Имаме вградлив фрижидер на Whirpool. Во обичниот дел, не каде што е замрзнувачот, во горниот заден дел почна многу да фаќа мраз. Знае ли некој да ми каже што може да е причината, односно што треба да направам. Ова е моделот: https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=29_114_116&product_id=213083
Е па затната е. И мене истото ми се случи. Вака, земи алкохолен оцет, и направи смеса од три дела оцет, еден дел вода, по можност дестилирана. Наполни ја пеглата каде што ја ставаш водата, и пушти ја на најјако. Кога ќе постигне температура почни да притискаш со копчето за испуштање на пареа, би требало да се одзатне. Истово мислам можеш да го направиш со средството против бигор од КАМ што е за машини за филтер кафе.
Ќе пробам со средството од Кам прво,сега ќе го пуштам мм да купи. Фала ти многу јас се плашев на сервис да не требаше да ја носам. А многу квалитетна пегла ама етњ си ја упропастив.
Девојки, каде можам да најдам топка за течен детергент за перење алишта? И како да го ставам детергентот ако не најдам топка, затоа што нормално, си истекува надоле одма кога ќе го ставам во фиоките за обичен прашак?
Девојки , жени а особено мајки со мали дечиња , ќе ве замолам за помош . Овие мој ѓаволчиња , ја исчкртаа гарнитурата со фломастери . Среќа е само мал дел , а и дека темно кафеава кожа е , не се познава многу . Само на минутка отидов до тоалет , веќе следната кога се вратив .. бељата беше направена . Дали знаете некое средство или нешто со што би можела да го извадам испишаното ? И пенкало има , но тоа е од поодамна , а и не е на видливо место , па не мора да се вади , но ако знаете нешто би сакала да споделите со мене .
А да пробаш со ацетон само внимавај да не ја обелиш гарнитурата прво пробај со памбуче на некое место каде не се гледа дали ке бледеј,јас фломастер од син ми листама само со ацетон.
Девојки/жени препорака за средство за чистење на бел медијапан? Ова од ДМ за ПВЦ што го има постирано @Annath може да заврши работа?