тие што мирисат мирисат и за другите..Мн лош мирис..Мм ме утепува со зборењето ко јас да сум крива..Со секаков прашок пробав со омекнувач без купивме и нова машина бидејки предходната беше стара па мислевме до тоа е..А на децата алиштата не мирисат..Пробав и надвор и внатре да сушам сите опции мислам ги пробав..Значи мирисат грозно незнам зошто така..Совеет..?
@blessed.an кога бев бремена користев некое чисто масло кое само по себе мирисаше убаво, ама во допир со кожата и со облеката стануваше одвратно. Цела облека ми се имаше умирисано,некое повеке некое помалку, дур се свестив што е леле леле..ама лесно се одмирисаа, ги преправ еднаш двапати и се средија, освен едни тренерки кои скоро година време ги пуштав одново и одново дур да се одмирисаат. Штом не ти се сите алишта не е машината, можно е да се имаат умирисано кога си ги сушела внатре на влажно време,тогаш фатиле мирис и сеа тешко се отстранува. Пробај во прашокот и сода стави лажица две би требало да ги освежи малку.
Ако најдеш решение, пиши ми. Јас ја однесов блузата на хемиско и ми рекоа дека веќе е обоена и и нема спас.
Иако верувам има соодветна тема ама да прашам и тука. Флеки од само што поставени плочки со што можам да извадам. Значи мајсторите ги имаат измачкано ептен и сега флеките не се вадат. Некое јако средство за плочки да ми препорачате .
@blessed.an @irenariri Има во тинекс еден прашок во ќесички, го раствараш во вода и ги ставаш обоените алишта. Се' вади. Јас на многу осетливи материјали што ми се беа обоиле во сосема ладна вода го користев Супер помогна
Некое сррдство за прозори да не ги мачка.пробав дипло и ајах ама многу размачкани се.или е до мене не знам да бришам или средствата или прозорците
Јас прозорите ги чистам со жешка вода и сјај. Ги поминувам со тоа, и потоа со тргач за стакло. Не замачкува воопшто. Гледај крпите да се чисти и да не оставаат влакненца
Го чистев новиот фрижидер, пред да почнеме да го користиме, па да прашам што е ова на сликава? Вакво немав на прошлиот фрижидер. Треба ли да го повлечам ова или не треба да го пипкам. Во упатството ништо не пишува за ова.
Da ve prasam sad za jadenje cisten so domestos potoa so vrela voda e iscisten dovolno od hemikaliite od domestosot?