Дали некој знае како можам да ја исчистам пеглата за алишта. Имам малку изгорено лигавче одоздола со памук што е и како кафена се има направено, а и од претходно 2 години ја користам скоро како кафено има фатено го стругам со сунѓерче и циф абер нема
Натопи влажно марамче во мицералната вода и истриј. Само пази да не е некоја двофазна или масна, да не направиш друга дамка
Јас последно исчистив залепена пегла со сол. Додека беше топла пеглата на хартија истурив сол и поминував со пеглата преку солта додека не излезе.
Капути и зимски палтиња на колку степени перете? На 30? На маж ми бела блуза станала сива при перење, како да и ја вратам бојата?
Варикина,фаќач на бои,го има во Тинекс и поголеми маркети. Има и сапун исто така. Вениш/виниш или како и да е има прашак за избелување, може да помогне.Јас деновиве исто упропастив многу облека оти и машината не ја владаеам,и од бели станаа сиви,и мантили и кошули,долна облека,блузи... Дел спасив со по 3-4 крпи од фаќачот за бои,цела кутија вениш ставив,во варикина ги киснев,ги исправ 30 пати на 90 степени,со сапун ги тријав тој за дамки и уште 1000 други глупости.Мантилите уште киснат,криво ми е што сите 3 ги ставив,и сега немам ни еден. Јас како млада домаќинка,упропастив многу облека оти не ја владеам пеглата,а не е парен Philips,ама најмногу ми е криво што упропастив комбинезон од матура на ногавицата(црн е долниот дел) и си го платив и поскапичко,а си го облеков само 2 пати. Ме фати нервоза,реков да одам да земам нова пегла,макар и од 500 евра.Ок,не сериозно. Прашање- дали има начин да го поправам тој дел некако? Не е голем дел,помалку од 10 цм е,и не се познава буквално цела пегла залепено туку само како линии некои сјајни,оти материјалот е црн. Има чаре?Или да пробам така да носам или да идат во канта...
Пробав да истријат на местото, но не се исчисти. Ќе пробам да го оставам натопениот памук со ацетон да отстои.
Блузава од бела ми стана розева..Како да ја исчистам што е најдобро..И дали да ја пуштам со алишта пак да ставам што треба за чистење и со алиштата у машина..?
Перење кожна јакна во машина за перење? Да ја стаам на 30 степени со минимум прашак... нема да се сјебе?
Кажете нешто ефикасно за вадење флеки Значи алиштава од децата се ми се нафлекани, ништо живо не ги вади за Вениш да не спомнувам, не помага воопшто
Пробај со оцет и сода бикарбона, остави ги да поседат малку, па на машина. Пред некој ден купив еден спреј P9 многу ми го пофалија за флеки ама уште не сум го пробала, а со оцет и сода проверено.
Може сода и оцет и на алишта во боја? Да не ми ги обеле околу флеките За бели може, а за шарени дали е сигурно