Претпоставувам на вриење ќе ставаш бели алишта, тогаш избери ultra white, ако сепак не се сите бели избери cotton. Овие десно копчиња се за центрифуга и колку вртежи да прави, остави како што е и само стегни старт на последното копче.
Епа баба ми веќе испробувала... Ако може да ми кажеш ова тајмеров за што е? И зошто кога ќе стиснам на она за степените, титка?
На тоа C се местат степени, на тоа до него е на колку вртежи да ти биде центрифугата. И последното си местиш колку време сакаш да пери машината. Проспект немаш?
Бели алишта на 90 степени се перат, кај тебе сигурно на 95 ќе треба да седи. Кај мене самата машина бира време за перење во зависност од функцијата, ако веќе мораш да ставиш тајмер, за вриење е повеќе од еден час одприлика. Ама сепак тука мислам дека ќе ти покажува уште колку време останало да пере машината.
Ја уклучи ли? Ако не, за бели алишта на вриење, програматорот (големото копче што се врти) треба да ти биде на cotton свртено. Обично температурата е автоматска, ама на копчето под степените си прилагодуваш на колку сакаш да пере, дали 95 или 60. Е сега, пошто сакаш на вриење, треба да биде 95. После тоа местиш на колку вртежи сакаш да ти е центрифугата, 1200 или 1000 е многу, препорачувам 800 или 600. После тоа стискаш на старт копчето на крајот десно, треба да почне со работа. Ама прво ставаш прашок секако Тајмерот ти е ако сакаш одложен старт, т.е да ја програмираш сама да се уклучи покасно.
Што залепи? Со аспирин. Намокри ги претходно раздробени (2-3 ако се помали) и чисти на вклучена пегла. Мириса многу лошо кога испарува и внимавај да не вдишуваш.
Па не залепив ништо, ама чудни се овие пегливе со керамичкиве плочи, кога пеглам памучни работи, после некое врем есе појавува црно на самата плоча и не се чисти. Така старата ми се зезна скроз, сега новава е иста песна, изгледа до домаќинката е
Некои работи кои ти се лепат може да ги пеглаш со марамче врз нив и после пеглата. Ако ти лепи значи дека ти е многу јака температурата за тој вид на материјал-пробај со намалена т.
Домаќинки убави, имам едно прашање до вас. Како се справувате со онаа миризба што понекогаш се појавува у веце и излегува од сифоните или од чешмата или од цевките ли негде поима немам. Значи вецето ми е стакло чисто, ама сепак некад знае да се појави таа миризба. Има некоја искуство со ова?
Вoдa вo сифoнoт секoгaш дoтурaј...тoa се случувa кoгa е oблaчнo..нештo вo врскa сo aтмoсф.притисoк...
Има два начина: 1. Раствори во шише едно литро кисела вода и едно пакетче сода бикарбона и додека има ,,ерупција,, во шишето истури во сифонот, ќе се одземе миризбата 2.Во сифонот истури кока-кола
Вчера кога чистев у ве це лавабото ми беше затанатоми мирисаше. Земав скептик ама да пробам де.. ставив малку кока кола. И у меѓувреме се мачам и мислаж како да извадам ѓубре и миризба.. ја оставив водата да се исцеди лека полека што се беше насобрала во лавабото и маж ми вика нека исцеди полека па ќе го отворам. Арно ама.. За 1 минута откако излеговме кока колата го направи своето иако уште не верувам се слушна чуден звук и се одзатна лавабото со брзина на светлината. Нит миризба нит бутур нит прашина.. Све ојде у неповрат. Уште сум скептик за кока колата иако знам дека помогна.
Јас секогаш дотурам вода. Ама ова со кока колава ќе го пробам. Ког сме кај домаќинлук, во машината за перење кога перев бели алишта ставив топче алуминумска форија онаа што ја коритиме во кујна. Немате појма какви бели излегоа алиштата!! Снег!!!