Значи од алуминиумската фолија да направам топче и да го ставам во бубањот заедно со сите алишта? Колкаво да е топчето?
Па јас го направив колку пинг понг топче отприлика. Нема конкретна големина. Само во текот на перењето може да се распрсне малку на ситни па ако имаш машина што суши и пере не знам колку е ова изводливо. Ако само пере ич нема гајле.
Не знам дали ми е прашањето баш за тука. Ми се скршија диоптерските наочари на долниот дел, прашањето ми е дали постои некаква можност да си ги залепам со нешто, а да не е секундарен лепак оти не ги лепи ? Благодарам
Кај оптичар ќе си одиш, кај што си ги правела. Обично кршењето (како и искривувањето) може да доведе до изместување на фокусот на стаклата, па да имаш проблем со очите и главоболки. Од искуство ова.
Дајте совет итно е со што чистите гусени шпорети на дрва поточно за пламен фирмата прашувам? Не знам кај да се обратам не најдов соодветна тема или нема таква?.
Сака некоја домаќинка да ми помодне? Ама со совет. Како ја чистите пералната ,, внатрешно,, средство некое има? Од нечистотии згрутчен прашок ?
^Ако мислиш на делот каде што тураш прашак, кај мене е мобилен, го вадам, под туш со четка го мијам и го враќам назад. А за бубањот земам средство В5 (W5) од лидл.
Прашањето не знам дали е баш за овде ама ајде. Со што ги чистите чизмите од овча кожа, за UGG поконкретно прашувам и слични на нив? Може да се стават во перална?
Имам торта во замрзнувачот, ама во него има уште 100 смрзнати работи (овошје, зеленлук, месо). Последниот пат ја фрлив тортата оти ми апсорбраше од мирисот (беше авиткана во најлон фолија), па оваа нејќам да ја фрлам. Дали ако земам од тие садовите за торта (ѕвоно) ќе ја спасам? Или има друго чаре?
Сакам да ставам малку бел оцет во машината за перење(во преградата кај што се става детергентот) , ама со алиштата заедно. Ама мене ми е да не се замирисаат на оцетот. Совет од вас.
Малото ми ја имаше извалкано фотелјата и откако ја исчистив ја сушев со фен но ми се изгори и ми се направија две мли дупчиња. Ка имаме купено пред два месеци и сега да ве прашам дали доколку се јавам во слонот од каде што ја купувме гарнитурата ќе можат да ми ја преправат или пак да ми набават штоф па сами да си барме мајстор. Секако ќе се јавам вторник но ве молам за искуство доколку некој има. Оти цел ден се нервирам и незнам шро да правам, а ја плативме доста скапо
Ако ја чуваш во добро затворени пластични садови, не мириса, барем моето искуство е такво. Слободно. Воопшто нема да мирисаат на оцет, само на детергентот/прашокот. Ќе мириса дури пере машината, ама алиштата нема да мирисаат.
Доколку е од штоф (не кожа) тогаш може да сошиеш некое копче во контраст боја, едното поголемо другото помало. Пеперутка, бисер, монистри. Или пак можеш да ја покриеш со нешто како сликата подолу.