Една недела не си бев дома и овошјето ставено во пластичен сад пуштило мувла. Пробав да го измијам со сјај и топла вода ама си остана како жолт круг. После му ставив сода и целиот круг што беше жолт стана темно кафен и многу грд. Anybody?
Пробај со топла вода и алкохолен оцет. Остај да отстои. Но, штом пластиката потемнела тешко да се исчисти.
И јас да прашам! Печев компир во тавче,ама без хартија,фолија и ми останаа кафеави кругови.Го вриев со вим,рибав со жица,ама не сака да се исчисти. Со што друго да пробам,не сакам да го фрлам.
Јас па мислев дека од кората пуштило,пошто не ги лупев Штета,ќе треба да го фрлам,а релативно е ново.
предпоставувам за кујна /комода прашуваш? средство за стакло шприцни и избриши со мека крпа најубаво некоја микрофибер
Како правилно да исчистам филтер на машина што суши и пере? И дали има некој начин после сушење да не остануваат како едни сиви парчиња прашина на гумата во пералната?
@forumce единствено во Тинекс ги имам видено тие за под. Другите видови ги имаше во Зегин така да можеш да провериш и таму.
Help,две маички ми се измастени едната розе а другата небесно плаво и купаќите бели од шарена марама која несвесно сум ја ставила,помош како да ги исчистам?