Плочите од аспираторот во машина за садови, ако имаш. Полесно здравје. Ако има закоравена маснотија, испрскај со вода во која има растворено сода и оцет и после на миење. @forumce и обично средство за стакло би ти завршило работа. Арф, Циф, оставаат бели траги, дури и на бело ПВЦ се познава ептен.
Имаше некои флеки не се чистеа убаво. Прво со арфот и сунѓерче исчистив, па со чиста вода и сува крпа на крај. Светнаа, волку бели никогаш не биле. Ова погоре од @referentka претпоставувам само во дм го има? Штета.
Вчера приметив дека бубањот ми мириса на влага??? како ова да исчезне пошто ми ги замирисува алиштата
Да, само во ДМ. Во Штип немате? Имаше најава дека ќе се отвора, или погрешно сум слушнала. @BabyStyle сода и оцет. Истури во машината и пушти на вриење, празна. Ќе се исчисти. Има и специјални средства за машини, за нив си има соодветно упатство. Иначе, гумата секогаш бриши ја со сува крпа, после секое перење. И вратата од машината обавезно отворена барем малку, да не замирисува.
Да, само во ДМ го има и некаде околу 90 денари е.Ептен ефикасно. После перење околу гумата избриши да не останува вода и вратата задолжително отворена. Ако многу ти мириса на влага, тогаш помини ја внатрешноста со крпче натопено со алкохолен 9% оцет и остави да се излуфтира отворена врата.Оцетот помага да се одземе миризбата. @Annath стари домаќици
Немаме дм во Штип и не сум слушнала дека ќе се отвара. Ама Трговскиот ни е во фаза на реновирање така да не ме чуде и да отворат. Ништо, јас ова ќе си го порачам од другарка кога ќе доага да ми го земе. Фала ви
Со што ја чистите влезната блиндор врата? Ние ја купивме последната (Prestige), темно кафеава е, па не знам со кое средство да ја чистам. http://www.sef.com.mk/index.php/proizvodi/prestige
И јас имам темно кафеава, слична, ја чистам со Ајакс за стакло. Немам пробано со нешто за дрвени површини оти и тоа ми врши работа.
Пробај прсни средство за кожа ако имаш и пребриши.Или измешај пола чашка вода пола сјај и со четка за заби прави кружни движења.
Со што, како да го извадам исушениот силикон на плочките? Мајсторот местејќи го параванот во купатилото, лом ги има направено плочките со силикон. Како е возможно воопшто да не внимаваат мајсториве?
Ако имаш вакво за чистење на плотна може да ти заврши работа. Силиконот излегува. Лошо е кога е лепило за плочки.
Доцна го гледам прашањето, ама можеби ке ти се најде за нареден пат. Слободно стави ги на тој програм, ама внимавај на боите. Најдобро е да ставиш темни со темни а светли со светли. Мастило и бело - никако. Ние дома и на рака кога переме и во машина, делиме по бои. Не се нивни плочките, затоа не внимаваат. Инаку со скалпел, многу, многу внимателно изгреби го силиконот. Ако ставиле квалитетен силикон, тогаш и со скалпел ке оди тешко.
Некое средство за ублажување на мирис на влага? Немој само да ми ги препорачувате тие "Кутиите" од Џамбо , ги имам користено и не сум задоволна.
Како се вика течноста со која премачкуваат во болница пред хирушки зафат и слично, за дезинфекција мислам ја користат, јод ли е тоа, темно кафеава течност..епа на такво ми мирисаат алиштата што ги носев во болница, ги перев во машина 3 пати, еднаш ги потопив во сода и пак си мирисаат. Има ли нешто што би го прекрило таквиот мирис или им нема спас?