Наместо омекнувач. Ама и ја чисти машината истовремено. Ако ставиш и сода со прашокот, алиштата ќе бидат побели (за белите ова, за темните не).
Фала за советот, ние секако ја имаме покриено со флекери но ни се извлка преку нив. Така покриена не се гледа но сепак реков да прашам во салонот дали ќе ми помогнат но не можело бидејќи не се произведени во мк. Сега нека стои така тоа е. Поздрав
Прашав во друга тема ама ајде и овде можеби ќе добијам одговор. Зошто машината за перење алишта не го прима омекнувачот?
Провери да не има згруден прашак ,отвори ја кутијата и убаво исчисти ја или проверете дали прима вода во делот кај што е омекнувачот.
Денес кога вклучив машина да пере имаше стврднат прашок и омекнувач и вода во тој дел. Го тргнав прашокот и после перење уште си стоеше омекнувачот. Можеби не сум го извадила цел, не можев убаво да исчистам.
Убаво исчисти го ако треба стави сода во делот кај прашакот и пушти ја така да изврти ,и за бигор што фаќа убава е содата.
Да ве прашам со што чистите жолт бигор( веројатно бигор се нарекува) во када, пробано со милф, некое средство за када, сода бикарбона ама не сака да се исчисти целосно. Што да побарам друго за да го остранам и зошто се појавува?
Веројатно останува бидејќи ја има и по страните. Да пробам и со пулирапид може ќе има ефект. Плус ја има и накај дупчето каде што излегува водата.
Извини што се мешам. @buba4e89 јас бигорот од чешма кај што излегува вода го одвивам прстенот со сито и го ставам во пластичен сад со оцет и сода и потоа го тријам со сунѓер или четка мала така го тргам бигорот и поубаво тече водата.Од страните кај чешмата и лавабо и јас имам жолт бигор и многу тешко го вадам
Те разбирам,навистина не знам како да го отстранам. Ќе пробам со пулирапид. Па ќе ви кажам што сум направила.
Не знам дали ова е право место за прашањево... Препорачајте некој сервис за перење теписи кој работи ова време? Во Скопје.
Некој совет.....веќе некое време посебно постелината ми мириса многу грдо во плакарот,па совет што да ставам бидејќи воопшто не мирисаат на омекшивачот,за да си трае мирисот од омекшивачот?
i jas ova sakav sega da go prasam. ako alistata podolgo vreme stojat vo plakar nekako cudno i grdo mirisaat
Пробај со освежувач за плакари. Има во Веро Џамбо. Кај мене таков неубав мирис имаат памучните работи, летната гардероба. Оваа сезона ставив освежувачи во плакарот, па ќе видам дали ќе биде така.