Ај ве молам добар џогер. Го имам Ровус од топ шоп ама крпите станаа катастрофа. Имам 4 крпи исто како камења станаа
Касно ти одговарам ама ај може на сите жени ќе им се најде ЕУРО ЧИСТ за перење теписи, хигиена на дом и деловен простор и хемиско на гарнитури
Не знам за колку мала правосмукалка мислиш. За секојдневно чистење во кујна и дневна користам од рачните правомсукалки и задоволна сум. Ја нема таа јачина како стандардните, но многу врши работа. За ваква правосмукалка Спојлер: . http://www.agrotehna.com.mk/Media/i...e=219&ImageUrl=/Shop/4102/pictureSmall/w1.jpg
Имам перална самсунг али во мојот живот прв пат се соочувам со вакво нешто.Рубите не мирисаат воопшто на омекшивач.А омекшивачот го ставам на крај.Прво мислев дека е до омекшивачот сменив 100 врста на омекшивачи на крај пробав на друг начин...Ги исперав рубите во перална со прашок на соодветната операција,ги извадив и ги стаив во легенче со омекшивач да постојат потоа ги стаив пак во перална на центрифуга да ги исуши малку.Коа ги извадив мирисаа али не толку многу колку што мирисаа пред да ги ставам на центрифуга...После тоа ставам други руби и напраив како што праев од почетокот прво на соодветна операција ги исперува завршува машината па ставам омекшивач и ја пуштам на операција за омекшивачот,ги вадам ма на ништоо не мирисат бе некоја минимална арома на прашок само.Јас незнам стварно до што е.....Кај мајка ми од рубите цел двор мириса од нив а моите не брее.....Проверувам инаку горе да не случајно не е примен омекшивачот,но не прегратката си е празна.... ХЕЛППП ?????
Ќе ја исчистиш со сода сода бикарбона и оцет. Од големите пакетчиња сода јас го полнам до горе делот за прашок, во делот за омекнувач ставам оцет, и плус кога ја прима водата истурам уште оцет (еден литар), а попрскувам оцет и кај гумата околу вратичката . И ќе ја уклучиш машината на 90 степени.
Ако водата ви е гадна или многу тврда може и од тоа да е, сестра ми го има истоот проблем и батали ,воопшто не користи омекнувач пошто не и мирисаат..кај нив водата стално е гадна.
Мислам дека има бигор само инаку не се приметува на око да е гадна со друга боја да е нормална е ....Штознам јас мислам да не премногу ми ги плави алиштата и тогаш да го губат мирисот.
Здраво девојки не успеав да најдам по форумот може некој да ми каже како да исчистам корозија од стол таков железен на тераса? И најдобро средство за бигор на врата на туш кабина, мат протиѕирна пластика мислам
Ако е иноксен со кока кола и сребрена фолија. Ако е железен шмиргла и офарбај го. За бигор Пулирапид најубаво чисти.
Јас такво мат стакло чистам со мистер мускуло или ајакс спреј за бањи. Прскам и потоа со зелената страна од сунѓерчето тријам. Оставам 2-3 минути и плакнам. По потреба ја повторувам постапката. Ми се свиѓаат овие што немаат јак мирис а си ја вршат работата. Спојлер
Во сад направи раствор од вода, сода бикарбона, алкохолен оцет и лимонов сок или лимонтус.За полесна употреба растворот префрли го во шише со распрскувач (пумпица). Попрскај ја нечистата површина и со четка (може и четка за заби) отстрани ги наталожените наслаги од фугите.
Женски фарбав јајца со обични бои од кесичка и на крај видов на некои места на плотната ми капело и не се чисти скроз има бледи остатоци од бојата. Плотната е сјајна мазна површина и чудно е како не се отстранува. Дали ќе остане така или со тек на време ќе се исчисти :/ или со што да пробам да ја исчистам